Епа уште малце и претпоследната фаза од овој проект ќе биде завршена.
Како што стојат работите сега во овој објект, изгледа задоволително, и дечките од Smart Home (или како точно да им се вика таа фирма), и инвеститорот Каби Инвест имаат завршено прилично добра работа.
Е сега можеби не се Елена Лука, или Адора, или некој друг, ама сепак вака како што изгледа, не е лошо.
Овдека е тој ормарот, овој ваљда е на Телеком, иако нема никаква ознака, мислам дека е на Телеком бидејки тие се првите кои што имаат пуштено кабли и ги имаат поврзано во овој станбен објект.
Телекабел имаат наместено, и доле во гаража имаат намотано кабли, ама немаат ништо споено.
И за A1 гледам само кабли што имаат пуштено, ваљда они преку ормарите на Телеком ќе се шлепаат (исто и за Неотел??)
Е сега на сликата, ако споредите со претходно, доста е изменето. Имаат поставено изолација, ама не е целосно завршено, но сепак вака е покриено и е далеку по уредно, бидејки не се гледаат толку многу кабли (да, сега има оти не се споени), и во споредба со каде што живеам јас моментално, има голема разлика. Не се гледаат никакви лимови, никакви железа, ништо. Само овие што им се разделниве кутии, и тоа.
Е сега од таа малата дупка доле лево над хидрантот, гледате од таму искачаат 4 бели црева, бидејки 4 станови на спрат, секој по 1 црево. Тоа црното е мислам црево кое што завршува во кутијата, па од таму се дели (заради тоа оваа кутија разделник) од едно црево во 4, за секој стан на спрат.
Е сега, вака тоа што висат каблите ваљда после ќе го средат.
Оваа слика е внатре во станот, поточно во дневната. Малце распоредот на каблите ме бунеше, ама сега сфатив како отприлика би требало да оди.
Значи тие 3 надворешни кабли, од кои два се коаксијални, еден за кабловска, еден за антена (сателитска), и еден светловод, би требало од тие 3, 2 да завршуваат горе (ќе видите на сликата подолу) веднаш до веќе поставените штекови, па заради тоа и таму имаат оставено простор. Ќе има изгледа еден за антена, а друг за кабловска (коаксијален).
Е сега, за оптичкиот, ќе си остане долу (ќе видите на сликата подолу), бидејки таму ќе биде таа малата кутија поставена, и од таму ќе се влече оптички кабел, а овие другите кабли што се моментално таму поставени, изгледа или вишок им останало (предолги), па ги протнале низ таму, оти нели каблите од другите соби не треба доле да одат, туку горе лево, или ќе ги спојат со планираниот штек со 4 LAN порти горе лево.
Гледате дека тој има 4 кабли, баш како што им кажав, и ќе треба тоа да го завршат (во процес на завршување).
Од кога тој ќе се спои, останува последната фаза, да го врзам рутерот со надворешната мрежа, и да ги поврзам сите кабли во тие 4 LAN порти поделени за секоја соба.
Овие 2 слики погоре се во мојата соба. Простор за штеќер со LAN порти имаат оставено.
И после од овде ќе си повлечам јас кабел, ќе си врзам тоа што ми треба, на пр. компјутер, и IPTV.
Е оваа е таа слика, за која што зборев погоре во заградите.
Кога видов, ова во друг стан а иста зграда, тогаш се ми стана јасно каде и како ќе се врзат тие кабли.
Заради тоа светловодот е поставен доле, а двата коаксијални кабли горе, до самите штекови.
На оваа слика, ова е делот на улицата. Ако погледнете на сликите што ги пратив пред неколку месеци, овдека беше ископано, се гледаа сите црева, а сега е затрупано.
Но доле во гаражата (каде што завршуваат тие црева), ме чуди тоа што Неотел имаат поставено црево, ни немаат пуштено кабел.
Ајде да Телеком нормално секогаш се први, Телекабел имаат само намотано како што кажав, и не им е врзано (а имаат доле пластичен ормар), и за A1 можам да сфатам, оти дел од внатрешната инсталација е од нив местена, и имаат пуштено по спратови кабли, па отекувам и они да пуштат за месец - два кабел, најверојатно само оптички, па ќе има коаксијален кабел од самите кутии кои што се поставени по спратовите, или пак ќе имаат од едно црево да им искача и оптички, и коаксијален кабел.
Неотел ме чуди највеќе, оти таа жената надзор (јас газдарица ја викам, инаку не е она газдарица) ми кажа дека Неотел не пројавиле интерес, но еве ги црево имаат пуштено.
Ваљда едино логично е ако се шлепаат по кутиите на Телеком.
На приземје надвор има едно бело црево со еден вид на врвца, личи баш на светловод па тој ќе да е на Неотел, оти да A1 им е проѕирно бел со плави линии (зборам за каблите што одат по спратовите).
Но без разлика на што. И да не пуштат Неотел преку нивното црево, т.е. нивната мрежа, ќе можам преку онаа на Телеком.
И тоа е тоа, за другото како што кажав последна фаза преостанува да се поврзе сето тоа, да се врзат уредите, да се направи тестирање, и тоа е тоа.
Фала ви на сите за препораките, и за помошта околу овој проект. За другото ќе ве информирам, а ако имате / знаете нешто да кажете за ова со врска со Неотел, слободно бујрум!
Edit: Добро за тој делот со кутиите по спратовите, видов убаво, и има повеќе кабли, и црева, па изгледа дека да, другите се за тоа ако влечат коаксијални кабли, што се поклопува, бидејки и заборавив да напоменам дека долу во гаража имаше еден коаксијален кабел намотано, па ваљда од едно црево А1 ќе влечат коаксијален кабел, и оптички.
Е сега незнам преку кој ќе се шлепаат за коаксијален кабел, оти они ако не се грешам немаат од нивните кутии, туку само Телеком и Телекабел.
За оптика тоа знам дека A1 ќе се шлепаат преку оние на Телеком. А Телеком да им дозволи во нивни кутии разделници да пикнат коаксијален кабел, да видам неверувам. Или едино преку Телекабел, оди и они ваљда ќе пуштат и коаксијален кабел, ама пак кутиите на Телекабел ми изгледаат дека само за оптика ќе се користат, или пак ако сум пропуштил, па некој од другите кутии разделници да е и на А1, оти освен оние на Телекабел што се означени, други нема означени.