- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Уште еден плиток наменски текст полно со транзициска иронија и непрофесионализам. Бидејќи ваквите „новинари„ немат ама никаква врска со економија , а нивните „спам„ текстчиња не се ништо повеќе од 3 бројќи извадени од контекст.Владата му овозможила на овој странски инвеститор ослободувања од данок на добивка за период од 10 години и компензација на 50 отсто од бруто-платата на секој работник во период од две години. Дополнително, Владата на „Џонсон контролс“ и доделила грантови во вкупен износ од 4 милиони евра, и тоа 2 милиони евра биле наменети за изградба на објектот, а 2 милиони евра наменети за тренинг на вработените. Со други зборови, овој пример покажува дека можеби е попаметно Владата да ја смени кампањата „Инвестирајте во Македонија“ и да ги повикува потенцијалните инвеститори со зборовите „Ви ја градиме фабриката, ви ги плаќаме вработените, вие само дојдете“
Ako на ова не доѓаат странски инвеститори нешто е дефинитивно не во ред со Македонија.
Искрено не се занимавам но бидејќи гледам кликнати допаѓања ќе реплицирам (иако уште рацете ми се тресат поради историската победа над Гејовите).
Значи вака да почнеме со најосновниот човечки и морален аспект. Истите новинари од ешалонот на новинари ала „А1„ телевизија или како сами се нарекуват „независни новинари„ со камења фрлаа врз владата затоа што инвестирала во „непотребни„ проекти како Скопје 2014 , ок ги разбирам иако никогаш невидовме подетална анализа , зошто тој проект нечини. Тогаш истите ја с`скаа јавноста дека треба да се инвестира во економија иако очигледно подзаборавија дека Тито умре 1980 а Југославија и тогашниот систем не постојат веќе. Но ајде срца јуначки заробени во Југоносталгијата пробавме да ги разбереме и да им објасниме дека владата не може да гради фабрики туку да обезбеди дорби и погодни услови за работа. Ај тогаш тешко ама некако се сложивме , дека така тереба да биде. Денес владата обезбеди поволни услови , секако и почетни субвенции за инвеститорите и сега наеднаш и тоа нечини. Е тука излудувам не поради платениот новинар кој за двеста денари си ја одработил девницата со текст кој се пишува за 15 минути и кој има 3 информации извадени од контекст, туку поради оние кои без срам и образ кликнуват на допаѓање на вакви ситни и небитни тексчиња кои освен обидот белото да го направат црно немат друга намена.
Одиме на содржината на текстот. Владата плаќала половина плата и дел од инвестицијата и тоа е голема вест која ја нема на друго место во светот. Нека провери господинот колку и какви субвенџии и бенифиции добиват овие големи концерни од државите каде што имат централи т.е. од матичните држави. Јас неверувам дека обој „независен„ новинар има капацитет да провери вакви информации и дека воопшто знае што е тоа провери , барај , анализирај па после лај по весници. Нема врска навика ми станаа. Има уште една работа што го надминува капацитетот на новинарот а тоа е да ги стави на вага трите бројќи кои ги напишал со бројките кои Македонија ќе ги добие од овие инвестиции, но бидејќи овде не се работи за информација добиена од партиски штаб туку покомплексна пресметка , верувам дека неможел човекот. Јас не би ги чепкал овие бројки.
На крај изјавите од типот домашни и странски инвеститори.
ОК е тоа дека треба и домашните инвеститори да добиват подтик од државата. Но да се споредат Џонсон Електроникс, Џејсон Мети или другуите поголеми инвестиции со Ренова од Врапчиште сепак е млку несериозно.