Исмејување и вреѓање помеѓу децата

Член од
29 октомври 2017
Мислења
5
Поени од реакции
4
Мојот петтооделенец е наречен педер од свои соученици, значи не од сите, се работи за некои 3 деца кои постојано за нешто го исмеваат.За музиката што ја слуша, за новите чизми, општо за се. Запозната е наставничката која реагираше кај децата и кај нивните родители...И така поминуваат 2-3 дена и пак продолжуваат. Како ништо да не се случило..На детето не му се стапнува во школо и мислам дека многу е окупиран околу тоа и го учам да не им обрнува внимание и да не им зборува, меѓутоа не успевам. Барам совет како да реагирам понатаму.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Реагирај ти кај нивните родители, а ако е стварно педер (т.е оди во таа насока) , малце потешко ќе оди работата :D
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.735
Поени од реакции
24.383
Учи го самоодбрана и зајакни му ја самодовербата. Научи го дека во животот ќе има периоди кога ќе биде понижен и тоа е океј, битно е да се избори, научи го како да се справи со себеси во такви ситуации. Не е едноставно воопшто и треба време. Направи јак човек од него, не трчај за сѐ да му помогнеш, нема цел живот мама да му ги средува проблемите.
 
Член од
8 октомври 2015
Мислења
877
Поени од реакции
2.421
Nareden pat ko ke go navredat neka mu se vrati poostro,ama mislam deka e se do karaktero i do to kako ke se postavis,ako te zemat nadolu nema vrakjanje :)
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Учи го самоодбрана и зајакни му ја самодовербата. Научи го дека во животот ќе има периоди кога ќе биде понижен и тоа е океј, битно е да се избори, научи го како да се справи со себеси во такви ситуации. Не е едноставно воопшто и треба време. Направи јак човек од него, не трчај за сѐ да му помогнеш, нема цел живот мама да му ги средува проблемите.
Ова ти е мислам најдобар совет.
Децата нема да престанат да го закачкаат, зошто, деца се.
 
P

psychostasia

Гостин
Де бре мајке му, му рекле педер и го исмевале за чизми и музика. Нека ги опцуе таму и нека им се спротистави наместо да цмиздри и нема да има проблем од никого. Ако и` кажуваш на наставничката да реагира само проблем му правиш на детето и уште повеќе ќе го исмеваат. Мора малце да го окуражиш да покаже заби, додека не се спротистави нема ни да го остават раат.
 
Член од
29 октомври 2017
Мислења
5
Поени од реакции
4
Реагирај ти кај нивните родители, а ако е стварно педер (т.е оди во таа насока) , малце потешко ќе оди работата :D
:( не ми е баш смешно, али фала за одговорот.[DOUBLEPOST=1509322985][/DOUBLEPOST]
Де бре мајке му, му рекле педер и го исмевале за чизми и музика. Нека ги опцуе таму и нека им се спротистави наместо да цмиздри и нема да има проблем од никого. Ако и` кажуваш на наставничката да реагира само проблем му правиш на детето и уште повеќе ќе го исмеваат. Мора малце да го окуражиш да покаже заби, додека не се спротистави нема ни да го остават раат.
За жал, децата не ги сфаќаат така работите..На наставничката е кажано на училиште, јас разбрав дома, и тие на училиште пробале да го решат проблемот..оти денес на моето, утре на некое друго дете...Фала..ќе разговарам пак со него.. И знам дека колку повеќе кодоши, тие уште повеќе продолжуваат.А што да прави? Да ќути? :([DOUBLEPOST=1509323058][/DOUBLEPOST]
Учи го самоодбрана и зајакни му ја самодовербата. Научи го дека во животот ќе има периоди кога ќе биде понижен и тоа е океј, битно е да се избори, научи го како да се справи со себеси во такви ситуации. Не е едноставно воопшто и треба време. Направи јак човек од него, не трчај за сѐ да му помогнеш, нема цел живот мама да му ги средува проблемите.
Фала, ќе се трудам уште повеќе. Знам дека си во право...[DOUBLEPOST=1509323181][/DOUBLEPOST]
Nareden pat ko ke go navredat neka mu se vrati poostro,ama mislam deka e se do karaktero i do to kako ke se postavis,ako te zemat nadolu nema vrakjanje :)
Тоа и сакам да го разбери и да го примени..Фала[DOUBLEPOST=1509323251][/DOUBLEPOST]
Ова ти е мислам најдобар совет.
Децата нема да престанат да го закачкаат, зошто, деца се.
Да, тоа е...Фала
 
Последно уредено:
P

psychostasia

Гостин
За жал, децата не ги сфаќаат така работите..На наставничката е кажано на училиште, јас разбрав дома, и тие на училиште пробале да го решат проблемот..оти денес на моето, утре на некое друго дете...Фала..ќе разговарам пак со него.. И знам дека колку повеќе кодоши, тие уште повеќе продолжуваат.А што да прави? Да ќути? :(
Не да ќути и да кодоши, туку да покаже малку заби. Тие си бараат жртва таква ко него што само ќе се пика во ќоше и ќе плаче додека они се смеат и го исмејуваат. Мора малку да го охрабриш и да покаже заби и сам да се спротистави, не да ги игнорира туку да застане спроти нив. Не велам да се степа ама не може само да ќути и да трпи.
 
Член од
29 октомври 2017
Мислења
5
Поени од реакции
4
Не да ќути и да кодоши, туку да покаже малку заби. Тие си бараат жртва таква ко него што само ќе се пика во ќоше и ќе плаче додека они се смеат и го исмејуваат. Мора малку да го охрабриш и да покаже заби и сам да се спротистави, не да ги игнорира туку да застане спроти нив. Не велам да се степа ама не може само да ќути и да трпи.
Фала уште еднаш
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Мојот петтооделенец е наречен педер од свои соученици, значи не од сите, се работи за некои 3 деца кои постојано за нешто го исмеваат.За музиката што ја слуша, за новите чизми, општо за се. Запозната е наставничката која реагираше кај децата и кај нивните родители...И така поминуваат 2-3 дена и пак продолжуваат. Како ништо да не се случило..На детето не му се стапнува во школо и мислам дека многу е окупиран околу тоа и го учам да не им обрнува внимание и да не им зборува, меѓутоа не успевам. Барам совет како да реагирам понатаму.
Во глобала имаш два начини.

Едниот е на Макијавели, вториот е на модерен човек со здрав разум.

Двата имаат предности и недостатоци.

Според Макијавели решението е да ги убиеш нив и нивните семејства.

Предноста на овој план е што е едноставен за имплементирање и те наградува со инстант задоволство.

Вториот начин е да не го мазиш детето и да го припремиш за реалниот свет.

Часови за самоодбрана се едно делумно решение. Другиот побитен дел е детето да сфати дека светот не е розев и секогаш ќе има некој што сака да биде поеднаков од останатите.

Исто така треба да е свесен зошто тие тројца лигуши имаат потреба за надменост и дека мора како карпа да се постави (читај да заземе став) ако не сака цел живот да газат по него.

За жал вториов начин бара доста време, свест и упорност нешто што не секој го поседува.

Ти како мајка треба да направиш нешто што е спротивно на мајчинските инстинкти т.е да го оставиш да страда.

Освен ако не се десиле физички пресметки(во овој случај би требало да ургираш) доволно е да го ислушаш,утешиш и да го советуваш, но не и да му ги бришеш лигите што е релативно тешко за било кој родител, но повеќе од потребно за детето да порасне.

П.С Нормално дека ургирањето кај родителите не помага пошто 90% они се причината за однесувањето на нивните деца.[DOUBLEPOST=1509327375][/DOUBLEPOST]
Ова ти е мислам најдобар совет.
Децата нема да престанат да го закачкаат, зошто, деца се.
Иста е приказната и со возрасните само што конфронтациите се најчесто од поинаков тип. Ако не му дозволи да порасне цел живот ќе газат понего.
 
Последно уредено:

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Мојот петтооделенец е наречен педер од свои соученици, значи не од сите, се работи за некои 3 деца кои постојано за нешто го исмеваат.За музиката што ја слуша, за новите чизми, општо за се. Запозната е наставничката која реагираше кај децата и кај нивните родители...И така поминуваат 2-3 дена и пак продолжуваат. Како ништо да не се случило..На детето не му се стапнува во школо и мислам дека многу е окупиран околу тоа и го учам да не им обрнува внимание и да не им зборува, меѓутоа не успевам. Барам совет како да реагирам понатаму.
Ние ова го решававме после-часови-позади-сала. И да изгуби, закачковците нема да го викаат повторно така затоа што знаат дека дал отпор.
Проблемот е следниов: Вашиот син трпи тортура затоа што не дава отпор.

Менталитетот на секој предатор е да напаѓа со што помалку ризик за него, на пр.
крадците најчесто крадат од стари лица и жени, лавовите од цело стадо гнуа прво ги напаѓаат слабите или веќе повредените,
па така и вашиот син е лоциран како најслаб во класот, т.е. најмирен, најкроток.

Внимавајте, вашиот син е 5 одд. и се формира како личност. Секое мешање од страна и негова заштита од родител или наставничка ќе придонесе
вашето дете да се изгради како слаба, плашлива и повлечена личност.
Овој проблем е многу, многу поважен од тоа дали ја напишал домашната
или зошто добил тројка по музичко.
Дајте му храброст да се соочи со тие деца. Тоа е единственото решение.
Модро око или раскрварен нос е многу мала цена во споредба со тоа кога ќе порасне да не може да си најде работа или да си фати женска.
Ова му е животна раскрсница.
 

spaso

Discover the ultimate in relaxed romance with the
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Мојот петтооделенец е наречен педер од свои соученици, значи не од сите, се работи за некои 3 деца кои постојано за нешто го исмеваат.За музиката што ја слуша, за новите чизми, општо за се. Запозната е наставничката која реагираше кај децата и кај нивните родители...И така поминуваат 2-3 дена и пак продолжуваат. Како ништо да не се случило..На детето не му се стапнува во школо и мислам дека многу е окупиран околу тоа и го учам да не им обрнува внимание и да не им зборува, меѓутоа не успевам. Барам совет како да реагирам понатаму.
A da go naterash da otide malku da sportuva ? Sve da bide osven fudbal i kosharka bidejki mu e docna vekje za tie sportovi . Zapishi go na karate ili aikido , em sport , em psihotrening , em kje im krshi kichmi namesto da cmizdi po nastavnichki i majki .[DOUBLEPOST=1509340614][/DOUBLEPOST]
A da go naterash da otide malku da sportuva ? Sve da bide osven fudbal i kosharka bidejki mu e docna vekje za tie sportovi . Zapishi go na karate ili aikido , em sport , em psihotrening , em kje im krshi kichmi namesto da cmizdi po nastavnichki i majki .
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Прво научи го уво да не го боли кој по кажал.
Хиени што завиваат ќе има секаде и секогаш.
Нека начи дека не вреди да се замара со кој што кажал.

После да не се брани. Нешто не очекувано, као на пример: "можда и сум педер и сеа што?"или "имаш видено педер?" или "да бе така е" или “да не си заљубен што ме прашуваш дали сум педер?“

После нека се запише на некоја боречка вештина. Кикбокс, џудо итн. Немаш појма колку ова е позитивно од секој можен аспект.

После може и да се степа и партал да ги направи. И тоа е битно за развојот.[DOUBLEPOST=1509345008][/DOUBLEPOST]
Ние ова го решававме после-часови-позади-сала. И да изгуби, закачковците нема да го викаат повторно така затоа што знаат дека дал отпор.
Проблемот е следниов: Вашиот син трпи тортура затоа што не дава отпор.

Менталитетот на секој предатор е да напаѓа со што помалку ризик за него, на пр.
крадците најчесто крадат од стари лица и жени, лавовите од цело стадо гнуа прво ги напаѓаат слабите или веќе повредените,
па така и вашиот син е лоциран како најслаб во класот, т.е. најмирен, најкроток.

Внимавајте, вашиот син е 5 одд. и се формира како личност. Секое мешање од страна и негова заштита од родител или наставничка ќе придонесе
вашето дете да се изгради како слаба, плашлива и повлечена личност.
Овој проблем е многу, многу поважен од тоа дали ја напишал домашната
или зошто добил тројка по музичко.
Дајте му храброст да се соочи со тие деца. Тоа е единственото решение.
Модро око или раскрварен нос е многу мала цена во споредба со тоа кога ќе порасне да не може да си најде работа или да си фати женска.
Ова му е животна раскрсница.
Нешто паметно и од волк[DOUBLEPOST=1509345267][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин

Мајка сигурна си дека детето не му се иде во школо поради зборот педер ... досега на улица играло ли детето со други деца :confused:

Имаше на интернет приказна за кралеви, едниот го вреѓал другиот, овој не реагирал во смисла:
– Ако некој дојде кај тебе со подарок и ти не го примиш, чиј е подарокот?
– На тој што ти го донел подарокот.
– Истото важи и за зависта, гневот и навредите. Кога не ги прифаќаш, продолжуваат да му припаѓаат на тој што ги носи со себе!
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.925
Поени од реакции
7.854
Ние ова го решававме после-часови-позади-сала. И да изгуби, закачковците нема да го викаат повторно така затоа што знаат дека дал отпор.
Проблемот е следниов: Вашиот син трпи тортура затоа што не дава отпор.
репликава од волков ја користам да кажам како јас го решив проблемот што синот мој го имаше.
Ми беше кажано дека син ми трпи одредени малтретирања од група на деца, јас го викнав син ми да поразговараме и да видам за што се работи. После неговото објаснување јас му објаснив дека некој работи ке мора сам да ги реши, јас неможам за него такви проблеми да решавам, дека ќе мора сам да се соочи со нив. Ми беше одговорено дека ако нешто направи дека јас ќе го карам и дека ќе има проблем со учителката. Јас фино му објаснив дека ако тој не почнува прв да прави проблем дека со мене нема да има проблем а ако учителката му прави проблем тогаш јас лично со неа ке се разберам.....
После неколку недели бев викнат да ми објаснат ( на фин претпазлив начин) дека син ми бил налутен од страна на некој други 3 деца, а потоа син ми земал еден стол и му го удрил од глава на еден од другите..... Од тогаш има некој 6-7 месеци,немам слушнато некој да го малтретира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom