Исчезнати лица

Член од
12 мај 2014
Мислења
1.221
Поени од реакции
2.962
По некоја логика Палчо му кажал на каратистот дека таткото му дал унформација, па ова го кажал каратистот на полицијата и според ова после одат кај Манев со слика од таткото и го тераат да каже за него.
Ама па од друга страна наративот е дека требало друго лице да киднапираат, па паѓа во вода тоа дека Палчо кажал дека од таткото е информацијата за девојчето.
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.915
Поени од реакции
10.110
Знам дека нема простор за теории на заговор, меѓутоа што ако со таткото договарале да се киднапира друго лице? Многу работи се чудни, нема смисла да се држи толку време во притвор ако не е виновен. А тоа дека копуците заслужуваат да скапат во затвор, заслужуваат.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.780
Поени од реакции
23.036
Истите муабети ги тераме цела година. Кога немаме судство да ги испраша сите во 3 дена и да го затвори случајот. Едниот давал изјава во понеделник, другиот во следниот понеделник, па куварот требало да дава изјава ама психото се карал со судијата саат време па ја прекинале... а бе дај им на сите да ја кажат нивната верзија од настанот во 2-3 дена, лупни им 20 доживотни и затворај случај, доста со одолговлекувања до бесвест.
Да , по изјавите што протекоа последниов период работава стана една голема сапуница. Многу им се допушта на идиотите дефинитивно, ќотек и не бил нешто продуктивен. Многу се контрадикторни во изјавите и вака ако продолжи до 2100 и назад ќе трае ова.
Не е чудо после зошто судството има доверба од 5%...
Иначе, ова е едно од побрзите судења. Судењето започна есента 2024, ако не се лажам октомври некаде беше.
Се чекаше Палевски да го екстрадираат од Турција, по што започна судењето за сите топтан.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.442
Поени од реакции
7.175
По некоја логика Палчо му кажал на каратистот дека таткото му дал унформација, па ова го кажал каратистот на полицијата и според ова после одат кај Манев со слика од таткото и го тераат да каже за него.
Ама па од друга страна наративот е дека требало друго лице да киднапираат, па паѓа во вода тоа дека Палчо кажал дека од таткото е информацијата за девојчето.
Па не. И на Манев и на каратистов изјавата за таткото е под присила. И двајвата на суд го кажаа тоа. Манев исто така кажа дека во полиција на испрашување му рекле дека Кешишев им кажал за таткото. Така да ќе видиме тој што ќе каже. За сега, од тројца од четворицата обвинети имаме сведочење дека таткото нема никава врска (Манев и каратистов на суд, Палчо јавно) и што е најбитно, обвинителство не извади ни еден единствен доказ за било каква поврзаност на таткото. Што е најтрагично, таткото едвај и да се спомна у целиов процес. Ќе видиме како он ќе сведочи и на какви прашања ќе одговара.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.605
Поени од реакции
27.461
Истите муабети ги тераме цела година. Кога немаме судство да ги испраша сите во 3 дена и да го затвори случајот. Едниот давал изјава во понеделник, другиот во следниот понеделник, па куварот требало да дава изјава ама психото се карал со судијата саат време па ја прекинале... а бе дај им на сите да ја кажат нивната верзија од настанот во 2-3 дена, лупни им 20 доживотни и затворај случај, доста со одолговлекувања до бесвест.
Многу е важно да се покаже поголемиот плот, што и како планирале, кој друг бил вмешан во ова...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.802
Поени од реакции
60.722
Многу е важно да се покаже поголемиот плот, што и како планирале, кој друг бил вмешан во ова...
Да, ама не игра улога тоа дали обвинетите ќе сведочат еднаш неделно или ден за ден. Вакви случаи кои се чувствителни и влијаат врз целата нација, треба да ги привршуваат побрзо.
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.870
Поени од реакции
6.074
Не оди така тоа, не е плукни залепи, баш дека се почувствителни и покомплексни случаи треба време да се испитаат сите околности и факти, затоа и ЗКП дава можност истражната постапка за вакви случаи да се продолжи за уште шест месеци кога не е можно да се заврши во законски рок од пола година. После и на главната расправа треба подолго време заради комплексноста на случајот и бројот на докази во доказната постапка сите мора строго формално правно да се изведат (тие кои се прифатени од судот) и тоа на обвинителството, па на одбраната, па пак обвинителството има право на изведување на докази за да се побијат тие на одбраната (реплика) и одбраната потоа има право да изведе докази со кои ќе се побива побивањето на обвинителството (дуплика), директно и вкрстено испитување на сведоците да не спомнувам, испитување на обвинетите, па можно е во текот на главната расправа обвинителството може да го измени обвинението ако од доказите произлегува дека се променила фактичката состојба, па поради тоа да се одложи главната расправа за да се подготви одбраната на изменетото обвинение, може и да се прошири обвинението ако во текот на главната расправа се открие ново кривично дело порано сторено од она за кое се обвинуваат обвинетите (ништо чудно со гремлините и ова да се случи) и пак има можност судот да ја одложи главната расправа за да се подготви одбраната. Па пред завршните зборови има можност за дополнување на доказната постапка од страна на странките ако се јават нови околности за време на судењето па и тие мора да се испитаат и да се изведат докази за нив (пример кај одбраната на таткото да се излези нов сведок кој сведочи дека не е крив итн.). Па колку пратам им две обвинителки и двете имаат право да дадат завршен збор покрај оној на одбраната. Па изрекување пресуда и тука не е крајот на случајот, сигурно ќе изјават жалба од одбраната , а рокот е 15 дена и имаат можносѕ да одолговлекуваат иако ќе изгледа чудно тоа бидејќи се во затвор обвинетите и на нивна штета е одолговлекувањето, ама ваков случај сме немале досега во судската практика па и тоа е можно. Можно е и обвинителството да изјави жалба ако не е задоволно од казната. И токму поради жалбите важно е да не се брза со судењето, бидејќи една грешка во постапката т.е. суштествена повреда на постапката (пример непрописен состав на судот, пречекорено обвинение итн) ќе доведе до укинување на првостепената пресуда и враќање на предметот на повторно судење со целосно изменет состав, можно е и преиначување на пресудата заради погрешно утврдена фактичка состојба за некоја околност и поради тоа некој ќе добие помала казна со преиначувањето (ова малку веројатно ама постои како можност). Па да не почнуваме за постапката по жалба на апелација, поднесување, па рок од 8 дена за одговор на жалбата од спротивната страна, па определување на судија известител кој ќе мора списите од предметот да ги достави до обвинителите на разгледување кои во рок од 15 дена, а во посложени случаи како овој во рок од 30 дена ги враќаат на судот, па јавниот обвинител доставува предлог на седницата на советот на апелациониот суд, па одржување на седница на советот на кој судијата известител мора да го изложи предметот, па одбраната ја образложува жалбата, а јавниот обвинител (обвинители во случајов) да даде одговор на жалбата, па одлучување на советот. Можно е да се одржи и главна расправа и на второстепен суд ако во прв степен судот бил непрописно составен, ако е погрешно утврдена фактичката состојба, па се изведуваат пак докази кои не биле познати во првостепената постапка, пред тоа пак судијата известител дава извештај за предметот, па се чита пресудата, па подносителот на жалбата да ја образложи, спротивната страна (тука најверојатно обвинителството) да одговори на жалбата, па право на последен збор на двете страни, па второстепениот суд да донесе пресуда. И не смее притоа пресудата да се измени на штета на обвинетите ако е изјавена жалба само во нивна корист. Па постои право на жалба и против решение на судија на претходна постапка (решение за притвор) или против решенијата на првостепениот суд, па и тука ако сакаат да одолговлекуваат ќе го искористат ова право за кое мора второстепениот суд да одлучи. И тука не е крај, има вонреден правнен лек на трет степен -Врховен суд, може да бараат повторување на постапката и тоа за банални работи - ако пресудата на пример е донесена врз основа на лажна исправа, а ако се има предвид неспособноста на нашите органи и тоа е можно (видовме какви се лиценците за дискотеката во Кочани), па и по правосилноста на пресудата да се повтори пак постапката одново. Има и други основи за овај правен лек ама да не тупиме. Можно е да се преиначи правосилната пресуда без да се повтори кривичната постапка пример ако не се применат одредбите за одмерување на единствена казна за дела во стек, а тука колку пратам се товарат за грабнување и за убиство од користољубие па ќе мора да се изречи единствена казна, а ако судот брза како што сакате вие и поради недокаваканост и притисок ништо не чуди и да го направат овој превид (нашето судство е познато и за далеку поголеми глупости, пред неколку години пратеник беше осуден за навреда изнесена на говорница во Собрание, а пратениците имаат имунитет за тоа што ќе го изнесат на собраниска говорница што значи пресудата е фалична и незаконска сама по себе и со тоа неизвршлива, неспроведлива). Понатаму јавниот обвинител може да поднесе барање за заштита на законитоста до Врховниот суд ако е повреден Уставот, закон или меѓународен договор, најмалку веројатно според мене и сета правна логика ама го има како опција во ЗКП, па и тука има постапка со судија известител, одлучување на седница на Врховен итн. Па има и уште еден вонреден правен лек барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда кое може да се поднесе ако обвинетите се осудрни на безусловна казна затвор од најмалку една година (по секоја логика и правна и лаичка овие треба да се на доживотен затвор) и тоа еден од основите за овој правен лек (исклучително значаен за цел систем на кривичната постапка) е повреда на правото на одбрана ако таа влијаела врз законитото и правилното донесување на пресудата или врз правото на обвинетиот на правично судење. И ова е малку веројатно, ама гледаме шо се случува со бранителите, некои со сила ги бранат ради реда формално бидејќи одбраната е облигаторна за ваков случај, други повлекуваат пплномошно и така хаос се создава. Па акп дојди до овој вонреден правен лек пак има постапка, првостепениот суд да одлучи по истиот.

Затоа не се жалете дека долго трај процесот, со оглед на околностите - жртва е дете, покрај него има и уште една жртва, обвинет е таткото, има повеќе обвинети, многу докази, голем притисок од јавноста, наводи за малтретирање за изнудување признание од страна на полицијата меѓу кои и за вмешаност на таткото, а нема баш некои докази кои го товарат, избеган првоосомничен со комплицирана постапка за екстрадиција на почетокот, спојување на постапката кога беше вратен итн. итн. значи со оглед на се ова судењето оди доста експедитивно, а не смее ниедна најмала грешка да се направи бидејќи дава можност за понатамошно одолговлекување во постачките по жалба, можности за намалување на казните на некои и тоа од неаздисаност во постапувањето. Ова е случај многу тежок, комплициран, и правно и од еден човечки хуман аспект (следи уште потежок за Кочани, ако овој е комплициран тогаш за вториов нема збор да се опише, тука две жртви од кои едно дете, кај вториот 59 од кои 20тина деца другите млади лица и стотици повредени во овој колку се обвинети 4 5 да му ебам стопанката, во вториот 34 и уште ќе има извесно, ако овде има премногу докази, за Кочани шо да се кажи, ако има спојување на постапката како прво кој суд ќе ги собери сите обвинети, нивните бранители, обвинителите кои засега се 10тина, па да се најдат судии кои нема да имаат пристрасност во предметот, како ќе суди некој чие дете изгоре во пожарот, не смее да има никаков сомнеж кој ќе ја доведе непристрасноста на судиите, а тука тоа е тешко, невозможно, нема теорија за тоа да нема непристрасност дури и да бидат делегирани судии од друг суд надвор од Кочани, па кај се сведоците, вештаците, родителите, семејствата, блиските на починатите и повредените и јавноста, па после доаѓа прашањето како ќе се одвива главната расправа на толку присутни со толку гневни лица во судниците, па кај е и колку ќе треба полиција за да се спречи линчување, да се одржи редот во судницата, невидено нешто ќе биди, па испрашување на сведоците, обвинетите, жалби, пресуди, хаос ќе биди иако дел ќе бидат под кривичен суд Скопје за организиран криминал, пак останатите се премногу, е сега ако немате трпение за овој случај тогаш не знам, а треба сето ова погоре да се спроведи без грешка за да нема после проблеми..) да се навратам доста тежок случај и затоа бара максимално внимателно постпаување и од обвинителството и од судот да не се направи некој пропуст кој може да доведе до големи последици во спроведувањето на правдата и да се оствари поширокиот јавен интерес за отстранување од заедницата на вакви ликови како палчо и компанија. Затоа стрпете се, во случајов се работи како треба и покрај катастрофалната состојба во правосудниот систем.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.802
Поени од реакции
60.722
@FORZA ACM не беше збор за должината на целиот процес, туку за оваа фаза во која обвинетите сведочат. Тука се прашувам дали има потреба да се чека од недела во недела, и зошто не ги испрашаат ден за ден, со оглед на тоа дека се изнесуваат чувствителни информации можеби треба да се побрза. Во секој случај, фала на исцрпното објаснување, веројатно работиш во судство и си запознаен со процедурите.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.539
Поени од реакции
1.017
@FORZA ACM не беше збор за должината на целиот процес, туку за оваа фаза во која обвинетите сведочат. Тука се прашувам дали има потреба да се чека од недела во недела, и зошто не ги испрашаат ден за ден, со оглед на тоа дека се изнесуваат чувствителни информации можеби треба да се побрза. Во секој случај, фала на исцрпното објаснување, веројатно работиш во судство и си запознаен со процедурите.
класично англосаксонско право долговлекување,да беа во кина 2 центи немаше да потрошат ни за хартија ,ќе ги решеја во брза постапката :)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.605
Поени од реакции
27.461
Да, ама не игра улога тоа дали обвинетите ќе сведочат еднаш неделно или ден за ден. Вакви случаи кои се чувствителни и влијаат врз целата нација, треба да ги привршуваат побрзо.
Прилично брзо оди процесот, вакви судења траат и многу повеќе и пак не стигаат до никаде. Ама без разлика, брз или спор, правецот во којшто се движи овој судски процес, не ми се верува дека се оди во насока да се најде поголем плот. Некако како и да не сакаат се движат во таа насока, како да е премногу. Иако во сведочењата станува збор за планирање на повеќе грабнувања, планови каде би се држеле заложниците и така натаму. Според изјавите има најмалку уште едно лице умешано и претпоставувам дека веќе се врши истрага околу поголемиот плот, надвор од постоечкиот судски процес .... барем се надевам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom