Исчезнати лица

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.741
Поени од реакции
22.919
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:

y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.174
Поени од реакции
1.746
Ги работат како бавча, секое ново рочиште им шлакаат нови докази

 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.741
Поени од реакции
22.919
Ама, ама го местат, ама Палчо не е крив, ама, ама, се е тоа местенка на банкстерите, масоните, илуминатите, душманите на Македонија, влашкото лоби, Сорос, Заев+Груевски&Мијалков, глобусарите и сигурно уште некој... Ама, ама, сите се против Палчо, ама докази, ама факти, ама зошто вака..
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.191
Поени од реакции
37.810

Кај се сега тие што тврдеа дека го немало Палчо на камера, дека немало докази, бабини-деветини?
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.741
Поени од реакции
22.919

По снимките со подготовките за убиството на Панче Жежовски вршени директно под безбедносните камери на обвинетиот Велибор Манев, а на кој се гледаат тој, Љупчо Палевски, Влатко Кешишев и Боре Видевски, обвинителството продолжи да изведува докази-снимки од истите камери.


Возилото „Рено кангу” на 22.11.2023 година доаѓа во 6.33 часот, се групираат сите, се разденува, ликовите им се гледаат појасно.


Пред да одат да го убијат Панче, Манев си го зема во раце кучето го гушка, го погалува и го прибира внатре. Во увото има слушалка.

Се вртка тука и Палевски. Сите се во јакните со бели ленти на ракавите, што ги носеа ноќта.

Утрото на 22 ноември 2023 година во 7.11 часот, влегуваат во партиското „Рено кангу” на „Десна” на Љупчо Палевски. Бидејќи се соседи со Панче, Велибор Манев тргнува пешки, по тренерки. По него бавно вози „кангуто”, одат кон Панче да го убијат.

Веќе во 13.38 часот се гледа како доаѓа Велибор Манев, ја отвора капијата. Го вади „Мерцедесот”, го препаркира десно од куќата, први место за “кангуто” на Палевски. Тоа влегува во дворот.

Боре Видевски си заминува со „Шкодата”.

По два дена, во истата куќа на Манев во близина на Велес, почнува подготовката и за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. На 24 ноември, во 3.47 часот наутро Боре Видевски доаѓа со „Шкодата”. На камерата се гледа дека ги носи истата јакна и капа од денот на убиството на Панче.

Со Велибор Манев разменуваат црни ракавици, Боре Видевски ги навлекува на рацете. Тргнуваат кон дворот на претходно убиениот и закопан Панче Жежовски.

Околу 4.30 часот, сè уште темница, од дворот излегува „Реното”, го вози Манев. Седнува Видевски во него и заминуваат во правец на градот.

На 24 ноември во 10.08 часот во дворот влегува „кангуто”, како што рече обвинителката, „по неуспешниот обид за грабнување на Вања утрото на 24.11.2023 година”. Од совозачкото излегува Боре, од возачкото Манев, Боре си заминува со „Шкодата”.

Потоа Манев вади две лопати, ги држи во левата рака, ги носи кон куќата.

Вади вреќа од „кангуто“, налик на вреќа за спиење, темносина е, ја дипли и ја враќа назад во пикапот.

Ноќта во 22 часот на 26 ноември 2023 година, само 12 часа пред да биде грабната и убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, возилото „Рено кангу” се упатува кон Скопје.

На последната снимка од неговите камери, во 13 часот Велибор Манев со автомобил „Мерцедес” пристигнува пред неговата куќа, ја отвора капијата и паркира во дворот. Го носи истиот сив џемпер со црна лента, кој беше на снимките на сејф сити, како совозач во „кангуто” што го управуваше Љупчо Палевски по убиството на Вања.
 

y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.174
Поени од реакции
1.746

Кај се сега тие што тврдеа дека го немало Палчо на камера, дека немало докази, бабини-деветини?
Нека се јави тој неписмениот од München заедно со @bijons
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.191
Поени од реакции
37.810
Нека се јави тој неписмениот од München заедно со @bijons
Да беа само тие! Еден куп имаше такви што релативизираа, некои дури и ги бранеа.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
3.833
Поени од реакции
15.082
Значи тоа си било и целта, да се убие. Немало ништо што излегло од контрола, па се исплашиле и слично, како што се збореше. Класична егзекуција.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.452
Поени од реакции
84.865
Значи тоа си било и целта, да се убие. Немало ништо што излегло од контрола, па се исплашиле и слично, како што се збореше. Класична егзекуција.
aман, многу одамна беше тоа јасно
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.290
Поени од реакции
19.753
А зошто побогу, зошто некој би убил дете ?
Секта некоја се, шо се ?
Разбирам има сериски убијци, има педофили има психопати ама тие убиваат сами, како се погоди сите заедно 4-ца ?
Плус повеќето се со фамилии, Боре имал школо за карате каде што оделе деца ...
Многу нејасно
 

Kajgana Shop

На врв Bottom