Саботата после објавите што се случило (неделата вечер и понеделникот таа седмица) имав малку слободно време и ги изгледав двата последни подкасти после денот на настаните и ги излистав ФБ профилите Трета, Десна и Љупчо Палевски.
Не сакам ништо конкретно да споделувам, ама изливи против Власите како тој на постот пред твојот се константа и низ подкастите и низ профилите, и особено се интензивираат во последно време. Не е тоа само “чувајте се драги Македонци од клетите банкстерски Власи” пропганда, она е апсолутно и длабоко личен момент, тие го уништиле него големиот Македонец и мора да преземе нешто, така делува.
И да има такво нешто во позадина, секако дека не очекувам ништо јавно да се сподели, ниту истраги или било какви детали. Дури сум изненаден и како изјавата на Ременска воопшто дојде до јавност за воопшто да проструи таков сомнеж. Ова е трулеж рамен на Смилковско езеро за мене, се надевам дека ќе преовладеат функционални делови во правното дувло и се ќе се расчисти за разлика од Смилковско.