Мојот петтооделенец е наречен педер од свои соученици, значи не од сите, се работи за некои 3 деца кои постојано за нешто го исмеваат.За музиката што ја слуша, за новите чизми, општо за се. Запозната е наставничката која реагираше кај децата и кај нивните родители...И така поминуваат 2-3 дена и пак продолжуваат. Како ништо да не се случило..На детето не му се стапнува во школо и мислам дека многу е окупиран околу тоа и го учам да не им обрнува внимание и да не им зборува, меѓутоа не успевам. Барам совет како да реагирам понатаму.
исмејувањата, навредите, понижувањата ... се особено загрижувачка состојба во животот на денешниве деца, дополнително е проблем што персоналот во училиштата ја има изгубено улогата да виспитува и нема никаков авторитет врз децата.
Дополнително ако во наше време заради глупос на ученикот биде повикан родител на разговор со наставник или недајбоже педагог, психолог, дидектор во најмала рака детето ќе си го добие од МИРКО, а денес попрво родителите на бељаџиите ќе се скараат со наставничкиот персонал отколку проблемот да си го решаваат дома.
Најголем проблем е ако детето кое малтретира и самото потекнува од дисфункционално семејство, е дури тогаш само ако му се возврати со иста мера може да има резултат а многупати и тоа не помага.
Така да денес на децава кои се матретирани им е многу тешко образовниот систем е нефункционален и не ги штити, околината ги оцрнува и етекитира како слабаци, родителите се помеѓу и не се никако да ризикуваат да создадат ѕвер или човек.
Правилно и брзо решение на проблемот на детето нема да има, можеби да им се спротистави е најлесно но за тоа детето ќе мора психички и физички да го подготвите и краткотрајно ќе има некој ефект, но на долги стази мора да се обидуваме да создаваме здрави и функционални членови на општеството кои ќе бидат зрели да истрајуваат во најтешките моменти и ситуации, и дека вакви проблеми како ова сега со децата ќе ги следи цел живот

.
се надевам дека ќе го најдете најдоброто и најбезболното решение за вашето дете, кое ако не се случи побрзо а бие веќе кажувате дека детето несака да оди нашколо(понатаму ќе измислува болести за да отсуствува од учи), подоцна ќе попушти со успехот...