Летоска Хисар беше всушност Експрес Тур... И моето патување не беше најпријатно, ај што се расипа автобусот на враќање, туку и возачите се докажаа како посветени шверцери на цигари и чај...
Се сложувам, ако повеќе ти одговара, земи си авион и не се малтретирај. Од Ататурк (аеродромот) имаш шатл бусови до Истанбул за 10 лири (околу 250 денари).
Јас престојував во еден хостел, на 50 метри од Истиклал и Таксим (познатата пешачка зона). Во самото срце на Истанбул. Тогаш чинеше околу 15-6 евра од вечер, е сега, зависи што очекуваш и какво ниво на услови сакаш. Се разбира, колку повеќе платиш, повеќе луксуз добиваш. Инаку, дури и на Истиклал цените не се многу повисоки од тука, што се однесува на храна и пијачки, освен ако не сакаш ексклузивни ресторани и кафеа. Ако сакаш да купуваш нешто облека или што знам, Капали чаршија ќе ти се чини логичен избор.... но, на мое чудење, понекогаш во продавниците на Истиклал се наоѓаа дури и поевтини работи.
Влез во Аја Софија е 20 лири. Во Султан Ахмет (Сината ЏАмија) не се наплаќа, со тоа што треба да имаш обзири, оти џамијата е активна, а Аја Софија е музеј.
На Топкапи не отидовме оти ни кажаа дека имало километраски редици за влез.
Во Долмабахче исто така, мислам дека влез чини 20 лири.
Градскиот превоз воопшто не е скап.
Можеш да бираш метро, градски автобуси, трамваи, и комбиња. Се рабира, бродови за преку Босфор и до островите, кои, исто така, не се нешто претерано скапи, а поаѓаат од неколку пристаништа од Кабаташ до Ускудар на азиско тло.
Ако ме служи памтењето, едно возење со метро чини 3-4 лири. Ако остануваш подолго, ти се исплати да си купиш мултинаменски чип (не е баш чип, ама не знам како да го објаснам) за градски превоз.
Веднаш штом ќе стигнеш да си се снабдиш со мапа!!!! Веднаш. ЗА паметно да си го комбинираш превозот. Ги делат на дескот за информации на аеродром.
Се разбира, секогаш можеш да најдеш организирани тури, кај Аја Софија ќе те затрупаат и водичи за внатре и Хоп ин-Хоп аут тури и понуди (мислам дека имаш од 20тина лири нагоре), а ти ќе си избереш дали сакаш да прифатиш,или преходно подготвен, ќе одлучиш да истражуваш сам (јас оваа опција ја сакам повеќе).
Гладен нема да останеш.
На Истиклал има едночудо ресторани и барови и клубови... традиционални, интернационални, секакви...
Иако не сакам многу гужви, а во Истанбул гужвата никогаш не престанува, сепак одвај чекам пак да го посетам, овој пат на малку подолг период.
Уживај!