Исчезнати лица

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.979
Поени од реакции
12.531
Не верувам дека има барем еден ваков случај во мк, ама ако сакаш да си ја поставиш догмата, нека ти биде. А и како што викаш 15 минути е по бон тон да се почека ако некој касни, 7:30 е рано сабајле нормално е некој да се успие, не се реагира панично (ако немаш инструкции дека нешто не е во ред). И башка имам внука во Песталоци на слична возраст така да тоа „да се помириш со фактот дека постојат школи кои функционираат на овој принцип“, ти е беден ад хоминем обид и не ти држи вода.
Не постои нешто како бон тон каснење, каснење не е бон тон.
Ако часот почнува во 7:30, тогаш нема рано беше, се успав. Утре тоа дете ќе оди на работа, и таму ли ќе се успива? И да се успиела, ваљда мајката ќе ја известела класната дека ќе касни. Ваљда тоа подразбира мајката кога вика дека биле во постојана комуникација со класната.


Прво и основно, како родител, нема никад да претпоставам дека нешто му се случило на детето во првиот саат (ако немам некакви претходни индикации, закани и сл). Не верувам дека и да помислам да се јавам на полиција, ќе го изодам патот по којшто требало да оди, патем ќе звонам на еден куп луѓе, другари и све и свашта и на крај ќе се јавам у полиција, можда после 2 саати, пошто е женско у прашање можда и нешто порано. Ама еве и да се јавам у полиција, сум работел во полиција и знам дека прво што ќе кажат почекајте и само ќе ги проверат ноќните извештаи на колегите кои биле ноќна смена или дојави на случки што се десиле во регионот. Тоа е така пошто во Македонија има релативно мал број на исчезнати лица, и реално речиси и да не се има случено случај на исчезнат тинејџер да заврши кобно. Ако било самоубиство скоро одма се дознавало, а колку што ми текнува единствен случај на смрт во последно време беше девојчето од Лешани, Дебарца (зборам за тинејџери), и тоа беше замрзнато. Генерално во најголем случај на пријавени исчезнувања на тинејџер во Македонија (над 80%), се работи за намерно бегање од дома, илегални бракови и слично.

Но ако имало претходна дојава за некаква си закана, тогаш е друг муабет, полицијата делува инстантно. Они до 13 дента веќе ги извршиле сите интервјуа со можни сведоци и со usual suspects и границите веќе биле алармирани. Тоа не е редовна постапка на полицијата. Незнам дали си свесна како оди една истрага, но ако немаш никакви дојави, ако почнеш да истражуваш ваков случај ти е игла и сено, и да најдеш нешто во првиот саат што ќе те наведе да ги затвориш границите е речиси невозможно. Значи истрагата не е почната од нулта точка туку од негде.

И на крај, не пишувам тука како треба да биде у школо кој да се јавува и слично и за колку време треба да се јави некој у полиција. Јас само пишувам дека според тоа што се случило, многу веројатно е мајката да имала некакви индикации (закани или слично) и затоа динамиката на настанот е таква каква што е. Многу е малку веројатно да има толку многу среќа случајов во сите сегменти и наставничката да се јави за 7 минути и на полицијата за 58 минути и полицијата да ги затвори границите за 6-7 саати. Поентата ми е дека за џабе родителите на децата креваат хистерија и ги носат децата у школо, тешко веројатно е дека ова е некоја организирана банда која краде деца, туку е најверојатно некој индивидуален случај.

И на крајот на краиштата, ова е идеален случај на алармирање и на родител и на полиција и за активност на полицијата. И сепак пак 5 дена од девојчето ни трага ни глас.
Ама не знам како да ти објаснам дека без разлика која е причината за исчезнувањето, дали киднапирање, дали самоволно бегање од дома, фактот дека родителот не може да стапи во контакт со малолетното дете ( за чија добробит и општа состојба да не заборавиме, одговара пред закон ) извесен период, е доволна причина да се контактира полиција.
Пракса во сите земји е при исчезнување на дете веднаш да се крене алармот на највисоко ниво, како што и многу пати пишаа низ темава, веројатноста за позитивен исход е најголема во првите 3 часа ОД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО, не од пријавувањето во полиција. Не сфаќам како некој на темава сеуште мисли дека соодветен одговор на полицијата при ваков случај би било - ништо.
Фактот што во МК има ниска стапка на исчезнување/киднапирање не мора да значи дека мвр или кој било од службите треба да спие на тоа уво дека не е тоа. Не мора да чекаме да се деси првото киднапирање на дете во МК за да воведеме некои практики на реагирање, па тогаш да се чудиме и туфкаме како поинаку можеше да се реагира. Итните служби треба секогаш да се спремни за најлошото сценарио, се друго е плус.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.805
Поени од реакции
26.367
Како шо имаат врска, па соседи сме. Блиску е.

@Dopamine можеби се случајности но еден двајца, 5 души јас лично не верувам да се случајности. Девојките се малолетни сите 4.
еве ти види колку нерешени случаи има за тинејџери во МК.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.805
Поени од реакции
26.367
Ете, јас посочив 3 примери погоре на наставници кои буквално исто реагираат. Еве, одам дома, ќе се обидам тоа да го поткрепам и со факти. Ама неееее, тие се ненормални, нормално е како во училиштето на твоето дете.

Ама ете, пошто многу сум сакал да бидам во право, ќе ти речам: ок јамајка, ти си во право. И ќе се повлечам од дискусијата со тебе зашто очигледно никаде не води. Вергламе во место 30 страници тука.
Алооо дечко, не реков дека се ненормални што туку трапатараш. Реков дека не е нормално, секојдневно однесување. Кажуваш примери за сопругата што е учителка до 5тто одделение. И да, сакаш да си во право, затоа се повлекуваш.
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.417
Поени од реакции
2.400

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.805
Поени од реакции
26.367
Пракса во сите земји е при исчезнување на дете веднаш да се крене алармот на највисоко ниво, како што и многу пати пишаа низ темава, веројатноста за позитивен исход е најголема во првите 3 часа ОД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО, не од пријавувањето во полиција. Не сфаќам како некој на темава сеуште мисли дека соодветен одговор на полицијата при ваков случај би било - ништо.
Дали знаеш колку пријавувања има на ден за исчезнување на тинејџери? И ете, не затвараат граница за тоа, пошто како што кажав во над 99% од случаевите се враќаат сами. Таман работа да се крева готовноста за секоја пријава на исчезнат тинејџер. Ти тоа не можеш да го разбереш. Ако нема никакви индикации, 24 часа се пратат извештаи и се информираат тие што одат во патрола за исчезнато лице и им се дава слика. Официјално лицето е исчезнато после 24 часа.

Ако има индикации, тогаш е друг муабет.
 
Последно уредено:

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.562
Поени од реакции
20.810
@jamajka упорно тврдиш дека е индивидуален случај а во меѓувреме уште многу луѓе "исчезнаа" ти спомнав погоре, фризерот човек, средовечен, другата муслиманка девојка од Скопје уште две девојки во Грција се " исчезнати" тоа се 5 души,и се ова за неполна недела временски период? Сите тие лица побегнале кај дечко им? Според тебе? Девојките побегнале со дечковци? А стариот кај побегнал он кај баба некоја се скрил или шо? Мислам муабетиве се ко првооделенец да ги пишувал.
Кога човек дали е тинејџер или постара особа, одлучи да замине од Х причина ни еден апел или повик нема да ја премисли особата. Голем дел од населението во МК а богами и светската популчација е во депресија, а депресија е црна дупка која ако те проголта нема враќање.
Може девојчето решило да стави крај на сопствениот живот поради некоја Х причина (имаше тинејџер од корчагин што се фрли од катна гаража поради булинг) така да ова не е и баш непозната тема помеѓу помладата популација.
Ова со штурите информации околу нејзиното исчезнување, ако престанат да споделуваат информации води кон тоа дека истрагата е завршена и се бара локацијата на која ќе пронајдат труп.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.805
Поени од реакции
26.367
Фактот што во МК има ниска стапка на исчезнување/киднапирање не мора да значи дека мвр или кој било од службите треба да спие на тоа уво дека не е тоа. Не мора да чекаме да се деси првото киднапирање на дете во МК за да воведеме некои практики на реагирање, па тогаш да се чудиме и туфкаме како поинаку можеше да се реагира. Итните служби треба секогаш да се спремни за најлошото сценарио, се друго е плус.
Па не чекале, ете или веќе имале индикација од мајката дека нешто се дешава, или пак што е помалце веројатно, полицијата веднаш нашла индикации, а повикот од наставникот е чиста среќа во случајов. Полицијата делува според информациите што ги добива и трендот на криминалните активности. Затоа е важно тоа дали има серија на киднапирање или нема, притоа не зборам за киднапирање кое е поврзано стриктно со некоја фамилија за откуп или долг. Ако нема такви индикации, не е дека ја исклучуваат таа можност ама не губат време на тоа туку се водат со конкретни докази и дојави.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.664
Поени од реакции
17.418
Како шо имаат врска, па соседи сме. Блиску е.

@Dopamine можеби се случајности но еден двајца, 5 души јас лично не верувам да се случајности. Девојките се малолетни сите 4.
И шо ако сме соседи ? Друга држава, други околности, кај нашите маки па и на соседите да му ги бериме.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.962
Поени од реакции
17.788
Ако отидеш и пријавиш после 75 минути, ќе ти речат собери се, се ќе биде добро, и врати се дома. Дојди утре, доколку детето не се појави.
МВР уште пладнето кажа дека се трага по девојчето. Што е надвор од секој протокол за работа на таа институција. Нема тука никаква небулоза.
Не знам зашто 10 страни се убедуваат со Јамајка за нешто што е легитимно прашање. Секако разглабаме теории тука. Не е работата кој колку се грижи, и како си го воспитувате детето, take it easy. Имате 5ка сите за тоа. Имало и порано родители што кур ги боли, има и сега, имало и тогаш паничари, има и сега.
Мајка ми го има пријавено брат ми во полиција, откако го немаше цела ноќ. Полицијата им рекла тогаш почекајте уште некој саат, најверојатно е кај девојка (у право испаднале). Толку ви е тешко да сватите дека муабетот му е дека чудно е полицијата да реагира одма без никакви дополнителни индции. Девојчето и не е толку мало, на таа возраст имаа дечковци/девојки, се бега од часови, се бега од дома.
Не дека мајката згрешила или не знам што. Мајка ко мајка, и по 15 мин ќе ја фати паника и нормално да пријави. Зашто ја земале за сериозно е маубетот.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.266
Поени од реакции
10.917
Не мора часот да отиде, се решаваат овие работи во денешно време само треба прво да се подигне свеста кај населението. Не може веќе „15 години има голема работа ако не е во школо“ муабети. Се работи за малолетници кои треба да се во школо во тој период, и тука треба да завршат сите муабети. Не постои систем и затоа наставниците кои се свесни преземаат на себе да контактираат со родители за време на настава. Би било многу подобро ако вработат по 2-3 луѓе задолжени за ова во секое школо, и онака ставаат ботови на државна цицка, барем нека ја заработат платата.

Еве како оди тоа едноставно со апликација:

Прегледај го приврзокот 399551

Во првите 10 минути од часот, наставникот ќе забележи дали некој е отсутен. Има опција „Сите се присутни“ така да се што треба е да кликне кој е отсутен и да зачува. Во истиот момент луѓето кои се задолжени за ова примаат информација од системот дека тоа и тоа дете фали, и првиот чекор е да го побараат во школото по ходници, тоалети итн. Наставникот во меѓувреме може да направи апдејт ако детето дојде 10-15 минути подоцна. Ако детето фали и не можат да го лоцираат во училиштето, следниот чекор е да им се јават на родителите. Наставникот во меѓувреме си ја гледа наставата, други луѓе работат на случајот. Ако никој не може да го лоцира детето, се известува полиција.

Со тек на време системот ќе покаже деца кои често доцнат или бегаат од часови и често се отсутни и за нив алармот нема да биде на високо ниво. Но исто така ќе покаже деца кои се редовни и кои по сите прилики би требало или да се во школо или нивните родители би го известиле школото однапред за нивното отсуство. Луѓето задолжени за ова ќе имаат детален преглед и ќе имаат добра база за проценка кога треба да се интервенира брзо.

Ова е лесно да се имплементира ама како што реков, треба да се промени свеста кај населението и да се работи на безбедноста на децата. Секој вработен во образование мора да помине низ Child Safety тренинг еднаш годишно, и секое школо мора да има сопствени процедури до кои секој еден вработен во школото строго ќе се придржува.
Лесно е да се имплементира и убаво изгледа и звучи вака теоретски сега кога си дискутираме, ама во реалноста наставниците и професорите кај нас користат вибер групи, а не вакви современи апликации и тоа не функционира баш така.

Не знам каква е процедурата кога е во прашање трагање по исчезнато малолетно лице. Некако како проаѓаат деновите, полека губиме надеж, ама ми текнува дека пред некоја година имаше нешто сличнно во соседна Србија. Исчезнато беше малолетно девојче, се испостави дека е киднапирано од некој педофил и беше пронајдено по 17 дена.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.962
Поени од реакции
17.788
Ете, јас посочив 3 примери погоре на наставници кои буквално исто реагираат. Еве, одам дома, ќе се обидам тоа да го поткрепам и со факти. Ама неееее, тие се ненормални, нормално е како во училиштето на твоето дете.

Ама ете, пошто многу сум сакал да бидам во право, ќе ти речам: ок јамајка, ти си во право. И ќе се повлечам од дискусијата со тебе зашто очигледно никаде не води. Вергламе во место 30 страници тука.
Аман не си го сваќате тоа лично. Ја прв пат слушам за наставник што пријавува ако некој фали од час. Затоа им е чудно на луѓето. Браво за тие што го праат тоа, ама дај не се праите ко у данска да живеете. Пола од наставниците што ми предавале не ни приметувале дека им фали некој на час, а не па да се јавуваат негде.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
736
Поени од реакции
1.602
Сите? баш сите?
Чак и ја?
не е ваљда дека и ја
Ти си заболен од "албанско нарушување на личноста" со елементи на параноја и анксиозност од истите.
Насекаде гледаш Илириди и Големи Албании.:D
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.417
Поени од реакции
2.400
IMG_20231201_180230.jpg

Не е само во Македонија значи и во Грција си имаат мака со овие случаи на исчезнати тинејџерки. Тоа е што е.
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
670
Поени од реакции
1.889
Има нешто во случајов што не е во ред, а не се кажува јавно, што е нормално во секоја истрага. Сите очекуваме и се надеваме во среќен крај ама ако сме реални со секој изминат ден шансите се се помали. Мислам дека некои 48 часа според мене е некој тајминг за успешен исход, после тоа време тешко.

Имаше еден коментар во врска со случајов само не знам стручно дали е можно тоа и дали има таква технологија нашава држава. Да се идентификуваат сите мобилни телефони што биле во радиус од 100-ина метри околу девојката во времето на последната активност на мобилниот, значи во моментот кога се исклучил. Колку е можно тоа не знам, но ми звучи како реално нешто за да се дојде до вистината.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom