Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Како беше народната, со овците и монтките :D Иначе ја зедов од нашиот единствен професионален билдер.
Како и да е ,чисто информативно очекуав некој коментар од вас неколку што имате поголемо разбирање.
Затоа и те прашав, дали ти ја правеа специјално за тебе ти ја даде без никакви конкретни пресметки и прилагодувања:D
Ти кажал дека колата вози на бензин, но не ти кажал дека треба и масло, вода, филтри, сензори....него го имам гледано да јаде по 200гр чоколада пред тренинг и да дига колку што јас дигав, а да расте 5пати побргу и да биде чист цела година....
Нуклеарна наука нема тука, ова што ти го пишал е во принцип така, можеби количински е претерано, бидејќи не знам колкав човек си ти, али распоредот е ок, само за резултати како неговите ќе ти требаат и рецепти до аптека.
 

Mariusz

biohemija
Член од
22 октомври 2014
Мислења
149
Поени од реакции
46
Како беше народната, со овците и монтките :D Иначе ја зедов од нашиот единствен професионален билдер.
Како и да е ,чисто информативно очекуав некој коментар од вас неколку што имате поголемо разбирање.
Ima li vrednosti listava?
Kolku kalorii , masti spored vidot na mesoto int?
Taka profesionalno?
 

X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
Здраво , режимов го платив 100евра па ако некој се затрча да плати нешто вакво волку, боље да го прочита овде или искомбинира нешто од истово.
Само ме интересира критики/коментари од тие што се поупатени у ова, нечиво мислење ?!

1.Оброк - Омлет од 5 белки + 100гр житарици + банана
2. Оброк - 200-250 гр месо + 100гр ориз
3. Оброк - 200-250 гр месо + 150гр компир
4. Оброк - 100гр Макарони + 50гр урда
5. Оброк - 200гр месо + 100гр ориз
6 Оброк - Банана + шејк(протеин + БЦА)
7 Оброк - 5 белки + брокула/морков/златна мешавина
Пред спиење протеински шејк со ниско маслено млеко

ПРЕД ТРЕНИНГ 1 банана + шејк(протеин, глутамин, бца, стимуланс)
ПОСЛЕ ТРЕНИНГ 1 Банана + шејк(протеин, глутамин БЦА)
Ова е е*ење у здрав разум лол... ај што си платил за ова 100е, барем да вреди нешто, ова нема ништо да ти помогне, може само да се здебелиш па после да ти бара уште 100е како да извадиш стомачни :LOL: Ја незнам до кога ќе има луѓе што мислат дека ако го копираат рони колемат во тренинг и исхрана ке станат како него....И кој е тој што ти земал 100е за ова ? Зоки Колевски ?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Ова е е*ење у здрав разум лол... ај што си платил за ова 100е, барем да вреди нешто, ова нема ништо да ти помогне, може само да се здебелиш па после да ти бара уште 100е како да извадиш стомачни :LOL: Ја незнам до кога ќе има луѓе што мислат дека ако го копираат рони колемат во тренинг и исхрана ке станат како него....И кој е тој што ти земал 100е за ова ? Зоки Колевски ?
Нема да се здебели, дечкото има прилично мускулна маса, а и добра висина.
Непрофесионално можеби е што е напишана без дополнително објаснение за калории, количина на протеин/јх/масти и малку претерано со 7те оброци на ден плус протеински шејкови, тоа мислам дека може да си го дозволи само човек што се такмичи и живее од овој спорт, или евентуално некој со вишок време и пари.
По 100 евра земаат глупаци што не знаат дома да си отидат, за разлика од нив овој што му зел си ја знае работата, а мислам дека е и еден од ретките билдери што ги изедуваат вежбите со совршена форма.
За тие пари можел да добие прилагодена исхрана детално според неговите лични апетити и потреби, па дури и тренинг план.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.222
Поени од реакции
2.284
Види овој или оној билдер не се криви и супер си се што со два реда муабет можат на некој неписмен да му земат 100евра. На пример да потрошиш 10мин на нет ќе си најдеш 100 пати подобра програма за тренинг и исхрана ама тоа е тоа, лесна пара за кратко време заработена ич не наоѓам вина кај кој и да е што си продава некакви си програми за исхрана и тренинг вината е кај тој што ја купува.
Проблем не е тоа што треба јас да јадам и каква да ми биде исхраната, си знам јас тоа убаво, проблем е од каде да најдам толку пари за да можам тоа да си го дозволам.
http://www.bodybuilding.com/content/meal-plan-for-every-guy.html
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Види овој или оној билдер не се криви и супер си се што со два реда муабет можат на некој неписмен да му земат 100евра. На пример да потрошиш 10мин на нет ќе си најдеш 100 пати подобра програма за тренинг и исхрана ама тоа е тоа, лесна пара за кратко време заработена ич не наоѓам вина кај кој и да е што си продава некакви си програми за исхрана и тренинг вината е кај тој што ја купува.
Проблем не е тоа што треба јас да јадам и каква да ми биде исхраната, си знам јас тоа убаво, проблем е од каде да најдам толку пари за да можам тоа да си го дозволам.
http://www.bodybuilding.com/content/meal-plan-for-every-guy.html
Има неколку работи кои не ги земаш во предвид:
-некои луѓе немаат желба и време да се замараат со такво читање, реално имаш луѓе што заработуваат во денот неколку пати повеќе од тоа што ќе ти го платат за програма, преморени се водејќи си ги бизнисите и ова сакаат да им биде релаксација, а не дополнително да студираат и да се оптеретуваат
-не секој и од младите разбира перфектно англиски, па да прочита и разбере што треба да прави, а што не
-на интернет имаш премногу статии кои може да те заглават, голем дел од тие што ги читаш продаваат муда за бубрези и се прилично далеку од реалноста, па ќе луташ се додека не најдеш што навистина работи и функционира.

е поради мал милион вакви ситници луѓето си плаќаат по неколку месеци додека не влезат во шема, а некои и постојано си вежбаат со тренер покрај нив.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
реално, имаш луѓе што заработуваат во денот неколку пати повеќе од тоа што ќе ти го платат за програма, преморени се водејќи си ги бизнисите и ова сакаат да им биде релаксација, а не дополнително да студираат и да се оптеретуваат
Да, и обично таквите имаат време да дојдат на форум, да кажат колку платиле за програмата и да речат „ok lie progrmava?“.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Да, и обично таквите имаат време да дојдат на форум, да кажат колку платиле за програмата и да речат „ok lie progrmava?“.
Не, на членот му објаснувам дека постојат такви, нема што да се чуди...а конкретно за тој што платил не искоментирав во која група спаѓа.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.222
Поени од реакции
2.284
Реално тие што заработуваат доволно да имаат да платат програма за исхрана (што пак ке речам бесплатно можеш многу лесно да си ја најдеш) и личен тренер се помалце од 1% и кога веќе платиле нема да се замараат да прашуваат по форуми. Која е целта да платам па после пак низ интернетов да барам дали тоа што сум го платил е ОК, ваква ситуација ми е малку ретардирана.
Второ ако не знаеш англиски денес во 21 век сепак имаш веќе и доста македонски сајтови каде има совети и за бодибилдин и за правилна исхрана па и на форумов има добри мислења од кои можеш барем основите да ги научиш.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.483
Поени од реакции
3.297
Добро де, членот сакал можда режим да добие лично од некој професионалец, платил што платил и еве барем сподели со нас за што ги дал парите.
 
Член од
7 октомври 2009
Мислења
310
Поени од реакции
151
George , глеам нешто сакаш академец да глумиш и се праеш паметен, ај види некоја тема академско-право побарај и таму дискутирај, нели глеаш дека у тема Исхрана сум пишал режим , што сакав да го споделим и некој ако може нешто да превземе од истиот или едноставно да не се затрчуе како мене да плаќа нешто вакво. Со најдобронамерна цел сум овде, а ако сакав да слушнам само мислење дали е ОК или не, ќе пишев само П.П. на неколку поединци како Кеплер.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Реално тие што заработуваат доволно да имаат да платат програма за исхрана (што пак ке речам бесплатно можеш многу лесно да си ја најдеш) и личен тренер се помалце од 1% и кога веќе платиле нема да се замараат да прашуваат по форуми. Која е целта да платам па после пак низ интернетов да барам дали тоа што сум го платил е ОК, ваква ситуација ми е малку ретардирана.
Второ ако не знаеш англиски денес во 21 век сепак имаш веќе и доста македонски сајтови каде има совети и за бодибилдин и за правилна исхрана па и на форумов има добри мислења од кои можеш барем основите да ги научиш.
Абе имаш и видеа на македонски од еден поранешен член од форумов, али не верувам дека сакаш да се потпреш многу на истите. Верувај дека такви имаш и по тие што ги гледаш на youtube од други земји.

Слаб сум со време и не знам колку смее да се постира литература на форумов, т.е пдф документи од книги за бодибилдинг, пауерлифтинг, биохемија, фитнес, одбрани поглавја од медицината кои го тангираат бодибилдингот, нутриционизам и тн... доколку смее да се прави ова може да отвориме посебна тема во која ќе може секој да постира литаратура која би помогнала на секој што е заинтересиран да научи нешто повеќе за овој спорт.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Јас единствено би се конслутирал/платил со професионалец како Зоки, ако планирам да влегувам професионално во овај спорт.
- Негледам која е причината за рекративно вежбање да плаќаш по 50/100/200+...е за програми.
Со 2 години редовен тренинг и познавање на најосновното без проблем ќе стигнеш до совршено тело за на плажа (така да се изразам).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom