Интернет во нова зграда.

Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.412
Арно што и кажав сега, но требало уште порано да и спомнам за оваа работа.
Требало порано да и спомнеш дека ќе користиш интернет?
Тоа е како да ти се бунат за канализација во WC-то што си им побарал да има...
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.885
Каби инвест :icon_lol:
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Требало порано да и спомнеш дека ќе користиш интернет?
Тоа е како да ти се бунат за канализација во WC-то што си им побарал да има...
Sporedbava ti nema smisla. Ima kabel za net pusteno do dnevna,ali on saka do site sobi kabel da ima pusteno.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Ако прочитавте убаво, пишав дека ќе гледам да се изнајде најдоброто и најугледното решение.
Некои инвеститори, ако не им спомнеш нема да направат, оти не го зимаат тоа у обзир.
Да не ве чуди тоа што Елена Лука мести таква инсталација, а Кабли Инвест местат само до одредено место.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.412
Sporedbava ti nema smisla. Ima kabel za net pusteno do dnevna,ali on saka do site sobi kabel da ima pusteno.
зАшто ти никогаш немаш серено во дневна?
А интернет во дневна имаш користено.
На место си е споредбата.
За сите соби.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
зАшто ти никогаш немаш серено во дневна?
А интернет во дневна имаш користено.
На место си е споредбата.
За сите соби.
Ti nema smisla posho investitorot NE MORA da ti pusti kabel za internet do site sobi. Internet priklucok i ne mora da ti stavat ali go stavaat,za razlika od kanalizacija koja mora da ja stavat. Taka da sporeduvanje kanalizacija u wc so stavanje internet kabel do site mozni sobi em nema smisla em e glupavo.

Ili aj da ti nacrtam: voda,struja, kanalizacija zakonski mora da ti obezbedat, internet ne mora.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Ti nema smisla posho investitorot NE MORA da ti pusti kabel za internet do site sobi. Internet priklucok i ne mora da ti stavat ali go stavaat,za razlika od kanalizacija koja mora da ja stavat. Taka da sporeduvanje kanalizacija u wc so stavanje internet kabel do site mozni sobi em nema smisla em e glupavo.

Ili aj da ti nacrtam: voda,struja, kanalizacija zakonski mora da ti obezbedat, internet ne mora.
Мора да има и телекомуникациска инфраструктура ама спроведена до „централна точка“ во станот. Не е обврзан да прави умрежување по соби.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Доколку е Dry Wall можеш сам да си поставиш кабли не е нешто комплицирано.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Доколку е Dry Wall можеш сам да си поставиш кабли не е нешто комплицирано.
Мислам дека така е. Пратив јас слики погоре, тоа е дневната вака ѕидот е и во мојата соба.
Сега работите во нашиот стан се стопирани дур не се среди оваа работа.
И да не може да се протне преку кујната до детската соба, што е најкратко решение, тогаш ќе се оди по земја веднаш до ѕидот.
Ќе ви покажам кога ќе наместиме, замислено ми е мене убаво како што треба, а погоре објаснив, ако не прочитал некој.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Епа денес ме викнаа, оти дошле електричарите да се договорам со нив.
Бев до станот и им објаснив.
На почетокот не се разбравме убаво, они на друг начин мислеле, после им покажав како и веднаш се фатија за работа.

За спалната ќе се буши преку ѕид директно, таму мислам е полесен пристапот, а за мојата соба по работ на подот (под лајсните, или така нешто) ќе се местат каблите. Еден кабел како што кажав ќе оди за кај бирото (нов рутер / Network Switch), и другиот ќе оди кај телевизорот (IPTV уред) во мојата соба.
За дневната може и нема да направат LAN излез, па и да има 3 LAN влеза нема да ми пречи, оти рутерот и така ќе биде блиску до телевизорот / IPTV уредот во дневната соба.
Категоријата на кабелот ќе биде Cat5e што за мои стандарди е сосема доволно. Во иднина ќе можам лесно да надоградам, барем за делот со спалната соба, ама нема да имам потреба, оти и така и така моментално на Neotel имам брзини 50/50.

Да кажев порано, ќе пуштеа кабли по ѕидот и за детската соба, ама сега се деси што се деси.
И вака не е лошо, барем сега кабли нема да се гледаат по земја.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Ајде уште нешто да прашам.
Дали е нормално еден интернет провајдер да пушти црево, но да не планира да пушти интернет конекција?

Еве сега, отидов да го ѕирнам станот, и кога видов пред зградата ископаното, видов дека ислопале повеќе црева. Мислам дека видов од A1 и Телекабел, и од Неотел.
Бидејки знам каде завршуваат тие црева, отидов на - 1 и видов дека до цревото на Телеком, поставиле и повеќе црева (тие се тие што ги видов погоре).
Претходно беше сам портокаловото црево на Телеком.

Е сега во самата зграда, од делот кај Гаражата до Последниот спрат (не делот со цревата) има кабли само на Телеком, Телекабел, и A1.
Значи во зградата, во секој ходник има кабли од тие провајдери, а поврзување има од сите.
Фали само каблите да се спојат (тие во гаражата почнуваат) со оние во гаражата (цревата).
Телеком веќе има споено, нормално оти они први почнаа. Телекабел и A1 имаат намотано кабли и се чека и нивните да се спојат.
Што ме чуди, е тоа што газдарицата ми кажа дека она со сите провајдери извршила контакт, им испратила порака, но само Неотел не и одговориле ништо. Ми кажа и дека џабе ќе им пишувам сега кога нема место, и тоа е точно, оти секој ходник е веќе полн со кабли. Мене ме чуди, зошто чим на неа од Неотел не и одговориле, сега од нигде некаде имаат пуштено црева.
Па нели чим пуштаат црева мора и да се ја поврзат зградата.
Знам многу убаво дека се Неотел оти црно црево со жолта линија = Неотел, на памет ги знам, а и тоа го учев.
Малку ми е нелогично ова.
Едино ако им текнало касно на Неотел, па сега треба да импровизираат па да се шлепаат на целост преку мрежата на Телеком (сите кутии, разделници, итн итн...) но само преку нивни кабли, или пак може ќе најдат место па ќе стават и нивна мрежа.
Сепак за мене има или нема јас пак ќе можам преку Телеком да се поврзам на Неотел, но еве тоа ме зачуди со цревото.
Ако неможе / нема место, ондак не треба да се мачат да ископуваат и да поврзуваат црева.
Ајде ако знае некој пишете, па да продискутираме за ова.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Епа уште малце и претпоследната фаза од овој проект ќе биде завршена.

Како што стојат работите сега во овој објект, изгледа задоволително, и дечките од Smart Home (или како точно да им се вика таа фирма), и инвеститорот Каби Инвест имаат завршено прилично добра работа.

Е сега можеби не се Елена Лука, или Адора, или некој друг, ама сепак вака како што изгледа, не е лошо.
Screenshot_20200925-013804_Gallery.jpg

Овдека е тој ормарот, овој ваљда е на Телеком, иако нема никаква ознака, мислам дека е на Телеком бидејки тие се првите кои што имаат пуштено кабли и ги имаат поврзано во овој станбен објект.
Телекабел имаат наместено, и доле во гаража имаат намотано кабли, ама немаат ништо споено.
И за A1 гледам само кабли што имаат пуштено, ваљда они преку ормарите на Телеком ќе се шлепаат (исто и за Неотел??)

Е сега на сликата, ако споредите со претходно, доста е изменето. Имаат поставено изолација, ама не е целосно завршено, но сепак вака е покриено и е далеку по уредно, бидејки не се гледаат толку многу кабли (да, сега има оти не се споени), и во споредба со каде што живеам јас моментално, има голема разлика. Не се гледаат никакви лимови, никакви железа, ништо. Само овие што им се разделниве кутии, и тоа.

Е сега од таа малата дупка доле лево над хидрантот, гледате од таму искачаат 4 бели црева, бидејки 4 станови на спрат, секој по 1 црево. Тоа црното е мислам црево кое што завршува во кутијата, па од таму се дели (заради тоа оваа кутија разделник) од едно црево во 4, за секој стан на спрат.
Е сега, вака тоа што висат каблите ваљда после ќе го средат.

Screenshot_20200925-013817_Gallery.jpg
Оваа слика е внатре во станот, поточно во дневната. Малце распоредот на каблите ме бунеше, ама сега сфатив како отприлика би требало да оди.

Значи тие 3 надворешни кабли, од кои два се коаксијални, еден за кабловска, еден за антена (сателитска), и еден светловод, би требало од тие 3, 2 да завршуваат горе (ќе видите на сликата подолу) веднаш до веќе поставените штекови, па заради тоа и таму имаат оставено простор. Ќе има изгледа еден за антена, а друг за кабловска (коаксијален).
Е сега, за оптичкиот, ќе си остане долу (ќе видите на сликата подолу), бидејки таму ќе биде таа малата кутија поставена, и од таму ќе се влече оптички кабел, а овие другите кабли што се моментално таму поставени, изгледа или вишок им останало (предолги), па ги протнале низ таму, оти нели каблите од другите соби не треба доле да одат, туку горе лево, или ќе ги спојат со планираниот штек со 4 LAN порти горе лево.
Гледате дека тој има 4 кабли, баш како што им кажав, и ќе треба тоа да го завршат (во процес на завршување).

Од кога тој ќе се спои, останува последната фаза, да го врзам рутерот со надворешната мрежа, и да ги поврзам сите кабли во тие 4 LAN порти поделени за секоја соба.


Screenshot_20200925-013840_Gallery.jpg Screenshot_20200925-013848_Gallery.jpg

Овие 2 слики погоре се во мојата соба. Простор за штеќер со LAN порти имаат оставено.
И после од овде ќе си повлечам јас кабел, ќе си врзам тоа што ми треба, на пр. компјутер, и IPTV.

Screenshot_20200925-013942_Gallery.jpg
Е оваа е таа слика, за која што зборев погоре во заградите.
Кога видов, ова во друг стан а иста зграда, тогаш се ми стана јасно каде и како ќе се врзат тие кабли.
Заради тоа светловодот е поставен доле, а двата коаксијални кабли горе, до самите штекови.

Screenshot_20200925-013954_Gallery.jpg

На оваа слика, ова е делот на улицата. Ако погледнете на сликите што ги пратив пред неколку месеци, овдека беше ископано, се гледаа сите црева, а сега е затрупано.

Но доле во гаражата (каде што завршуваат тие црева), ме чуди тоа што Неотел имаат поставено црево, ни немаат пуштено кабел.

Ајде да Телеком нормално секогаш се први, Телекабел имаат само намотано како што кажав, и не им е врзано (а имаат доле пластичен ормар), и за A1 можам да сфатам, оти дел од внатрешната инсталација е од нив местена, и имаат пуштено по спратови кабли, па отекувам и они да пуштат за месец - два кабел, најверојатно само оптички, па ќе има коаксијален кабел од самите кутии кои што се поставени по спратовите, или пак ќе имаат од едно црево да им искача и оптички, и коаксијален кабел.

Неотел ме чуди највеќе, оти таа жената надзор (јас газдарица ја викам, инаку не е она газдарица) ми кажа дека Неотел не пројавиле интерес, но еве ги црево имаат пуштено.

Ваљда едино логично е ако се шлепаат по кутиите на Телеком.
На приземје надвор има едно бело црево со еден вид на врвца, личи баш на светловод па тој ќе да е на Неотел, оти да A1 им е проѕирно бел со плави линии (зборам за каблите што одат по спратовите).

Но без разлика на што. И да не пуштат Неотел преку нивното црево, т.е. нивната мрежа, ќе можам преку онаа на Телеком.


И тоа е тоа, за другото како што кажав последна фаза преостанува да се поврзе сето тоа, да се врзат уредите, да се направи тестирање, и тоа е тоа.

Фала ви на сите за препораките, и за помошта околу овој проект. За другото ќе ве информирам, а ако имате / знаете нешто да кажете за ова со врска со Неотел, слободно бујрум!

Edit: Добро за тој делот со кутиите по спратовите, видов убаво, и има повеќе кабли, и црева, па изгледа дека да, другите се за тоа ако влечат коаксијални кабли, што се поклопува, бидејки и заборавив да напоменам дека долу во гаража имаше еден коаксијален кабел намотано, па ваљда од едно црево А1 ќе влечат коаксијален кабел, и оптички.
Е сега незнам преку кој ќе се шлепаат за коаксијален кабел, оти они ако не се грешам немаат од нивните кутии, туку само Телеком и Телекабел.
За оптика тоа знам дека A1 ќе се шлепаат преку оние на Телеком. А Телеком да им дозволи во нивни кутии разделници да пикнат коаксијален кабел, да видам неверувам. Или едино преку Телекабел, оди и они ваљда ќе пуштат и коаксијален кабел, ама пак кутиите на Телекабел ми изгледаат дека само за оптика ќе се користат, или пак ако сум пропуштил, па некој од другите кутии разделници да е и на А1, оти освен оние на Телекабел што се означени, други нема означени.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom