Исчезнати лица

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.750
Поени од реакции
30.578
Сето ова плус од каде им сигурноста дека имал пристап до интернет, надвор од Македонија? Кој сте вие тие сите богаташи на роаминг вести што читате?

Јас прво што правам е да проверам дали роаминг имам вклучен, и турците се ептен сељачишта кога станува збор за бесплатен WiFi, дури и средна класа 5 ѕвезди хотели дрско ми барале пари за WiFi.
Па имал бизнис некој типот, плус ставено слика од патот.
За 10 евра имаш esim картички со интернет преку апликации, не треба ни од кола да излегуваш ни застануваш.
 
Член од
5 март 2023
Мислења
431
Поени од реакции
1.746
Аууууу колку се претерува со сомнителноста дека има нешто повеќе во позадина и дека МВР крие нешто поголемо во случајов!
Се удавија луѓево со нездрави претпоставки и сомничавост.Дури и Ленин Јовановски кој бил магистер по криминологија е убеден дека некој многу помоќен стои позади случајов.
Добро бе, како магистер по криминологија треба да бидеш свесен дека вакви бизарни злостори се случувале на секој чекор низ текот на историјата.Не мора на се да се гледа со сомнеж и параноја.
Ај просечнава раја што влегува во нездрави филмови, ама ти бе пријателе си магистер за таа работа.
Каква параноична нација сме, опасна работа.
Само поставив прашања, не убив човек. Ваљда е дозволено да поставиш прашања кога имаш нелогични работи презентирани на телевизија. Ако напаѓаш нападни со контра аргумент а не да викаш дека сум влагал у нездрави филмови
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.497
Поени од реакции
3.625
Ама сте се фатиле за тој што го возел од Белград до турска граница. Види, Палчо им бил лидер на партија и главен таму, сигурно гледале со почит кон него, го слушале, им го перел мозокот постојано овој за овие да му бидат играчи и да му ги следат сите постапки.
Отишол у Белград, му се јавил на овој му рекол дојди земи ме имаме нешто хитна работа за Турција преку Бугарија нема кој да ме вози, ти си ми најсигурен, ќе земеме кеш а у, ќе има и за тебе.
И толку му требало на тој, по пат го обработувал може, го лажел, му го перел мозокот.
Нас вака ни изгледа на чудно КАКО МОЖЕ ТАКА ама верувајте дека може, дека постојат многу глупи и поводливи луѓе, луѓе што немаат капка памет у главите кои лесно може да бидат обработени и изманипулирани.
Возеле, можда му рекол да не пушта интернет, да не верува на никој, може му наспомнал дека сакаат да го местат, идат избори бла бла, толку му треба на тој, со самото тоа што лидерот на партијата баш тебе те одбира да го возиш на битна задача у Турција, ти брате и диносаурс да помине покрај тебе нема да го приметиш.
Можеби кога се враќал сам, се освестил, добил информации и одлучил да пријави, може едноставно го фатиле на граница па кога веќе видел дека нема кај да бега и е фатен на дело одлучил да соработува со полицијата.

Абе има луѓе кај нас кои ги насскаа да влезат у државна институција да тепаат пратеници, вие се чудите како некој може да вози човек со кола. Па огромен дел од народов кога се деси Мартин Нешковски викаше па што тој наркоман бил ко демек океј е што е убиен па сеа бараме влакно у јајцето за уште еден од многуте испрани мозоци.
Се било само не тајна задача на ликот што го пренел од Србија преку Бугарија до Турција. Буквално објавувал слики од патувањето на социјалните мрежи, арно и од Палчо не објавил како пијат кафе по пат
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.650
Само поставив прашања, не убив човек. Ваљда е дозволено да поставиш прашања кога имаш нелогични работи презентирани на телевизија. Ако напаѓаш нападни со контра аргумент а не да викаш дека сум влагал у нездрави филмови
Не се однесуваше само на тебе постот бе човек.
А инаку, не можеш да бараш до толку логички патерни во вакви злостори.Голем дел од злосторите немаат смисла или логика кога ги гледаш отстрана.
Се убивте од прашања поставување, зошто вака, зошто онака?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.567
Поени од реакции
8.020
Уште ми е нејасно како можеше никој во зградата да не слушне и да не види кога се грабнува девојчето.
Ок ве разбирам некој тука што пишуваат можеби ја заспале, ја удрил некој од учесниците во киднапирањето па се онесвестила ама пак во такви ситуации се слуша дека нешто се случува во ходникот.

Се слуша шушкање кога отвараш вреќа за спиење, кога дигаш нешто, кога ќе падне нешто па и најмирно да одиш по скали во зграда ќе се слуша.

Друго кај била мајката тој час? На работа?
Девојчево само било дома?
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.374
Поени од реакции
13.289
Овој Марсело сигурно живее у пештера, друго објаснување немам.
Три дена по исчезнувањето прашуваше дали телефонот и е исклучен. Сега поставува вакво прашање.
giphy.gif
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.648
Поени од реакции
5.560
Уште ми е нејасно како можеше никој во зградата да не слушне и да не види кога се грабнува девојчето.
Ок ве разбирам некој тука што пишуваат можеби ја заспале, ја удрил некој од учесниците во киднапирањето па се онесвестила ама пак во такви ситуации се слуша дека нешто се случува во ходникот.

Се слуша шушкање кога отвараш вреќа за спиење, кога дигаш нешто, кога ќе падне нешто па и најмирно да одиш по скали во зграда ќе се слуша.

Друго кај била мајката тој час? На работа?
Девојчево само било дома?
Можно е да се онеспособи заспие и одвлече во просторија во зградата каде што не мине никој, незнам каква е внатрешноста на зградата но зградите имаат подруми и други простории.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.750
Поени од реакции
30.578
Уште ми е нејасно како можеше никој во зградата да не слушне и да не види кога се грабнува девојчето.
Ок ве разбирам некој тука што пишуваат можеби ја заспале, ја удрил некој од учесниците во киднапирањето па се онесвестила ама пак во такви ситуации се слуша дека нешто се случува во ходникот.

Се слуша шушкање кога отвараш вреќа за спиење, кога дигаш нешто, кога ќе падне нешто па и најмирно да одиш по скали во зграда ќе се слуша.

Друго кај била мајката тој час? На работа?
Девојчево само било дома?
Па можеби оти се слуша никој не се посомневал на нешто, ти секогаш излегуваш пред врата кога ќе слушнеш гласови?
Плус имаше информација од некаде дека само 3 стана имало (не сум сигурен)
Има луѓе што и порано излегуваат за на работа.
 
Член од
13 мај 2016
Мислења
33
Поени од реакции
36
Уште ми е нејасно како можеше никој во зградата да не слушне и да не види кога се грабнува девојчето.
Ок ве разбирам некој тука што пишуваат можеби ја заспале, ја удрил некој од учесниците во киднапирањето па се онесвестила ама пак во такви ситуации се слуша дека нешто се случува во ходникот.

Се слуша шушкање кога отвараш вреќа за спиење, кога дигаш нешто, кога ќе падне нешто па и најмирно да одиш по скали во зграда ќе се слуша.

Друго кај била мајката тој час? На работа?
Девојчево само било дома?
Упа ентерпрајз т.е. Палчо има во сопственост помошни простории на приземје 20 м2, може да се види на катастар јас отворив проверив. Доволно е да ја онесвестат и да ја пикнат во таа просторија и внатре никој нема да ги види.
 
Член од
16 септември 2009
Мислења
67
Поени од реакции
95
Аууууу колку се претерува со сомнителноста дека има нешто повеќе во позадина и дека МВР крие нешто поголемо во случајов!
Се удавија луѓево со нездрави претпоставки и сомничавост.Дури и Ленин Јовановски кој бил магистер по криминологија е убеден дека некој многу помоќен стои позади случајов.
Добро бе, како магистер по криминологија треба да бидеш свесен дека вакви бизарни злостори се случувале на секој чекор низ текот на историјата.Не мора на се да се гледа со сомнеж и параноја.
Ај просечнава раја што влегува во нездрави филмови, ама ти бе пријателе си магистер за таа работа.
Каква параноична нација сме, опасна работа.
Не е до толку параноична нација туку е недоверба во институциите јер стварно има недоверба во институциите а ова е чист пример.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Уште ми е нејасно како можеше никој во зградата да не слушне и да не види кога се грабнува девојчето.
Ок ве разбирам некој тука што пишуваат можеби ја заспале, ја удрил некој од учесниците во киднапирањето па се онесвестила ама пак во такви ситуации се слуша дека нешто се случува во ходникот.

Се слуша шушкање кога отвараш вреќа за спиење, кога дигаш нешто, кога ќе падне нешто па и најмирно да одиш по скали во зграда ќе се слуша.

Друго кај била мајката тој час? На работа?
Девојчево само било дома?
Имаше коментар дека зградата не била баш населена, неколку фамилии имале по повеќе станови. Не знам за таа зграда, ама знам такви случаи на мали згради и во Скопје и надвор од Скопје.
 

Mundell

тој со бројките
Член од
24 септември 2014
Мислења
622
Поени од реакции
1.059
А кој ви се “експертите”?! Ленин магистерот? :facepalm:
Споделувам информација. Уставри кога ќе размислиш ептен наивно течеше целата потрага и сл. Секако, за вас експертите на форумов не. Не мораш да ме вулгаризираш не го напишав јас тоа.
..Како вака експресно не ги најдоа оние за смилковско, глигоров итн.

#Банана држава
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.206
Поени од реакции
14.471
И да не е политика, ваков случај, особено затоа што жртва е дете, нормално дека ќе предизвика огромно внимание и ќе се поставуваат милион прашања.

Како се одвива целиот настан, бизарноста (ако воопшто е прикладен зборот), колку лудо се одвива злочинот, како овие идиоти криминалци прават грозоморни работи уште на стартот од акцијата, особено кога ќе го киднапираат девојчето и ги фаќа паника.

И официјалната верзија, друга воопшто не сум ни земал озбилно во предвид, е толу одвратна, неверојатна, не ти дава разумот да веруваш дека може на таков начин да заврши живот на едно дете.

Поради тоа е и потребата кај луѓето да му дадат поинаква позадина на целото убиство.

Не е само кај нас, гледам дека и Хрватите пишуваат за "мистерии", околу убиството.



Screenshot_20231206_105528_Chrome.jpg


Навистина има некои слаби места во официјалната верзија, за кои се надевам дека ќе добиеме одговор во наредниот период и нема да се влечат многу контроверзи.


Смилковско езеро е најлош пример, тој најгрозоморен настан што се случил во Македонија во мирнодопски услови, а уште не знаеме се околу него. Неколку пати политичарите се изживуваа врз масакарот и врз болката на најблиските. Страшно нешто што се случуваше и како се манипулираше, како да не беше доволно одвратен самиот настан, па мораше да се лешинари над него.

И на крај, и денес не знаме зошто ги убија. Уште некои медиуми и политичари повикуваат на "независна меѓународна истрага", односно се проблематизира и кои се убијците.

За жал, жртвите бргу се забароваат, како и болката на најблиските. Колку и да звучи одвратно, истото ќе се случи и со Вања.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom