Во една прилика кажа дека протеините кои ги конзумираат билдерите немаат никаква врска со нивниот раст на мускулите,туку дека мускулите растат единствено со вежбањето.Нејзиното објаснување беше тоа дека протеините се составени од аминокиселини,а додека аминокиселините биле составени од некои елементи кои ги имало во воздухот,и уствари ние сите сме дишеле амино и преку белите дробови сме ги внесувале.
Е сега пошто јас врска немам од овие работи(си вежбам и си јадам),ме интересира вие да кажете нешто,ваше мислење за оваа според мене огромна глупост.
Едит-Сега прогуглав нешто за оваа жена,гледам дека држела предавања во Скопје за алтернативната медицина и слично.Ме интересира од каде и на неа таква смелост да каже вакво нешто,поради тоа што како што сите гледаме светот на бодибилдингот,најголемите шампиони,како главно нешто ги наведуваат протеините.
Ве молам за одговор