Nimalku ne sfativ licno, jas nitu sakam da imam deca nitu imam konj vo kako treba edno dete da se raste a najmalku se drznam da ucam nekogo kako toa se pravi. Vie go pravete toa i od visoko, iskulirano po doma, pisete nekomu srekja ne e majka i nikogas da ne bide kako da e najlesnoto nesto na internet.
Лол. Дискутираме на тема за исчезнато 14 годишно девојче,тргнато на школо во понеделник во 7:30 сабајле, некој лик тука пишува дека да било нејзино дете најверојатно таа до вечерта не би сфатила дека детето и го нема, коментаров наидува на осуда и ние сме криви?
Извини ама за ова уопште не се согласувам со тебе. Коментарите ич не се од искулирана состојба, случајов со Вања ми го стега желудникот, се будам и легнувам надевајќи се дека ќе има некои позитивни вести. И некој тропнува ваква глупост, за мене ова е буквално врв на глупавоста, сори нот сори ама тоа е што е. Ако си во својство на витез на темава слободно продолжи.
Излеа на голем дел од членовиве тука им е тешко да сфатат дека секое семејство си има своја динамика, и секоја отстапка од тоа вклучува аларм. Можеби имале навика да пишат кога ќе стигнат во школо, можеби од претходно се знаело дека ако ѕвони родител мора веднаш да се крене, има еден куп интимни детали кои не ги знаеме, кои најверојатно на мајката и биле доволни за да сфати дека нешто не е во ред. Истрагата не е започната 75 мин после пријавувањето, тек околу 13 часот Вања е додадена на стоп листата за премин на граничните премину. Тоа се скоро 6-7 часа. Ваљда и полицијата по некои наоди сфатила дека ситуацијата е сериозна.
За коментарите на мнозинството тука, не знам што да кажам. Не посакувам никому, ама утре да снема ваше дете, или ваш близок, да тргнете во полиција во таа ментална состојба, и прва работа што полицијата ќе ви каже да биде абе чил малце, оди дома, сврти едно кругче, сигурно ќе го најдеш, наместо да понуди некаков вид поддршка ( што реално и е работа на полицијата ), па не верувам дека голем дел од вас ќе реагирате како што претпоставувате и како што пишувате дека би реагирале во таа ситуација.
Не знам зошо упорно на темава како репер за тоа како треба да се растат деца се земаат примери од 80-90ти. Тоа што ние пораснавме така, свесни за сиромаштијата на нашите родители, со насилство на секој чекор, не значи дека и нашите деца треба да растат така. Цел свет учи од грешките, оди напред, креира системи за превенција, само ние сме заглавени во минатото. Наместо да се поздрави иницијативата на родителите и наставниот кадар да се во константна комуникација, тука се плука по таквиот систем, претерано било, параноични биле родителите. Во денешно време и те како треба да се параноични.
Како и за многу работи, чекаме да ни се деси некоја трагедија, па после да разглабаме зошто и како би можела да се спречи. И ништо да не научиме од тоа.