Сепак овие се жртвите на огромна манипулација од која не сакаат да се спасат, затоа што не знаат дека се манипулирани.
Жртви?
Како бе може тие како Лавдрим кои одат во Сирија и прават најгрозни злосторства да ги сметаме за жртви, само заради тоа што биле наводно или не, заведени? или пак овие од тука кои им даваат подршка на таквите, да ги сметам за жртви?
Жртви се Сиријските жани, Христијани, жртви се децата кои ги масакриравте на Велигден (велам масакриравте затоа што убиецот и неговите подржувачи не се многу различни).... Никако не може злосторниците и оние кои ги подржуваат да ги сметаме за жртви затоа што биле заведени.
Американец ѝ ја отсече главата на колешка поради исламот
На жртвата убиена во четвртокот во складиште за храна во американската сојузна држава Оклахома ѝ е отсечена главата, а осомничениот според полицијата сакал и другите колеги да ги преобрати во исламот.
Американското Федерално биро FBI го истражува минатото на Алтон Нолен, поради многу веројатна верска заднина на убиството, откако поранешните колеги сведочеле дека се обидувал да ги убеди да преминат во муслиманската вероисповед.
Нолен, кој неодамна се преобратил во исламот, добил отказ непосредно пред убиството, соопштила локалната полиција.
Триесетгодишниот Нолен бил ранет од огнено оружје од полицаец во текот на напад во складиштето за храна на компанијата „Vaughan Foods“ во местото Мур, предградие на Оклахома Сити. Тој е хоспитализиран и се очекува дека ќе заздрави, соопштила полицијата.
Тој е осомничен дека ја убил 54-годишната Колин Хафорд и дека со нож ја избодел 43-годишната Трејси Џонсон чија состојба е стабилна. Нолен неколкупати со нож ја избодел Хафорд и потоа ѝ ја отсекол главата, а полицаецот го застрелал во моментот кога со истиот нож се обидувал да ја убие и Џонсон.
Американските медиуми потсетуваат дека сунитските џихадисти во Ирак и во Сирија објавија неколку видео снимки на кои се снимени свирепите егзекуции со обезглавување на двајца американски новинари и на еден британски хуманитарен активист.
Овој е жртва според тебе? Заведен бил.
Со оваа прашање кај Гордана да идеш, во штаб ќе ја сретнеш.
Да, во Мала Речица во штабот, најверојатно.