Може на една машина да имаат повеќе интерфејси (мрежни картици) и повеќе конекции независни една од друга и тоа е дел од редундантноста. Е сега посебна машина е поголема редундантноста. Кога имаш сервер што работи турбо како во случајов на телеком, за да се одржува серверот се користи посебна врска од онаа која ја користат клиентите значи посебни линии со Интернет на истата машина.
Дефинитивно се сомневам во теоријата (на заговор) дека DNS серверите на МТ се на една машина и дека повеќето IP адреси се направени заради редундантност.
Впрочем, во тој случај воопшто не станува збор за редундантност, зошто ако повеќето адреси „влечат“ податоци од ист сервер, пад на серверот би значело и целосен пад на функционалноста на сите адреси. Ако веќе се адреси на иста машина тогаш тоа може да е поради балансирање на протокот.
Но ... верувам дека се работи за посебни сервери, поставени во кластери со што обезбедуваат вистинска редундантност и балансирање на протокот со динамичко распределување на сите барања од клиентите на горенаведените адреси.
Тоа што понекогаш може да падне цел сегмент од мрежата на MT и што вам ви изгледа дека паднала само една машина тоа е друга работа. Затоа (за разлика од порано) имате повеќе сервери на различни сегменти па можете да комбинирате кај вас како примарен и секундарен по еден од секој мрежен сегмент.
Многу зависи од веб страните што ги посетуваме. Доколку поголем дел се македонски страни или страни во регионот во тој случај ќе има поголема латенција помеѓу хостот (клиентот) и ДНС на Google, или со други зборови поголем round-trip time (RTT) на пакетите во мрежата.
Неточно ... секогаш, ама баш секогаш користењето на „наш“ DNS сервер е побрзо, без разлика на која страна и пристапуваш. DNS серверите не функционираат така што на секое барање од клиентот се обраќаат на нивните надредени сервери и така до ARPA и назад. Сите сервери ги кешираат барањата со што им овозможуваат брз одговор на клиентите. Значи ако добијам побрзо адреса за XXX.mk од MT истото ќе важи и ако барам адреса на facebok.com, porn.ru, brucelee.cn и сл.
Сепак ваква е листата.
t-home DNS сервери
62.162.32.5
62.162.32.6
62.162.32.9
192.26.152.19
192.26.152.20
Точните адреси се:
19
5.26.152.19
19
5.26.152.20