Емкаа
the worst thing about prison was the dementors.
- Член од
- 14 мај 2008
- Мислења
- 5.097
- Поени од реакции
- 13.112
Не постои нешто како бон тон каснење, каснење не е бон тон.Не верувам дека има барем еден ваков случај во мк, ама ако сакаш да си ја поставиш догмата, нека ти биде. А и како што викаш 15 минути е по бон тон да се почека ако некој касни, 7:30 е рано сабајле нормално е некој да се успие, не се реагира панично (ако немаш инструкции дека нешто не е во ред). И башка имам внука во Песталоци на слична возраст така да тоа „да се помириш со фактот дека постојат школи кои функционираат на овој принцип“, ти е беден ад хоминем обид и не ти држи вода.
Ако часот почнува во 7:30, тогаш нема рано беше, се успав. Утре тоа дете ќе оди на работа, и таму ли ќе се успива? И да се успиела, ваљда мајката ќе ја известела класната дека ќе касни. Ваљда тоа подразбира мајката кога вика дека биле во постојана комуникација со класната.
Прво и основно, како родител, нема никад да претпоставам дека нешто му се случило на детето во првиот саат (ако немам некакви претходни индикации, закани и сл). Не верувам дека и да помислам да се јавам на полиција, ќе го изодам патот по којшто требало да оди, патем ќе звонам на еден куп луѓе, другари и све и свашта и на крај ќе се јавам у полиција, можда после 2 саати, пошто е женско у прашање можда и нешто порано. Ама еве и да се јавам у полиција, сум работел во полиција и знам дека прво што ќе кажат почекајте и само ќе ги проверат ноќните извештаи на колегите кои биле ноќна смена или дојави на случки што се десиле во регионот. Тоа е така пошто во Македонија има релативно мал број на исчезнати лица, и реално речиси и да не се има случено случај на исчезнат тинејџер да заврши кобно. Ако било самоубиство скоро одма се дознавало, а колку што ми текнува единствен случај на смрт во последно време беше девојчето од Лешани, Дебарца (зборам за тинејџери), и тоа беше замрзнато. Генерално во најголем случај на пријавени исчезнувања на тинејџер во Македонија (над 80%), се работи за намерно бегање од дома, илегални бракови и слично.
Но ако имало претходна дојава за некаква си закана, тогаш е друг муабет, полицијата делува инстантно. Они до 13 дента веќе ги извршиле сите интервјуа со можни сведоци и со usual suspects и границите веќе биле алармирани. Тоа не е редовна постапка на полицијата. Незнам дали си свесна како оди една истрага, но ако немаш никакви дојави, ако почнеш да истражуваш ваков случај ти е игла и сено, и да најдеш нешто во првиот саат што ќе те наведе да ги затвориш границите е речиси невозможно. Значи истрагата не е почната од нулта точка туку од негде.
И на крај, не пишувам тука како треба да биде у школо кој да се јавува и слично и за колку време треба да се јави некој у полиција. Јас само пишувам дека според тоа што се случило, многу веројатно е мајката да имала некакви индикации (закани или слично) и затоа динамиката на настанот е таква каква што е. Многу е малку веројатно да има толку многу среќа случајов во сите сегменти и наставничката да се јави за 7 минути и на полицијата за 58 минути и полицијата да ги затвори границите за 6-7 саати. Поентата ми е дека за џабе родителите на децата креваат хистерија и ги носат децата у школо, тешко веројатно е дека ова е некоја организирана банда која краде деца, туку е најверојатно некој индивидуален случај.
И на крајот на краиштата, ова е идеален случај на алармирање и на родител и на полиција и за активност на полицијата. И сепак пак 5 дена од девојчето ни трага ни глас.
Ама не знам како да ти објаснам дека без разлика која е причината за исчезнувањето, дали киднапирање, дали самоволно бегање од дома, фактот дека родителот не може да стапи во контакт со малолетното дете ( за чија добробит и општа состојба да не заборавиме, одговара пред закон ) извесен период, е доволна причина да се контактира полиција.
Пракса во сите земји е при исчезнување на дете веднаш да се крене алармот на највисоко ниво, како што и многу пати пишаа низ темава, веројатноста за позитивен исход е најголема во првите 3 часа ОД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО, не од пријавувањето во полиција. Не сфаќам како некој на темава сеуште мисли дека соодветен одговор на полицијата при ваков случај би било - ништо.
Фактот што во МК има ниска стапка на исчезнување/киднапирање не мора да значи дека мвр или кој било од службите треба да спие на тоа уво дека не е тоа. Не мора да чекаме да се деси првото киднапирање на дете во МК за да воведеме некои практики на реагирање, па тогаш да се чудиме и туфкаме како поинаку можеше да се реагира. Итните служби треба секогаш да се спремни за најлошото сценарио, се друго е плус.