Па јас (затоа напишав според лично искуство) имам приметено дека функционира, незачи дека е најдобар начин а сигурно насилството не е подобро.
Тоа ти велам, поголема свест - ништо не функционира од самите учители/учителки (наставници) до психолози.
Да не зборувам за дефектолозите (друга тема е тоа), во мое време ги немаше секаде.
Како и да е, овој проблем не останува внатре во училиштата.
(значи тепање и изживување а не заебанции од типот педер медер и сл.)
Проблемот се наоѓа во начинот на (не)справување со проблемот. Нашиве наставници/учители се во голема рака незапознати со проблематиката и истиот го третираат како детска игра.
Ко што реков, bullies се луѓе кои уживаат во нанесување болка и мизерија кај други луѓе.
Така им е wired мозокот. Ова во ниеден случај не може да биде здраво однесување и игнорирање на вакви случаи доведува до пуштање во светот уште еден антисоцијален човек кој ќе придонесе до развој на дисфункција во општеството. Игнорирање на ваква личност не прави ништо друго освен тоа што му доведува до знаење дека може да прави што сака без никакви реперкусии.
Од друга страна, ги имаш жртвите на bullying кои долги години после сите училишни трауми сеуште не можат да се адаптираат и интегрираат во секојдневието, имаат проблеми со ефикасност на работа/факултет поради анксиозност и депресија иако можеби се двеста пати поквалитетни од тоа што им е дозволено да го прикажат, па и ова придонесува до намалена функционалност на општеството.
Ваквите случаи не можат да се третираат како детска игра пошто очигледно е дека од нив страдаат бизниси, институции и побогу луѓе.
Проблемот со нефункционалноста на обидите на учителите и психолозите е тоа што ги третираат симптомите на bullying-от, односно ги третираат жртвите. Али жртвите не се проблемот пеер. Жртвите не се тие кои вршат дестабилизација на нормалниот тек на животот во едно општество. Оние кои малтретираат се оставани под разлог дека "кога ќе пораснат ќе се смират", али истражувања покажуваат дека едноставно не е така. Веројатно си свесен дека ваквите луѓе уште од деца се доста способни да киднат под радарот на и онака незаинтересираниот наставник кој единствено едвај чека да му ја фати магла накај дома и е таму од причина што му/и требаат пари и си го мрази сопружникот. Со текот на времето овие луѓе единствено учат како подобро да ги сокријат своите постапки и продолжуваат да си го тераат своето.
Исто така многу психолози и психијатри имаат кажано дека однесувањето на вакви луѓе не се подобрува после talk терапии, туку и учат од психијатрите како да бидат посуптилни во егзекуцијата на своите постапки.
Затоа во ниеден случај не смее ниту да се игнорира, ниту вака да се забушава во третирањето на оваа проблематика туку активно да се работи на соодветно третирање на вакви луѓе така што ќе се атакува на коренот на нивното однесување, а тоа е меѓудругото фактот дека нивниот мозок е дисфункционален.