Ве замолив да се смират страстите, ве замолив да не се пријавувате меѓусебно, да не се вреѓате. Поштено ги тргнав сите банови и опомени и казнени поени. И? Ништа петнајс.. Ево пак истото -
20 пријави во 2 дена
Ве замолив и да не ја злоупотребувате мојата добрина и сакав како вистински луѓе да се договориме да ја средиме темата, да биде подобра и за вас и за нас.
Јбг, вие (очигледно) не се менувате.. а најкриво ми е што ја користите опцијата "Пријави" за
тотално небитни работи.
Пример, лицето А го навредил на лицето Б. И сега наместо лицето Б да се осети навреден и да пријави, сосем друго лице Ц го прави тоа, без никаква причина.
Ова е само еден груб пример. Вие не сте фер и затоа...
Овај пат ќе стојам зад одлуката на модераторите и темата ќе биде затворена додека тие мислат така.
Благодарам.