Исчезнати лица

Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Ајде еве нека биде се како што напиша во главно се согласувам со тебе. Но што ќе добие со тоа што ќе убие 14-годишно дете? Па дури и да му ги дале парите ако навистина е тој убиецот повторно не се знае дали би била жива или не. И да ги добил парите повторно би бил во бегство и гонет и каде би завршил? Не гледајте краткорочно на работите. Ниту сум член на партијата ниту знам бројност ама чат пат му ги следев подкастите понекогаш и не ги ни догледував пошто ми се приспиваше поготово од муабетот за геополитика. Јас немам намера да го бранам ако е виновен би сакал најмалку доживотен затвор да добие но секако ако се уредно се докаже дека тој е навистина убиецот. Осомничените првпат ги гледам у живот. Ги собрал Палчо се ќоро и сакато и регистрирал партија. Ниту имале насилни протести ниту повикувал на насилни протести. Верувам дека секој подкаст му е на место. И камо среќа сите помали партии да баратаат со документи и да обвинуваат политичари криминалци. Преку неговите подкасти би дознал повеќе информации отколку јас нешто што знам. Тоа е се што знам во врска со партијата "Десна".
Споменав и претходно - или има некоја нарачка за убиството од истите тие испреплетени криминални бизнис-политички црева околу кои и самиот е присутен цел живот, или (за мене поверојатното) тотално збудалува и влегува во некаков одмазднички режим пореди комбинација на неуспех во политиката (очекувал издигнување на карта на македонизам после се што се случи изминативе години) + неуспех со копањето злато + ако се разделил и со жена му и го откачиле и Власите.
Човек чија животна историја покажува сериозни мегаломански амбиции фаќа стрмна удолница на секое поле близу 60-тата година во животот и решава да се одмазди кај што мисли дека му е згрешено и може да допре, накратко така некако.

Каква реакција ќе има ако се укине рамковниот договор од 2001-ва година би сакал да знам...
Како се тргнати со шчиптарлуци пуниша србољубович и екипата, може и тоа да го доживееме. Не дека нас ќе не засака некој, туку геополитиката забележува мафтање шиптарлук сред Лондон и нема да остави ширење на истото.

Или тоа или убиството е одговор дека биле претходно одбиени. Мислам на тоа да го наплатат коцкарскиот долг на таткото. Тоа е лично мое мислење со кое не мора никој да се сложи овде.
Колку што те разбирам, убеден си дека убиството е поради коцкарски долг на таткото. Дај кажи нешто повеќе за тоа, каков е тој коцкрски долг и кој е тој лихвар што го наплаќа долгот на маж со убиство на неговата малолетна ќерка.
 

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.194
Поени од реакции
9.908
Да сакале да изнудат Вања сеуште ќе беше жива.
И тоа со муабетот дека се испаничиле и ја убиле и тоа нема никаква смисла.
И не само тоа и дури откако ќе ги добијат каде ќе се кријат? Дали и кога би ги добиле парите би ја пуштиле на слобода или би ја убиле? Каде понатаму со парите гледано долгорочно?
 
Член од
24 март 2023
Мислења
78
Поени од реакции
164
Веројатно попрво било или таткото или децата. Се крие нешто големо јас верувам дека се работи за голема сума на пари. На крај краева да убиеш дете со пиштол не е баш македонска традиција...

Сто пати кажаа и од МВР дека се работи за користољубие односно изнуда. Така да Шерлок прво го бранеше Палчо, сега заклучи дека за пари се случило се'. Браво.
 
Последно уредено:
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.183
Поени од реакции
6.208
А кој е убиецот?

Ок не е Палчо, овие 3-цава уствари се договориле да го наместат Палчо.
Автоматски споено мислење:

Прашање до Savious и мкд владе:

Кој според вас е убиецот?

(не ми се верува дека го прашувам ова ама ај)
Јас лично повеќе се сомневам во штипјанецот дека пукал отколку во Палчо по негова наредба.
 

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.194
Поени од реакции
9.908
Дај кажи нешто повеќе за тоа, каков е тој коцкрски долг и кој е тој лихвар што го наплаќа долгот на маж со убиство на неговата малолетна ќерка.
Би сакал да знам и јас повеќе за тоа. Туку се изненадив на многу контрадикторни нешта...
Оној Срѓан Ного го брани како бил грижлив татко и си ги сакал своите ќерки. Не пиел, не се коцкал ниту се дрогирал. Од каде му се тие информации take a wild guess...
Од друга страна се шират се повеќе муабети од луѓе кои се веројатно блиски со него дека напротив имал коцкарски живот со долгови и дека бил наркоман. Капак на цело убиство е неговото приведување заради сослушување. Ако е вистина тоа што објавува Миленко дека бил тепан тогаш има нешто сериозно со кое тој е поврзан со исчезнувањето и убиството на неговата ќерка. Моментот кога мајката прва пријавува во полиција за исчезнување на ќерката е можеби нешто што и мајката го очекувала дека можеби ќе се случи. А уште по чудно е дека после 2-3 часа и таткото пријавува. Многу контрадикторни моменти имаме за случајов и тешко е да се долови целата слика.
 
Член од
24 март 2023
Мислења
78
Поени од реакции
164
Јас лично повеќе се сомневам во штипјанецот дека пукал отколку во Палчо по негова наредба.
Добро да речеме дека е и така ... И?

Настрана што, сите 3ца кажале дека Палчо пукал. И Палчо и киднал прв.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
плус какви состави пишеше ,патриотски родољувбиви емотивни прсото да неверуеш


Пак ќе се роди жито...
Секоја година во текот на ЈУНИ месец се жнее пченица во главно, но и јачменче, овес и некои други растенија кои живот значат.
Пчелите мед прават, печурките за деликатес, тревките здравје чуваат и тоа секоја година, повторно и повторно не чуваат, шанса за живот ни даваат.
Кој е нашиот однос, како ние се однесуваме кон нив, кон него, кон животот?????/кон совршенството што бог го создал.
НИКАКООО, се однесуваме примитивно и максимално глупо на сопствена штета, се самоубиваме..
МОТИВОТ за таквото нуклеарно глупо живеење, суштествување се ПАРИТЕ, некаква шарена хартија која Ви ги решава сите проблеми како и да говорите мислам на јазик, во која црква да одите, што и да размислувате, секогаш се со Вас, во Вас и околу Вас.
Пре долго доминираат, пре долго погрешно не учат, влијаат тие пусти пари, сите проблеми ни ги решаваат.
ДЕЕНЕС нај големата дилема е, како човекот да научи тој да ги КОНТРЛИРА парите, а не тие НЕГО, ЧОВЕКОТ.
Парите денес се и еден вид ФАРМАЦИЈА, директно влијаат на нашата ПСИХА, состојба, здравје, ПАРИТЕ денес се и мотив за сериозни МАСОВНИ убиства како одвратниот случај на ОНКОЛОГИЈА кој скоро го заборавивме, ПАРИТЕ денес се и официјална СВЕТСКА РЕЛИГИЈА.
Од ВОЈНИТЕ, до финансирање и помагање на неверојатно талентирани човечки суштества, од Бога надарени, на крајот се се сведува околу тоа, кој колкав дел од купот пари во светов ќе ги поседува, контролира.
Човечката природа не е таква, ПАРИТЕ се систем кој се наметнува, СИСТЕМ кој е силен и ја менува нашата човечка природа од бога подарена., ПАРИТЕ се пркос на БОГА и ПРИРОДАТА, Македонскката измислица и патент кој најдобро ги опишува е драмскиот наслов “ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА.“
Дедо ми Јордан секогаш ми велеше: “Не се секирај дете, пак ќе се роди жито“ до ден денешен ми ѕвони тоа во ушиве, во лејкава.
Тогаш многу мал ја научив мудроста на ДЕДО МИ, од тогаш научив да се борам во СИСТЕМОТ на БОГА, а не на сатанава да верувам, поганам, туку сосема обратно, смирен, со вера во БОГА да суштествувам.
Од таа реченица се црпи силата, верата, од таа реченица се спие како “БЕБЕ“, од таа реченица можете да го видите СВЕТОТ кој е гаден и Ве опкружува, со таа мудрост гледате нај добро, јасно и чисто.
Затоа, без паника, бидете упорни, посветени на Македонците и нашите колективни интереси, бидете доследни затоа што Македонецот е нај емотивното и социјално нагласено суштество кое неможе самото за себе да суштествува. Мораме да бидеме заедно со или без политика сеедно.
Времево кое е сега и во блиска иднина е полно со неправди и искушенија, само оние Македонци кои од бога се откажале, а по цел ден во црква се пикаат, не им се лутете туку едноставно почнете да ги жалите. Тие таквите се гревови затоа што се исплашени и загубени, секоја секунда умираат, исчезнуваат.
Македонското време доаѓа, тоа е циклус кој се повторува имаме збор кој се вика ЧУДЕСИЈА.
За претстојниве избори е доцна за некаква колосална победа на Македонецот над душманот, но бидете внимателни, слушајте, широко отворете очи и гледајте, кој колку и што ветува, а знаете, добро знаете дека тоа е не изводливо.
Сите сме свесни дека ДПШНЕ е во моментов со клиенти мотивирана нај организирана. Клиенти гладни за уште повеќе кеш кого веќе во сериозни количини го имаат па затоа за разлика од нас нормалните, тие клиентите на ДПШНЕ се силно организирани и со не морал мотивирани.
Силно ја буткаат вратата на пеколот во кешо да се бањаат, па токму затоа отворете им ја вратата од пеколот нека се џиткаат во кешон државен нека се бањаат, нека се препелкаат.
Тоа е периодот пред нас кога и нај расипаниот и врескавиот же замолчи, ќе се срамува од неговите ДЕНЕШНИ ЗБОРОВИ и ПОЛИТИКИ без разлика дали сте или не за или контра денешната опозиција.
Затоа по 100ти пат ќе Ви повторам, не ме мрзи: “не се тие воопшто СИЛНИ, туку ние Македонците сме слаби“. Браќа и сестри Македонци, едно е да кажеш, а сосема друго да направиш, едно е да сакаш, а сосема друго е да мораш, едно е да мислиш, а сосема друго е да тврдиш.
Пред нас е период во кој ќе учиме, бориме, цена плаќаме за СЛОБОДАТА секогаш како и векови наназад, но сето тоа мораме да го правиме во исто време.
Мораме многу да учиме, оти многу не знаеме, а тоа пак не прави погани и лоши, меѓусебно се изедовме.
СЛОБОДАТА на Македонецот нема мерка, нема димензија, ниту некој може да ја УКРАДЕ ако ние претходно од неа не се откажеме, а се откажавме без притоа да бидеме свесни што загубивме.
Нај одговорно ТВРДАМ денес 4 Ноември 2023 година, Македонецот сеуште не знае што е тоа СЛОБОДА, не знае да се бори за неа, за апсолутната КАУЗА над сите можни КАУЗИ, со име СЛОБОДА, да одлучуваш заедно, да суштествуваш заедно до последен Македонец, а сето тоа да биде едно големо РАВНОВЕСИЕ, кое само БОГ може да го створи, направи..
Затоа денес е ЗАДУШНИЦА и секако уште рано по сабајле ми текна на дедо ми Јордан и татко ми СЛАВКО и тоа не е случајно, ќе не биде, ќе ја биде...“ПАК ЌЕ СЕ РОДИ ЖИТО“ во Македонија, за Македонците...
[/QUOTE]

Под претпоставка дека овој текст е напишан од него, уште еден израз како тоа видеото каде суштински нема ништо лошо на прв поглед а сепак има моменти на делузија од реалноста и враќање низ минатото. Аргумент плус на моето моментално мислење, дека едноставно откачил со мозкот и влегол во одмазднички режим како резултат на нереализирани идеи и општествено и економско (во неговиот мозок) пропаѓање.
 

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.194
Поени од реакции
9.908
Сто пати кажаа и од МВР дека се работи за користољубие односно изнуда.
За такви работи постои мафијашка организација со логистичка поддршка а не се собрале еден без бубрег ќоро и сакато да изнудуваат пари.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.183
Поени од реакции
6.208
Оваа конспирација со Власите изгледа е излезена од контрола. Се повеќе и повеќе забележувам и на форумов.
Ќе излезе бидејки неможеш вечно со векови да криеш историски факти.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.157
Поени од реакции
19.555
И не само тоа и дури откако ќе ги добијат каде ќе се кријат? Дали и кога би ги добиле парите би ја пуштиле на слобода или би ја убиле? Каде понатаму со парите гледано долгорочно?
Па не знам ми нема логика да сакале да изнудат пари и да ја убијат после два часа. Инаку ако им била целта изнуда, требало да испланираат прво да не бидат идентификувани, еден куп има такви случаеви кои не биле решени никогаш, поготово кај нас со неспособни институции.
Сигурно нема да бараат откуп на фејстајм на камера со лицата истопорени.
Не знам и јас како членот шо пиша поназад имам премногу криминалистички серијали со киднапирање и убиства изгледано шо све ми се врти низ глава.
Најчесто секогаш прво суспектни се домашните, поготово ако брачниот статус не им е како што треба.
Тоа што таткото е приведен и притворот му е продолжен дава насоки дека и тој е некако вмешан. Одбивам да помислам дека родител свесно можи да си го закопа своето дете во гроб ама денеска бевме сведоци со случајот на брутално убиено две годишно дете од сопствениот татко па не треба ништо да не чуди.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.183
Поени од реакции
6.208
Добро да речеме дека е и така ... И?

Настрана што, сите 3ца кажале дека Палчо пукал. И Палчо и киднал прв.
Лесно е после настанот тројцата да се договориле да дадат ист исказ но тоа се само нагањања.Се додека не се најде пиштолот со кој е пукано и потоа со парафинска ракавица да ги проверат сите осомничени пукачот ќе остане непознат.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.157
Поени од реакции
19.555
Лесно е после настанот тројцата да се договориле да дадат ист исказ но тоа се само нагањања.Се додека не се најде пиштолот со кој е пукано и потоа со парафинска ракавица да ги проверат сите осомничени пукачот ќе остане непознат.
После еден месец и парафинска ракавица нема да помогни
 
Член од
24 март 2023
Мислења
78
Поени од реакции
164
Лесно е после настанот тројцата да се договориле да дадат ист исказ но тоа се само нагањања.Се додека не се најде пиштолот со кој е пукано и потоа со парафинска ракавица да ги проверат сите осомничени пукачот ќе остане непознат.
Како тројцата се договориле кога цело време се испрашувани одделно.

И инспектори знаат какви прашања да постават за да видат која приказна е вистина а која можеби претходно договорена.

Парафински докази се земаат во првите неколу дена, после не може да се земе.
Автоматски споено мислење:

А и на тројцата им е земена парафинска и сигурно е покажано дека не пукал никој од нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom