Ете ја умоболната рамноземјашка логика.
Имаш зграда која е буквално на еден од директно инволвираните, има снимки од нив, дадени локации каде се убиени и закопани двајцата(нарачател да не имало и за берберот у Велес, и тој некому да не сметал?), иако имаш бегство на главниот осомничен веднаш откако девојчето е убиено а пред полицијата да го бара, иако имаш 100 лаги на истиот кој тврдел дека оди да се лечи иако нема НИКАКОВ доказ дека се лечел таму, никаква потврда црно на бело од иституцијата што под дифолт мора да постои ако веќе се лечел таму, или ако закажал операција, иако имаш изјави на 3ца од четворицата инволвирани што целосно се поклопуваат, ти, рамноземјашот, што секогаш сака да прави драма од било што, сеуште не веруваш дека токму они се сторителите, имало некој друг, се играла некоја банкстерска игра.
Патите од бесконечна забеганост вие, тоа по нe знам кој пат се потврдува, дека сте забеган Култ, све вие нешто сте најпаметните и верувате дека има нешто друго, што ние обичните смртници не сме во можност да го видиме.
Да не ја заборавиме и оваа твоја болна бравура тука на темава.
Со месеци го наметнуваш овој умоболен став без око да ти трепне, без никаков срам, штета што само на ваков начин се потврдува дека човек што верува у такви забеганости ко Палчо што веруваше, е едноставно ментално забегана особа, му фали нешто у главата, за жал он мутирал во психопат и убиец, се надевам и ти и таквите ко тебе ќе си останете на првичниот стадиум на забеганост, не толку опасен за околината.
Абе каков нарачател, за берберот од Велес и мало девојче од Скопје ли ќе има некаков нарачател? Која е поентата на тоа? Зашто упорно се форсира овој муабет и зашто упорно се заборава дека пред да биде убиено малото девојче, убиен е друг човек, бербер од Велес, постара личност. Сфаќам дека на емотивна база повеќе влече накај малечкото девојче ама уште една особа го јадеше од овие психопати, и таа ли била дел од нарачката, им јавил некој, им рекол има еден од Велес, бербер е, лоши фејдови прави, не ни знае што е тоа, кини го.
На која основа ете би имало овој случај некаков си нарачател? И како берберот влага во цела таа приказна со нарачката?
Види им ја прво забеганата партија, види им членови во истата, види им верувања, види го Палчо со подкастите и сликите со авиончињата над Скопје кај што не трујат, тоа све е отидено на ментален план, еден арен нема во главата, реално треба да поседуваш примеси на психопат за да си дел од таква група на луѓе а тек па истата да ја предводиш ко Палчо, не може човек да е нормален а да е дел од таква група, невозможно е тоа.
И сеа вие барате логика тука, размислувате од аспект на нормална особа и се обидувате нив да ги разберете, не е тоа возможно, тоа што вас ви нема апсолутно никаква логика и немате никакво разбирање за истото, во нивната глава е обратно, затоа и скинале мало девојче, зашто се ебани психопати, и тоа нормален човек нема теорија да го разбере.
Имате 200 примери во светов, имате буквално видеа на јутуб од еден канал што става за рандом убиства во америка и како после ги испитуваат од полиција инволвираните, од сам старт кога се повикани во станица до моментот на признавање и фаќање дека се они, само да видите како се понашаат такви психипати, дали група на луѓе или еден осомничен. Не е ни документарка ова него груб материјал од видеата у собата каде што се испитувани и безброј случаји има, без едит без ништо 2 саати видео (секој случај посебно си е по 2 саати) од повеќе испитувања со осомничените, така како што си е, и поентата на сите видеа се методите што ги користи полицијата за да ги разоткрие и да почнат да пеат и со тоа да дојдат до признание, како и понашањето на убијците, од денот број 1, па како се менуваат до денот кога признаваат.
Така е и тука, прво со 1 тон самодоверба се излага дека не си ти, ама подоцна миљарда контрадикции излагаат на површина и полека се одмотува клопчето а и они го менуваат наративот. Ко што е случај со Палчо и неговото наводно лечење а уствари бегал како психипатска пичкетина, а тука се гледа и каков тежок манипулатор бил чим изнудил некој од Струмица да го носи прво до Белград, па место до аеродром у Белград, на крај тек до Турција, тоа се илјадници километри вожња и со денови тој човек да не е дома со својата фамилија а имал деца мали како што разбрав. Едноставно владеел со манипулирањето на тие луѓе и тука се гледа колку му биле подредени, типично за лидер на Култ.
Најдена им е веќе и најслабата карика, умрениот Кешишев, една класична неинтелигентна бараба, и мислите овој со веќе познати методи тука кај нас од полицијата, нема да испиее све? Ќе го крие нарачателот, што е ова? Коза Ностра ли, ќе се води он по принципот на Omerta? Ќе ќути и нема да го каже нарачателот, во тоа ли некој верува тука? Keшишев простакот, верен до смрт на кодот за молк.
Дајте малце посериозно, баталете ги рамноземјашиве, они бараат теорија на заговор во све, почнувајки од гомното сабјале што го посрале, го гледаат и посматраат 1 саат, и гледаат некако да го поврзат со Бил Гејтс.