Ај малку повеќе емпатија да се покаже за мајката може ли? Повеќето од вас никогаш не биле во ситуација дете, брат/сестра или родител да им се исчезнати со месеци и да поминуваат секој ден во агонија дали се живи или не, и секоја ноќ помината да значи намалени шанси тие да се живи. Така да, никој не може да суди како се однесувала мајката кога не знае каде е нејзиното дете со месеци, детето што го родила, дали бришела статуси, како и што пишувала, не може никој ништо да и замери, човек во таква ситуација права среќа е ако не полуди. На никоја фамилија не и го посакувам ова, бидејќи ова е нешто најлошо што може да се случи, единствено полошо од самата смрт, е ако исчезне, страдаш и се држиш за 1% некоја надеж додека во себе се ти кажува дека треба да се навикнеш на животот без твоето дете, за на крај да се помириш. Не си поминал низ смрт на близок еднаш, си поминувал секој ден со месеци... Жално, се надевам дека брзо ќе се разреши целава оваа работа.
И апел за сите, колку и да звучи клише, па и смешно. Држете се настрана од сомнителни ликови, од ликови кои ви нудат многу без да бараат ништо за возврат, од брзи заработки, немојте да се потпирате на некој за кого ништо не знаете, почнувајќи од најбазични работи како влагање во кола кај непознат, споделување битни податоци на некој што не го знаеш доволно добро... Можеби ќе си речеш возрасен сум јас ништо не ми можат, ова се прикаски за мали деца, но не секој ги има научено овие лекции уште од мал, а и да ги има, секој може да направи грешка што може многу да го чини. Внимавајте.