Истанбул

Член од
3 март 2012
Мислења
63
Поени од реакции
3
дали може некој да ми каже повеке за овој град? дали сте биле , преку која агенција? Итно ми е
 
Член од
3 март 2012
Мислења
63
Поени од реакции
3
не мислев на тоа -.- туку мислев на градот на цените како е таму , а не ме интересира Полат ! :mad:
 
М

Мартин`

Гостин
Што поточно те интересира за Истанбул ? за превоз прашај на автобуска во Скопје имаат редовно линии (пр Хисар туризам) 60 евра е повратна со автобус, иако ако мене ме прашуваш плати си 20-30 евра повеќе и оди со авион доколку си во можност бар нема да се малтретираш долг пат..
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.061
Поени од реакции
1.077
Извини,ама немаме ценовник од Истанбул.
Како и секој град,ако сакаш луксуз ќе си го платиш,ако сакаш евтино и тоа има...ако мислиш за цените на предстој и ресторани...Може да пишеш што поконкретно сакаш.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.193
Поени од реакции
2.258
Летоска Хисар беше всушност Експрес Тур... И моето патување не беше најпријатно, ај што се расипа автобусот на враќање, туку и возачите се докажаа како посветени шверцери на цигари и чај...
Се сложувам, ако повеќе ти одговара, земи си авион и не се малтретирај. Од Ататурк (аеродромот) имаш шатл бусови до Истанбул за 10 лири (околу 250 денари).
Јас престојував во еден хостел, на 50 метри од Истиклал и Таксим (познатата пешачка зона). Во самото срце на Истанбул. Тогаш чинеше околу 15-6 евра од вечер, е сега, зависи што очекуваш и какво ниво на услови сакаш. Се разбира, колку повеќе платиш, повеќе луксуз добиваш. Инаку, дури и на Истиклал цените не се многу повисоки од тука, што се однесува на храна и пијачки, освен ако не сакаш ексклузивни ресторани и кафеа. Ако сакаш да купуваш нешто облека или што знам, Капали чаршија ќе ти се чини логичен избор.... но, на мое чудење, понекогаш во продавниците на Истиклал се наоѓаа дури и поевтини работи.

Влез во Аја Софија е 20 лири. Во Султан Ахмет (Сината ЏАмија) не се наплаќа, со тоа што треба да имаш обзири, оти џамијата е активна, а Аја Софија е музеј.
На Топкапи не отидовме оти ни кажаа дека имало километраски редици за влез.
Во Долмабахче исто така, мислам дека влез чини 20 лири.
Градскиот превоз воопшто не е скап.
Можеш да бираш метро, градски автобуси, трамваи, и комбиња. Се рабира, бродови за преку Босфор и до островите, кои, исто така, не се нешто претерано скапи, а поаѓаат од неколку пристаништа од Кабаташ до Ускудар на азиско тло.
Ако ме служи памтењето, едно возење со метро чини 3-4 лири. Ако остануваш подолго, ти се исплати да си купиш мултинаменски чип (не е баш чип, ама не знам како да го објаснам) за градски превоз.

Веднаш штом ќе стигнеш да си се снабдиш со мапа!!!! Веднаш. ЗА паметно да си го комбинираш превозот. Ги делат на дескот за информации на аеродром.
Се разбира, секогаш можеш да најдеш организирани тури, кај Аја Софија ќе те затрупаат и водичи за внатре и Хоп ин-Хоп аут тури и понуди (мислам дека имаш од 20тина лири нагоре), а ти ќе си избереш дали сакаш да прифатиш,или преходно подготвен, ќе одлучиш да истражуваш сам (јас оваа опција ја сакам повеќе).
Гладен нема да останеш.
На Истиклал има едночудо ресторани и барови и клубови... традиционални, интернационални, секакви...

Иако не сакам многу гужви, а во Истанбул гужвата никогаш не престанува, сепак одвај чекам пак да го посетам, овој пат на малку подолг период.
Уживај!
 
fala mnogu prijatele :))
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.193
Поени од реакции
2.258
fala mnogu prijatele :))
Ако сакаш повеќе детали, пиши ми приватна порака...
Инаку, да... луѓето се прилично пријателски расположени и немој да се чудиш кога ќе кажеш дека си од Македонија да ти извикаат некој од преку два сокаци шо е по потекло од Македонија, за да ти напраи чест, да те поздрави.... :)
 
Член од
21 август 2010
Мислења
15
Поени од реакции
3
Преку бугарска е 50 евра,а преку грчка 60 евра повратна, а за авионите малце сте се излажале дека се 20 евра поскапи од бусовите зашто цел ебан ден поминав во расправање со агенции на сајт ставиле Истамбул од 70 евра,а кога се јавуваш за резервација излегува 145 евра(и тоа резервирано од декември за крај на март).Ако тие првпат најбитни места се АЈА СОФИЈА,КАПАЛИ ЧАРШИ,ТОПКАПИ и зависи колку време ке останеш еден дел од ТАКСИМ.После убаво е да направиш една тура по Босфор,да отидеш до Орта Ќој,Долмабахче Сарај итн.За транспорт најпаметно е користење метро,ТАКСИ НИКАКАКО зашто до толку се преваарнти таксистите по иста улица ке те поминат 2-3 пати а веруј ти нема нида приметиш пошто ке зјапаш низ прозор.ЗА јадење не се секирај ДОНЕР,ПИДЕ итн.имаш на секои 30 метра.За смештај не се лажи за нешто евтино пошто големи се шансите да налеташ на е...ник,па рации(другари го јадеа така, брат за 13 евра од вечер,топ место и бла бла бла,па оди разбери се со турците кои само 1,3%разбираат англиски)
P.S.Ова е мое мислење
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.521
Истанбул е едно големо гето од град, ненормална гужва во сообраќај, да се качиш во такси и за 3-4 км ќе требаат пола саат и повеќе, хаос со луѓе пренаселеност, многу крадци и џепчии во гужвите посебно на Таксим, треба да се пази каде се оди може човек лесно да се загуби низ некои темни и тесни сокаци и најбитно да се пази каде се јаде. Во Истанбул може лесно да се отруете или па да не ви чини јагнешкото кое го има на секој чекор... Дека има што да се види и дека е релативно евтино (такси, бутици) можеби е точно меѓутоа се на се градот е џунгла голема.
 
честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.027
Их, Истанбул е супер град, година дена имам живеено таму и можам да ти кажам, гужва, донери насекаде, метро користи, забеган народ! Еднаш имаше дешавка, се бркаа со ножеви низ Таксим од тие лево ресторанчињата, лудница! Имаш да се изнашеташ, ја би те советувал да си фатиш пешки од таксим па надоле до море таман ќе поминеш и Галата кулеси преку мостот рибари што е пун до се со Аја софија, ќе си се прошеташ убаво, таман и подземниот водовод ти е таму, мераци. Исто за превоз ако ништо друго се интересни и минибусчиња, летааат чоек, а се плаќа таков влегуаш и даваш на чоекот пред тебе пари и тој на него до возачот и кусур исто ти враќаат. :D
Можеш да го посетиш и Џевахир, огромен трговски, ќе шеташ цел ден во него, ама не се надевај на евтини работи. :)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.011
Поени од реакции
3.548
Авион си е авион. Со автобус не ни помислувам да се мачам до таму. Иначе убав град, многу интересни работи и градби за разгледување.
--- надополнето: 11 јули 2012 во 22:26 ---
Турција, 2 континенти, мост, Босфор, Полат Алемдар, Цариград, султан, ќебапи, мустаќи, сообраќај, Аја Софија.

Доволно? Набрзинка беше ова.
funny-sports-pictures-quadruple-facepalm.jpg

Најубаво објаснување во цел свет.
 
D

dagau

Гостин
Најевтин начин да се стигне до Истанбул? За две недели отприлика треба да одам...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom