Исчезнати лица

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.996
Поени од реакции
36.004
ОЈО Скопје ќе предложи спојување на постапките за обвинети за грабнување и свирепо убиство на две лица

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје достави известување за завршена истрага до првоосомничениот за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

Со ова тече законскиот рок на одбраната да изврши увид во доказите. По истекот на овој рок и поднесување обвинение, јавниот обвинител ќе предложи спојување на судските постапки против вкупно петмина обвинети за овој кривично-правен настан, бидејќи постојат законските основи предвидени во член 28 од Законот за кривична постапка. Со цел да се овозможи единственост на постапката, обвинителството ќе побара одлагање на рочиштето закажано за 30-ти јули против четворицата претходно обвинети.

Истражната постапка е завршена и за уште едно лице осомничено за помагање по извршување на кривичното дело. Постапката против него ќе се води одвоено.
Ова е таткото, или А-Тимот имал уште членови?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.996
Поени од реакции
36.004
Ова е тој што го возеше од Белград до Турција.
Ох го заборавив него.

Малку е глупаво да биде осуден ако навистина немал појма за реалните заебанции, не би се изненадил и дека го има наседнато Палчо, па може ни крив ни должен да заврши апсаана.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom