Најнови вести. Владата, согледувајќи го потенцијалот на ваквиот хепенинг на вонредна седница реши да излезе во пресрет. Секоја година ќе се одржува Ден на инцестот, не само во Драчево, ами и во цела Македонија. Тој ден е прогласен за неработен, а подоцна ќе се одработува во саботите, во фамилијарна атмосфера. Предлог-законот за неработен ден го поддржа и опозицијата, а по кратко натегање, прифатија и партиите од албанскиот блок, под услов да се запази бадентеровиот принцип. Експертите сметаат дека сега сме уште поблиску пред портите на НАТО и ЕУ, што е посебно важно пред самитот во Чикаго.