Инвестициски БУМ во Македонија

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Fixed

Од времето на Анте Марковиќ навака се е мижи да те лажам...
Збориме за инвестициски бум конкретно на темава. БУМ имаше во првите 16 години транзициски од корен не дигна. Се разбира вртоглаво надолно. Никој не ги допре, не ги допре толку години. Се тоа фино се заташка.

И сега имаме друг БУМ. И овој ако го заташкаат, алал да ни е како народ. Поглуп народ нит имало нит ќе има на Светот.
 
F

FARANG

Гостин
Збориме за инвестициски бум конкретно на темава. БУМ имаше во првите 16 години транзициски од корен не дигна. Се разбира вртоглаво надолно. Никој не ги допре, не ги допре толку години. Се тоа фино се заташка.

И сега имаме друг БУМ. И овој ако го заташкаат, алал да ни е како народ. Поглуп народ нит имало нит ќе има на Светот.
Не се занесувај... На овој народ да му дадеш леб и сол да јаде ќе ти каже добро е што имаме барем и сол.... Еххх да видиш што ќе биде кога сол ќе снема, и се така. Прави пари кај што си, и се гледаме во МКД на проаѓање
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Има информации,колко са СДИ от 2006 до сега?
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
881
Поени од реакции
923
Збориме за инвестициски бум конкретно на темава. БУМ имаше во првите 16 години транзициски од корен не дигна. Се разбира вртоглаво надолно. Никој не ги допре, не ги допре толку години. Се тоа фино се заташка.

И сега имаме друг БУМ. И овој ако го заташкаат, алал да ни е како народ. Поглуп народ нит имало нит ќе има на Светот.
Малце сме ама затоа сме гомна !!!

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk 2
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.152
Поени од реакции
2.754

Чекај бе нели некои на форумов викаа дека тука било поскапо и од Германија :facepalm:
Од каде испадна сега оваа статистика??Штимана ќе да е :tapp:

Има информации,колко са СДИ от 2006 до сега?
Околу 1.800.000.000 евра (една милијарда и осумстотини милиони евра)
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Na mtv1 sega ima lotarija za zaposluvanje vo najgolemata investicija ovaa godina. Ajde napred, da zivee Lenin !!!
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Na mtv1 sega ima lotarija za zaposluvanje vo najgolemata investicija ovaa godina. Ajde napred, da zivee Lenin !!!
И секако, лотаријата ( :pos: ) не е наместена пошо човечкиот фактор бил исклучен и компјутерски се бирало :icon_lol: :icon_lol:
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Каква е оваа лотарија?
За работа во македонски шуми, али за да учествуваш во лотаријата, како и во секоја лотарија треба прво да си уплатиш ливче, уствари овде треба да си уплатиш партиска книшка од ВМБЛО и после те бираат компјутерски, пошо нели да "нема" човечки фактор :icon_lol: .
Циркус.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
ВТОРА ФАБРИКА НА ТЕХНОХОЗЕ ВО БУНАРЏИК



Италијанската компанија „Текнохозе“ која во Македонија е регистрирана под името „Витек Македонија“ денеска постави камен-темелник на вториот објект во Технолошко-индустриската зона Скопје 1 во Бунарџик во кој ќе се произведуваат армирани гумени црева за висок притисок.
Новиот објект ќе биде со површина од 12.000 метри квадратни од кои 8.500 ќе бидат за производство, а 3.500 магацински простор со две рампи за утовар поставен помеѓу сегашниот и новиот објект. Објектот ќе го изведува фирмата „Актива ДОО Штип“, а треба да биде готов до декември идната година.
- Комапнијата „Текнохозе“ е прв странски инветитор кој за само една година се реши повторно да инвестира во нашата земја. Џонсон Контролс таква одлука донесе четири години после својата прва инвестиција, Џонсон Мети по две години, а Текнохозе се одлучи за реинвестирање по само една година. Тоа е силна препорака за сите други потенцијални инвеститори, рече преммиерот Никола Груевски пред поставувањето на камен-темелникот.
Тој нагласи дека тоа јасно говори за задоволството на странските инвеститори со бизнис климата во Македонија и со условите кои се нудат.
- Со новата фабрика која ќе се гради на овој простор „Витек Македонија“ двојно ќе ги зголеми своите капацитети и тројно ќе го зголеми своето производство. Со тоа ќе го зголеми и сопствениот извоз, но и извозот на Република Македонија, прецизира Груевски.
Новата инвестиција, како што кажа, се проценува на 11 милиони евра, а по изградбата на објектите компанијата планира да го зголеми бројот на вработени за нови 150 лица.
- Македонија има капацитети за да прими уште многу фирми и странски инвеститори. Постојано работиме на платформата за подобрување на бизнис уловите, инвестираме во ТИРЗ, патната и железничката инфраструктура, во образованието и конкурентноста на нашите кадри,... Затоа Македонија веќе е забележана како интересна дестинација на мапата на странските инвестиотри, нагласи Груевски.
Вицепремеирот за економски прашања Владимир Пешевски посочи дека примерот на Текнохозе покажува дека странските инвеститори препознале дека Македонија е местото каде може да се направи добра фабрика и да се најдат квалитетни луѓе за работа.
- Се покажува дека бизнис климата во земјава е добра и оти инвеститорите го препознаваат тоа, рече Пешевски.
Сопственикот на „Витек Македонија“, Антонио Витило истакна дека првата нивна инвестиција во Македонија чинела пет милиони евра и биле вработени 35 лица кои произведувале по 15.000 метри армирани гумени црева дневно.
- Во втората фаза производството ќе се зголеми на 45.000 метри армирани гумени црева дневно до почетокто на 2015 година заради барањата што ги имаат нашите клиенти, потенцира Витило.
Италијанскиот амбасадор во Македонија Ернесто Масимино Белели истакна дека италијанските инвеститори во Македонија се чувствуваат како дома не само заради географската близина, туку и поради менталитетот.
- Слободните зони нудат исклучителна можност за инвеститорите и тие се главната причина поради која доаѓаат во Македонија, рече Белели и додаде дека има и други италијански фирми заинтересирани за инвестирање во земјава.
Лани компанијата “Витек Македонија“ го пушти во употреба својот прв капацитет со површина од 3.000 метри квадратни, распространет на земјиште од 2,7 хектари. Заедно со новиот објект компанијата ќе се простира на вкупно 4 хектари и до крајот на 2014 ќе вработи вкупно околу 200 лица.
Италијанската компанија „Текнохозе“ е членка на Групацијата „Витило“ која е во приватна сопственост и вклучува два правни субјекта „Групо Витило СРЛ“ што се занимава со производство и продажба на хидраулични спојки под висок притисок и „Текнохозе СРЛ“ за производство на армирани гумени црева.
Групацијата има годишен обрт од 36 милиони евра и поседува шест фабрики во Италија со околу 200 вработени.
http://kapital.mk/MK/makedonija/96925/vtora_fabrika_na_tehnohoze_vo_bunardzhik.aspx
Колку за евиденција, нека го има и ова.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.085
Поени од реакции
11.481
....
а да го зголеми бројот на вработени за нови 150 лица.
.....
и до крајот на 2014 ќе вработи вкупно околу 200 лица.

Колку за евиденција, нека го има и ова.
Колку за евиденција нека го има и ова, на еден вработен во приватно, 7 вработени во јавна администрација

На лотарија избрани 1600 административци

МВР објави оглас за вработување на 400 нови полицајци

 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Колку за евиденција нека го има и ова, на еден вработен во приватно, 7 вработени во јавна администрација

На лотарија избрани 1600 административци

МВР објави оглас за вработување на 400 нови полицајци
Абе за ова има и цели теми, инаку нека го има, што е до мене не ми смета и тука да го има евидентирано,само да не се развлече дискусијата и тука.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom