Исчезнати лица

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.642
Поени од реакции
81.649

Еве на кој му се чита како течел целиот процес на киднапирање, убиството, и склопување на коцките за фаќање на виновниците.
Според исказ на мајката, таткото постојано бил покрај нејзе додека траела истрагата, бил достапен во билокој период за полицијата и инспекторите.

Страшно еј, каков монструм е овој Александар, планира киднапирање на ќерката, делумно негова вина е што и е одземен животот, и успат седи кај мајката да ја теши тие денови. Ауффф, кој психопат...

Полицијата имала докази за Палчо уште од 30 Ноември, истата ден кога тој ја напуштил земјата
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.294
Наеднаш и на медиумите “им текна”, дека не станува збор за политичар, аналитичар, угледен бизнисмен… (сите оние редовни епитети што им ги лепат)

Се сетија и кој бил во 90’-тите, и што правел, и кај правел… па за што го гонеле… па за што не успеале да го обвинат.. итн итн

Таман стеротипен профил на македонски политичар!
Додуша сега од другата страна на “се по закон шефе”!

И после сме биле црна дупка од држава… епа добро утро! Вакви 30 години не водеа(-ат)!
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.089
Палчо не е никаков патриот, туку само препознал за каква идеологија е плодна оваа почва и како најлесно да дојде до пари, статус и влијание. Тоа што во Македонија има многу луѓе кај кои резонираат неговите зборови за дип стејт, заговори и местенки, додека малку поразумен човек ќе сфати дека се работи за трчи лажи будала која ни сама на себе не си верува, е доволно да се изведе заклучок до кое ниво е дојдено ова општество и зошто кој стигне ни го начукува кога сака и како сака.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Зборувам за моментот со експресно брзото јавување за отсуство на ученик, дека не е норма туку исклучок. Веројатно заради претходно искомуницирани можни проблеми (или закани).

И само да се разбереме, јас навивам за тоа (брзо јавување заради отсуство) да е норма.
Секако дека не е норма, правило, јавувањето е исклучок што го прави конкретната наставничка (и други, ама не сите пошто не е норма).
И повторно викаш веројатно поради претходно комуницирани проблеми, сега биле или не биле комуницирани, што се промени од вчера, кажаа дека мајката барала од класната да ја известува?

Јас наидов на фб пост од наставничка од Песталоци кој сега не можам да го најдам, кај што вика дека првиот час им бил класен час и ако добро памтам пишуваше дека класната имала обичај (не норма) да прашува за отсутни ученици.

Може мајка и имала некое претчувство/сомневање, ама кои сме ние да дефинираме што значи паника/предвремено пријавување кога се работи за малолетно лице.

Не сакав да пишувам претходно, ама скроз немаше поента на Јамајка муабетот, особено што до сега сите според него "паники" за исчезнати деца биле оправдани, и подобро 10 да бидат беспотребни отколку да биде норма да не се крева паника зашто во 90тите шетавме без телефони.

За жал нормата е поставена дека сите треба да сме достапни 24/7, ми се случува по 3 пати да ми ѕвонат, ѕвонење додека не се јави "мејли", па вртење на Вибер, месинџер...
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Mislam ova so tatkovo ne im e bas tolku cisto ko so se zbori vo javnost. Osomnicen e vrz baza na svedocenje na ovie fatenite, koj lesno mozhele da si sklopat takva prica posle muabetite vo javnost.
Тоа да, за него има само посредни докази. Овие приведениве кажуваат што им кажал Палчо. Ама како инаку би знаеле кое време кај да чекаат, дека ќе биде сама и слично. Зошто баш нејзе, од кај знаел Палчо дека може да изнудат пари таму. Очигледно имале insider information, а не гледам од каде би дошло освен од кај таткото.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Шала на страна, но се освен смртна казна не е казна. Штета што сме далеку од ред.
Жал ми е за детето, ни криво ни должно.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.929
Случај кој нема да го заборавиме додека сме живи. Излишно е што и да се каже, тука пишуваме се уште поради колективниот шок што го доживеавме како народ. Можеби и шокантниот расплет на ситуацијата.

Коментарите на форумов, дури и оние најлошите, сепак се подобри од оние повраќаници што ги читавме по други социјални мрежи, што ми дава мала надеж дека идните генерации ќе бидат барем малку попаметни, малку пописмени и поемпатични.

Немам сомнежи дека сторителите ќе добијат максимални казни, едноставно нив веќе им е пресудено од судот на јавноста и тие бел ден нема да видат повеќе.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.522
Шала на страна, но се освен смртна казна не е казна. Штета што сме далеку од ред.
Жал ми е за детето, ни криво ни должно.
Доживотен затвор во тој ќумез Идризово верувај дека е многу пострашна казна од смртната.Ако го обесиш, нема ни 5 секунди да страда, вака цел живот ќе пати и психички и физчки.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.144
Поени од реакции
16.658
Квази патриоти, нигде не реков патриоти !
Се почесто среќаваме такви матни ликови кои ќе манат некоја ракија отпоќе и влегуваат во некој хипер ќосе моуд, па го злоупотребуваат знамето на Кутлеш, па се сликаат со сабји ...
Кожа ми се ежи ко ќе ги видам
Автоматски споено мислење:

Доживотен затвор во тој ќумез Идризово верувај дека е многу пострашна казна од смртната.Ако го обесиш, нема ни 5 секунди да страда, вака цел живот ќе пати и психички и физчки.
За оние психопати Идризово е хотел со пет ѕвезди.
 
Член од
3 јули 2016
Мислења
190
Поени од реакции
590
Доживотен затвор во тој ќумез Идризово верувај дека е многу пострашна казна од смртната.Ако го обесиш, нема ни 5 секунди да страда, вака цел живот ќе пати и психички и физчки.
Kurac e toa kazna. Kazna e zatvor u Sibir da si cel den nadvor ili da sechish drva u metro sneg ili gradish pruga. Ili kursum u tilot ko vo Belarusija.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.813
Што ме фрустрира и фасцинира во исто време е именно од каде им храброста, и од каде им дрскоста да убијат девојче во зората на животот, па се обидувам да најдам некоја рационализација.
И со таквата „рационализација“ ти дојде до национални симболи и родољубие како причина за киднапирање и убивање деца?
Најпосле тоа не е никаква храброст да убиеш дете. Тоа е беден кукавичлук.




Тоа што знам е како во минатото нашите организации биле приморани да ги финансираат своите операции, и како психопати во модерни време можат да го искористат тоа како романтизирано оправдување за да извршат монструмски дејствија. Слично како радикални исламисти би користиле извртоперени толкувања на исламот да извршат монструмски дејствија во наше време.
Зарем ти жртвувањата на гемиџиите ќе ги споредуваш со гнидиве и нивниот беден криминал за личен профит... Сериозно? Тоа ти е тезата??




Предлабоко навлезе во погрешна насока, погрешно си ме сватил и во никој случај не сакав да маркирам секој македонец кој се гордее со своите историски симболи како потенцијален радикал, далелу од тоа.
„Радикал“?
Сигурно мислиш на криминалец и психопат, пошто тоа им се примарните карактеристики на оние. Тие не се родољуби туку профитери и криминалци.

Што се однесува за насоката во која јас сум дискутирал - па тоа е насока во која ти водиш а јас те предупредив, нели? Историските симболи и родљубието не можеш и не треба да ги поврзуваш со криминал. Посебно не штом не сакаш да добиваш критики за тоа. Пошто тезата ти е или глупа, или политичкопрофитерски глупа. Ти одлучи кое од двете.
 
Член од
4 јуни 2016
Мислења
438
Поени од реакции
365
За овие не треба смртна казна, треба долго и редовно мачење. Дај му цел ден нека крши камен со токмак, вода му е доволно за цел ден. Навечер дај му да се најаде убаво за да има колку толку сила. Пред спиење прати му 3-4 батки нека се изживуваат со него секоја вечер, има такви што во дупка у зид би го ставале. Нека јаде секоја вечер ќотек и газот ренде да му го прават. Дај му 3-4 саати нека спие, и утре од почеток се. Нека биде под 24 саати надзор за да не се самоубие. Е така треба со ваквите.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.144
Поени од реакции
16.658
И ова со од паника ја отепале не ми има логика.
Не им беше паника да киднапираат дете на сред бел ден и тоа со кола која ја бара МВР ? Ништо не е логично во случајот, еден куп контрадикторни работи.
По два сати да ја отепаат од паника нема апсолутно никаква ама никаква логика.
Пак ќе речам ми мириса на убиство од небрежност, невнимание.
Дали се задушила во вреќата, дали пробале да ја заќутат и ја убиле несакајќи, дали пробала да избега па тука настанала целата фрка не знам.
Никој не убива чоек по два сати ако му е целта да изнудат пари.
 
Член од
15 април 2019
Мислења
7
Поени од реакции
56
Само една работа ми останува неразјаснета, што му се вртило на Палчо у главата за да направи вакво дело, човек кој е длабоко навлезен во политиката, за кој се знае дека во себе има еден куп преслушкувани материјали познати како бомби, кој редовно е по медиуми, кој прв пат успеа по третиот обид да формира партија сериозно да пробива во политиката, па да го споменуваат како потенцијална партија која би влегла во Собрание (во некој подкасти), да ти требат неколку месеци за можеби да успееш у твоите цели и на крај се тоа да го срушиш на ваков монструмски начин, ликов колку и да не го варев политички со неговите политики, беше на добар пат да стане влијателн за година-две со вакво подигање.

Сега некој работи се појасни, неделата за прв пат откажа подкаст, го откажал и годишниот конгрес на партијата, потоа сам држеше подкаст во вторникот лабаво говорејќи си за политика и после тоа го снемува, подкастите му беа беа по гледаност со доста сериозна бројка за македонски услови, имаше голем број што финансираа преку јутуб, имаше доста активни луѓе во дијаспората, пред се онаа преку океанот и од двете страни кои го финансираа, собра за црквата 50 илјади потврдени а според негови луѓе и 150 илјади потписи, да допреш до ваква маса на луѓе не е заебанција, тоа е голем базен на луѓе кои се согласувале со негови политики, што е загрижувачки.

Многу повеќе работи треба да се разјаснуваат сега, се отвара пандорина кутија, ликот сигурно има доста путер на глава, не џабе беше држан 9 месеци во притвор каде му се губеше секоја трага, па да се врати со партија , подкасти, многу е важно да се обелодини и со кој соработувал од служби, многу повеќе гомна треба да испливат на површина.

Како за крај многу храброст и лудост овде народот, девојчето е само едно од десетиците на пат да станат и стотици луѓе кои изгубија живот поради нашево куроболие и пасивност како народ, се виде како притисок сериозен донесе брзи резултати, ако немаше ваков притисок нашава полиција можеше да го врегла случајот со месеци, помалку тапкање по тастатури, а повеќе притисок кон системот и политичариве да имат вроден страв од народот и работиве да се завршуваат како што го открија овој случај во за нив рекордно време.

п.с. Заборавив да споменам дека беше под мерки за претпазливост и за него се водеше досие за неговите политички активности, како службите не успеале да го докопат порано пред да го направи ова, со оглед дека се сподели по медиумите дека токму тоа пратење помогнало многу во истрагата.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.091
Поени од реакции
2.145
Доживотен затвор во тој ќумез Идризово верувај дека е многу пострашна казна од смртната.Ако го обесиш, нема ни 5 секунди да страда, вака цел живот ќе пати и психички и физчки.
Каков затвор, место каде што ќе имаат исти права со човек што украл 10 ќебапи или пушел џоинт на журка, само смртна за овие како нив, тешки злосторници.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom