Исчезнати лица

Член од
5 март 2018
Мислења
16.451
Поени од реакции
18.711
Da!
Toa e nesozreano dete koe e deformisano vo razvojoti zatoa odgovaraat i roditelite.

A barem Palcho i toj Karatistot se mnogu daleku od psihichki deformirani bez mozhnost da rezoniraat.
Од кај ги знајш ти дали не се деформирани ? Заедно војска да не бевте ?
Другите не ги знам, ама Палчо баш на нездрав лик ми делува
 
Triadis

splinter in your mind
Член од
10 јануари 2024
Мислења
37
Поени од реакции
92
Проблемот кај повеќето од вас е што се обидувате да рационализирате нешто што е невозможно за рационализација. Друг проблем е што размислувате од ваша перспектива, односно се обидувате да пронајдете логика низ ваша призма со здрав разум.

Не може да се најде логика во ова, во буквално секое сценарио кое што го прочитавме изминативе месеци може да се најде дупка во планот и да изгледа нелогично. Единствениот заклучок е дека се работи нискоинтелегентни психопати и фала богу не можеме да им влеземе во нивните болни глави и да разбереме како мислеле дека планот ќе им пројде без никакви последици.
Тоа е поради селективната вистина што се објавува по медиумите. Простор измеѓу се пополнува со ментална гимнастика.

Целиот случај е луд јебе збуњеног. Во актот пишува дека Панчо е убиен околу 10 часот на 22ри, а кај Ного на јутуб го има на бензинската во 10:50 и 14:28. Таткото го држат без докази, а со екстракција на мобилниот имаат достап до сите контакти, пораки, разговори и на тие што се избришани и енкриптирани. Исто и со телефонот на детето, иако е искршен. Мотивот нема везе со оглед на доказите што се пласираат. Никакви детали за периодот откако е ставена во гепек до ликвидацијата и како дошло до тоа, ама па затоа пишува дека вратата е разбиена со штрафцигер. Испаничиле, а ретардот прави ладно подкаст еден ден потоа плус подготвил алиби една недела однапред..

Сето ова што го пишуваат медиумите е само површно, затоа нема логика целиот случај.
 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.983
Поени од реакции
7.631
Од кај ги знајш ти дали не се деформирани ? Заедно војска да не бевте ?
Другите не ги знам, ама Палчо баш на нездрав лик ми делува
Zamisli dva pati vo isti gradski avtobus se imame vozeno! :pos: :pos: :pos:
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.137
Поени од реакции
2.659
Друже ти пишува убаво бе ај 100 месеци трае ова уште не можеш да влезеш у колосек и изиграваш будала овде со ретардирани сценарија.

Циторенот ќе биде клучен за да се поврзат двете убиства. Жежовски ќе биде грабнат со цел да го присилат да даде сопственото возило за да се искористи за грабнувањето на Вања. Обвинетите со реното дошле во близина на неговиот дом. Кешишов повторно останал да чека на паркингот кај пругата и да внимава да не наиде некој. Палевски, Манев и Видевски отишле до куќата на Жежовски.

Обвинетиот Боре Видевски заѕвонил на вратата, по што оштетениот отворил, обвинетиот Боре Видевски го турнал на земја, му ја фатил устата за да не вика, обвинетиот Велибор Манев му ги врзал рацете на оштетениот со јаже додека лежел на грб, двајцата обвинети го ставиле во церада од возилото која била во близина на вратата, го однеле до возилото Циторен“, се наведува во
обвинителниот акт.

За тоа време Палевски, влегол во куќата го зел мобилниот телефон на Жежовски и клучевите од Цитроенот. Телефонот по пат завршил во дол, а во местото „Рудник“ во околината на Велес на Жежовски ќе му биде предочено дека ќе биде убиен, при што Палевски околу 10 часот со пиштол калибар 9 мм, ќе му го одзеде животот.

„Потоа обвинетиот Љупчо Палевски фаќајќи го во делот кај нозете, го турнал телото на оштетениот во ископаната дупка, која ја затвориле и покриле, по што обвинетите заминале со двете возила“, пишува во обвинителниот акт
Screenshot_2024-07-16-23-14-30-528-edit_com.android.chrome.jpg
Чим го нема во обвинението значи не ни имало средба, ама КОД имале информации :D
Screenshot_2024-07-16-23-15-06-489-edit_com.android.chrome.jpg
Друга работа, нели рекоа дека со Цитроенот цело време возеле позади Кангото демек да ги крие од камери.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.582
Поени од реакции
22.528
ОЈО Скопје ќе предложи спојување на постапките за обвинети за грабнување и свирепо убиство на две лица

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје достави известување за завршена истрага до првоосомничениот за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

Со ова тече законскиот рок на одбраната да изврши увид во доказите. По истекот на овој рок и поднесување обвинение, јавниот обвинител ќе предложи спојување на судските постапки против вкупно петмина обвинети за овој кривично-правен настан, бидејќи постојат законските основи предвидени во член 28 од Законот за кривична постапка. Со цел да се овозможи единственост на постапката, обвинителството ќе побара одлагање на рочиштето закажано за 30-ти јули против четворицата претходно обвинети.

Истражната постапка е завршена и за уште едно лице осомничено за помагање по извршување на кривичното дело. Постапката против него ќе се води одвоено.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511

Ова е таткото, или А-Тимот имал уште членови?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Ова е тој што го возеше од Белград до Турција.
Ох го заборавив него.

Малку е глупаво да биде осуден ако навистина немал појма за реалните заебанции, не би се изненадил и дека го има наседнато Палчо, па може ни крив ни должен да заврши апсаана.
 
y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.069
Поени од реакции
1.561
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
почнува судењето:

одложено судењето:
Отворен цитат:
На денешното рочиште не беше присутен обвинетиот Љупчо Палевски поради тоа што, како што информираше судијата Ивица Стефановски, Судечкиот совет не бил во можност да го обезбеди присуството на Палевски, поради фактот што обвинението било оценето непосредно пред денешната расправа и не се исполнети законските услови да биде повикан.
Новото рочиште е закажано за 20 септември.
Затворен цитат.

...нема промени во нашето судство, ќе се тегне сега судењето со години или...?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.451
Поени од реакции
18.711
Оваа гнидата рекетарска Буревесник пробва да го искупи Палевски на фејсбук.
Го прочитав писмото наводно од Палевски напишано и верглање исто па исто, немале ОЈО докази дека бил виновен, го местеле бла бла бла.
Ќе видиме судењето како ќе се одвива
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.520
Поени од реакции
3.658

Како пробува, со тоа што ги објавува писмата ? Секој е невин додека официјално не биде осуден, инаку да ќе видиме од судењето дали некои од работите се навистина како што ги пишува Палчо во писмото околу доказите, днк и вештачењата или пак лаже.

Шо контра аргумент напиша Палчо во писмата жити се, освен она не сум крив жими мајка
 
Kajgana Shop

На врв Bottom