- Прво, зошто е убиен пензионерот од Велес?
Пензионерот од Велес е исчезнат и убиен 3 дена пред Вања. Не се поврзани овие случаеви. Стариот му дужел пари на тој дебелиот велешанец 500 евра, најверојатно имал и некој сукоб со Палчо според информациите за потрага за злато и некои политички несогласувања, најверојатно дошло до караница или нешто слично при што го убива берберот, го закопуваат и ја зимаат колата. (мислам дека судска медицина сеуште нема кажано како е убиен старецот) Е сеа од Велес до Скопје за пола саат се стига, за пола саат никој не ни приметил дека го нема стариот дома, кој иначе живее сам. Покасно било пријавено исчезнувањето и дека колата ја нема. Колата не била активна до понеделникот сабајле кога ја нашле опожарена. Така и им влегле у трага, ги нашле на снимки како ја возат, како ставаат гориво и слично.
- Зошто за киднапирање на девојчето е користена колата на пензионерот кој претходно е пријавен за исчезнат и секако дека полицијата го барала него и неговото возило? Зошто монструмите би ризикувале уште пред да го киднапираат девојчето да бидат фатени со колата на пензионерот кој го убиле? По било кој пат да тргнеш од Велес за Скопје огромна е веројатноста возилото да биде забележано од некој кој го познава возилото а знае дека пензионерот е исчезнат.
Најверојатно за да ги поврзат случаите. Ко што кажав, ја украле у петок и повторно ја искористиле у понеделникот. Ова со Вања го планирале некој период уназад, можда им се поклопиле коцките да имаат туѓа кола, којзнае ова сеа ќе треба да се расчисти. Пак ќе речам, за пола саат се стига до Скопје, никој за тоа време не ни бил свесен дека берберот е исчезнат.
А и на сите вакви прашања може да се одговори и со глупоќата на исвршителите. Ете едноставно биле глупи за да ја возат истата кола и да ја донесат до Скопје.
- Дали мајката претходно не знаела нешто поради што половина час по киднапирањето веднаш се јавила кај наставничката или пак дали наставничката претходно нешто не била информирана од мајката па истата се јавила веднаш да и каже дека девојчето не е на училиште?
МВР вика дека се работи за некој стан. Мајката продала стан кој и останал во наследство од татко и (кој сепак е починат), Александар сакал пари и најверојатно неколку пати претходно се заканувал на разни начини за да добие кеш. Мајката била до негде свесна што може да напраи лудакот и била претпазлива мада верувам ни самата не очекувала дека таткото на ќерка и е способен за вакво сценарио. Затоа и на наставничката и било кажано да го пријавува секое отстуство на Вања у моментот кога ќе примети дека ја нема. Можеби Александар и претходно така ги зимал децата, да речам насилно, односно без договор со мајката. И ова ќе треба да се расветли, полека, сеа ќе го чешлаат таткото уздуж попреку, ќе се дознаат многу тајни.
Мајка и кренала паника после саат време откако ги свртела сите телефони каде би можела да ја добие ќерка и, затоа и одма у полиција кажала дека се сомнева на киднапирање.
- Како тоа ради паника го убиле девојчето? Нели е по логично ради паника да го пуштиш некаде детето, а потоа да бегаш, да се криеш и да се надеваш дека нема да те откријат, а и ако те откријат да одговараш за киднапирање, изнуда...? Или ако веке таткото учествувал во сета работа, нели е по логично да му го предале детето на него па тој да превземе одговорност и да се правда и да ја наведува полицијата на погрешни траги?
Ќе се навратам на реченицата од погоре а тоа е глупоќа на извршителите. Не може логика да им бараме. Самата логика на нештата не дозволува ти у 2023та година да одлучиш да киднапираш човек и потоа да бараш некој пари да ти плати за да го ослободиш. Па ова не функционира нигде у светов веќе. Еве како мислеле да го изведат сето тоа. Багра неспособни глупаци однесоа под земја 14 годишно дете.
Ете така испаничиле, саат време откако ја земале Вања, најверојатно таткото им кажал дека веќе полицијата е известена при што овие неинтелигентни амеби не знаат шо да праат, можда се испокарале меѓу себе, можда некој почнал да паничи, овој Палчо е лудак што дете свое тепал со боксови а веќе претходно убил друг човек, му светнала сијаличката и бам бам. Закопајте ја и тоа е тоа.
- Како тоа таткото во 11 часот пријавува дека девојчето е исчезнато а мајката веќе истото го пријавила во 7.30? Од каде таткото дознал дека девојчето е исчезнато па тоа да го пријави ако не од мајката која веќе го пријавила исчезнувањето? Ако дознал од мајката или од медиумите тогаш веке знаел дека настанот е пријавен.
Па така бе сеа не е ова филм па у секунди да го броиме времето. 7 ипол негде сабајле ја киднапираат, доека да дознаат дека ја нема у школо, доека се свртат некои броеви, па и овој демек барал кајшто може и на крај одлучил и он да пријави у полиција, поминале 2-3 саати со тоа што мајката не пријавува у полиција у 7 ипол него накај 8 и нешто, 9. Ете го 11 саат.
Имам во предвид и дека мвр и ојо во овој момент има работи кои во интерес на истрагата не ги кажуваат, сигурно има и многу работи за кои чекаат обдукција, балистика и други вештачења, сигурно има многу работи кои уште треба да се истражуваат.
МВР моментално известува од исказите на овие што признале, истрагата е у тек, допрва ќе се расчистува случајот, сеа за сеа е најбитно што стоката е притворена, останува уште тоа говедо да се донесе у Шутка, па ваљда и тој генетски изрод ќе има своја верзија на приказната.