Исчезнати лица

Член од
14 август 2006
Мислења
45.451
Поени од реакции
84.860
Ако детето ми биде веќе најдено мртво, веќе нема да ме интересира дали е со органи или без.
.
Ти можеби не. секакви кричри постојат.
Но, луѓето се грижат за своите роднини и оние кои ги сакаат. Не се како тебе. Огромно мнозинство би барале одговори и во време на ваква масовна параноја речиси сите без исклучок би провериле дали се тие гласини точни. Ти си посебен случај и можда и без глава да ти го вратат ќе те боли уво дали ја има или не. И велам имаш право на секаков став се додека не повредуваш други.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.342
Поени од реакции
26.334
Ова ми е последен пост на темава.
Не те знам, ама по болдираното, репликата, и твојот став, можам да заклучам дека, прво, си наивен до максимум (најверојатно те има коштано у животот тоа), второ, дека воопшто не си запознаен со КЗ и ЗП на Р.М што нема поента више и муабет да правам, и трето, ова аутоматски те става во потпросечна група на граѓани кои само си ќутат и траат додека не осетат на своја кожа, т.е. part of the reason зашо државава е во стањето во кое што е (каков народ таква држава).

Нема многу да се објаснувам, само ќе ги пишам двете спротиставени ставови па ти тумачи ги и може ќе искочиш со некој заклучок:

Потпросечен став на граѓанин:
„Види го овој шири дезинформации! како смее да ми го наруши мирот и да шири ваква параноја со вакви глупости, во оваа розева држава кај што МВР и судска се транспарентни до максимум за секоја ситуација бидејќи целта им е Македонскиот народ да ја знае вистината! И овој дечково шо глеа многу крими серии, одма да го казнат!

Натпросечен став на граѓанин:
„Другар, фала на споделувањето искуства и дигањето свест за опрезност. Реално балканов е со најголем ризик за дешавање на вакви срања и држави кои не функционираат како Косово, МК, итн, постои шанса за секаков криминал. Ти го разбирам стравот. Можеби се крева параноја и страв, можеби лажен, можеби не, но тоа е далеку подобро, отколку мене или на детето да ми се деси истово ко што им се деси на овие неколку души последниве недели. Јас не треба да се ставам во чевлите на жртвите за да осетам колку е алармантна ситуацијата, затоа better be safe than sorry! И така ќе пројдат 2-3 дена и како и со се друго, македонскиот народ ке забораи и за ова, ама барем некој се згна да не предупреди, СЛУЧАЈНО, барем и со 0.1% шанса, да не се најдеме жртви. Пошто малце е сомнителна ситуацијата последниве недели. И можда ради таа толкава фама на ФБ, некој случајно се спасил! Можда и не.“

МаЌедончиња едни. :)
Јас сум во втората група и стварно сум ти благодарен. Само ме интересира дали некоја од развиените држави ти има понудено да работиш кај нив како граѓанин и да им ги подобруваш општествата?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.451
Поени од реакции
84.860
Ако детето ми биде веќе најдено мртво, веќе нема да ме интересира дали е со органи или без.
А и кој сум јас бе ? еден обичен смртник, не можат тие мене да ме прелажат дека детето ми е со органи да стават потпис на еден документ и ајт на пограбално.
Знаеш ли ти дечко дека најлесна хирушка операција е на бубрези ? наједноставните и најлесните трансплантации на човечки органи е токму тоа - бубрези, а истата операција не трае повеќе од 20тина минути. Еден хирург од Британија дури предложил легализирање на трговијата со органи само за да се спречи ваквиот тип на "туризам" но ова не е прифатено од страна на државниот фонд многу нормлано.
Пред многу години сведок сум на другарче со кој заедно бевме на одмор,нема да наведам на кои острови и која држава- се врати ноќта со болки во кичмата, почнавме да му приредуваме маалски шеги се до моментот кога не забележавме мал рез на левата страна на кичмата, дома се врати без бубрег, а сите поплаки, жалби, трчкарања по полиции и разни овластени служи беа залудни.
Пријател ми почина во странство, никогаш не се дозна која е точната причина за настанатата смрт, мртвото тело и го пратија на мајкава - го прегледа стоматолог кој кажа дека тие заби не се негови, а средија и со врски да му ги испитаат ноктите (Ноктната подлога е всушност збир на мртви ќелии на кои не им е потребен кислород и како такви најспоро се распаѓаат) -и се дозна дека тоа не е нејзисниот син. Никогаш не дозна зошто воопшто и пратија друго тело.
Сведок сум на настан уште на времето,кога го отворија рамсторот за кражба на девојче. Алармантно го затворија цел мол и се водеше истрага од неколку часа се дур не ја пронајдат - потстрижено КЕЛАВО. Мајкава ја грабна и инстантно си заминаа.
Настан за кој никогаш ништо не се спомна и не искочи во јавност !
Кажи ми дека не се вмешани државни јавни влијателни органи !
Ќе бидам досаден кога пак ке кажам за докторот од Охрид ? Моја пријателка роди здрави дечиња откако после некој ден и кажаа дека се починати, никогаш не ги виде мртвите тела ниту дозна што се случило.Се жалеше по институции, за правдина. Залудно. И ова не е само еден случај во Охрид, ги има многу, за кои не знаеме.
Кажи ми дека не се сите институции поврзани меѓу себе ? Кажи ми дека нема само врски и мито во државава.

еве сам погледни
https://www.youtube.com/watch?v=Ht4eLIw3q1s
https://www.youtube.com/watch?v=cYsrvfKqGvE

И ова така се погодило, да знам бидејќи се случило на мои блиски, а сите докази се избришани.
има многу луѓе кои се над тебе, на кои ти не им можеш ама баш ништо, а твоето ќе го направат само една обична шпекулација и лажга, како што го прават со години уназад.
А ти можеш да продолжиш да сонуваш дека во ромско маало можеш само да јадеш ќутек( не е ова црнечко гето од њујорк), кога и самите роми не знаат по колку деца имаат, а голем дел од нив своеволно ќе ги дадат на истите Алабнски испектори за пари.



Тука си само еден будала како мене, кој ќе биде нападнат од ''интелектуални црни хроники'' па пошо не вреди, ќе се повлечеш.
Залудно се објаснуваш за некој што само знае интелектуално да те навреди. Најлесно е тоа да вреѓаш, но кажете нешто вредно што би било достојно за почит.
Ама се изначитав само критики и омаловажување за став кој треба да биде моја лична слобода на изразена мисла, споделен настан,желба за поголема предпазливост .
Нема правдина и ќе станеш уморен, уморен незнаејќи како да докажеш, исто како што моите пријатели не можат да докажат. Во рацете документи за доказ кој треба да искочи само на виделина,но само ќе бациш многу инстиуциски врати. Нервозите кои ќе ги претрпеш, кои здравје чинат не вредат за ништо. И така уморен како обичен смртник ќе бараш начин како да избегаш што подалеку од сето ова, да бегаш, но трчајки и никогаш да не сакаш ни да помислиш за назад...

А вие исто како мене што не сакате да признаете дека сте обични смртници, пазете да не завршите во некој гепек од пежо пошо според некои интелектуалци во мала кола не можеш да бидеш киднапиран. Ама да не ви го фурам вашиот црн хумот, пошо на темава само ми се распарчува срцето на милион парчиња пошо очите ви се преврзани со црн превез.
И можеби стварно грешам, можеби нема врски, нема криминал, нема бело робје, нема трговија, нема ништо - каква будала - па нема ништо објавено јавно.

Толку и од мене.
Сега се потрудив и ти го прочитав скоро целиот пост.

Другар ти бубрег му извадиле, не ни познал, другарка ти мртви деца и рекле дека и се, а и ги украле, другиот пријател умрел не се знае како, не се знае каде и со NCSI откриле дека у ствари телото не е он, пред тебе крадат девојче и го шишаат нуларица, Господ знае што све се дешава у твоја околина.


Ти си бре проклето суштество. Бегај од мене.[DOUBLEPOST=1551205347][/DOUBLEPOST]
Izvini ama ja ne rekov nisto takvo. Ja samo postav. A ti mozes da se odnesuvash ko supak sprema drugim
Смири се и напиј се вода со шеќер. Нигде не реков дека ти си го рекол тоа. Тоа беше мое лично логично размислување кога ја прочитав таа вест.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
А МВР место да се занимава со ФБ испади на менопауза тетки и антиваксер мамички, да ги потсреди малце уличните багабонти? Во Ѓорче може десетина постари жени биле нападнати и ограбени овие два месеци. :toe:

Едит: Заборавив, занимавање со вистински проблеми not found in this country .
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.076
Поени од реакции
7.163
@Ficiani брат, одмагаш на нацијата што очајно сака да се дружи со женскиот пол. Дури ни на факултет ги нема веќе колешките, што обично доаѓале кога имаме предавања до 8 часот навечер. Многу добар инфлуенсер си во општеството, треба да те наградат.

Малце посериозен да бидам, институциите треба кривично да те гонат за сеење страв и паника меѓу луѓето. Со среќа нека ти се лајковите, што друго да ти кажам. Ти посакувам само влечење по судови, а да те познавав лично едно киднапирање ќе ти организирав, да почувствуваш страв што може да ти влијае до крајот на животот :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.976
Поени од реакции
23.896
Овој у Хиподром што му распара со нож утроба вчера, се рачуна ли како обид за вадење органи?
Не.
Треба да не му е добро на тој што му се вадени органи, за утре кога ќе се разбуди од спиење да види рецка на стомакот.

Не ми се верува дека тоа го прочитав...биле на одмор на некој остров (островот строга тајност) и другар му му извадиле бубрег, ама он не приметил.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.451
Поени од реакции
84.860
Ова со бубрегот и одморот го имам слушнато во 10 верзии.
а ја тоа со детето киднапирано у стоковна куќа/трговски го слушав едно време секоја година отпоново у друг трговски
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.415
Поени од реакции
25.305
А МВР место да се занимава со ФБ испади на менопауза тетки и антиваксер мамички, да ги потсреди малце уличните багабонти? Во Ѓорче може десетина постари жени биле нападнати и ограбени овие два месеци. :toe:

Едит: Заборавив, занимавање со вистински проблеми not found in this country .
Најголемата иронија е тоа што пола држава се џандари, во Охрид на голем дел од нив работна задача им е да ги чуваат куќите на пратениците што гласаа за промена на име. Значи растиш одиш на школо се градиш како личност и на крај опис на работно место ти е чување табли и пратеници.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.451
Поени од реакции
84.860
МВР: Се злоупотребуваат стари случаи со исчезнати лица за да се шири страв кај граѓаните

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите што вчера и денеска се споделуваат на социјалните мрежи дека е исчезнат Лука Божиновски.

„Се злоупотребува случај од 2017 година кога лицето е пријавено за исчезнато и веднаш пронајдено. Имено, Лука Божиновски е пријавен за исчезнат на 3.8.2017 во ПС Ѓорче Петров и веднаш е пронајден односно запрена е потрагата по него на 4.8.2017. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни вести со кои поединци сакаат да предизвикаат страв и несигурност“, нагласуваат од МВР.

Ваквите лаги и дезинформации, според МВР, се прават со цел да предизвикаат страв кај граѓаните.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Џандариве и болеснициве за внимание ја у иста група ги сврстувам - зрели за летање у Вардар кога е подиспразнет. Соучесници се у креирањето хистерија...
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
894
Поени од реакции
1.954
Навали народе


Sent from my PRA-LX1 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom