Погледни го документарецот што го посочив..... или кажи ми каде тоа е добро направено!? Можеби негдека е навистина добро направена таа приватизација!?
Сега го гледав посебно делот за електрика и мислам каква глупост.Прво да се стават пазарна економија и Калифорнија во иста реченица е смешка.Калифорнија уште малку ќе биде социјалистичка колку државите од Варшавскиот пакт што беа а исто и толку банкротирана.Секој месец по еден град им банкротира.
Ај сега за електраните:
Пази вика дека има 5 големи компании за производство на струја и за сите се знае дека го прекршувале законот и ги прекршувале договорите со дистрибутерите ( кои ете се исто приватни компании ) а и потрошувачите ( и има докази посебно телефонски разговори ) али освен Енрон кој знам дека го изедоа сите други не се ни чепнати ниту осудени за нивните криминални дејства.
Тоа е чисто штитење на државата на големите компании и нема никаква поврзаност со пазарен систем.Државата не си ја работи својата законска работа а тоа е да спроведува официјални договори а после за истото се криви дерегулацијата.
Друга работа вика дека сега пак се регулирал пазарот што значи дека ќе има фиксни/субвенционирани цени на струја.Али производството е пак во рацете на истите 5 преварантски компании.
Тие 5 компании пак ќе си ја дигаат цената на истиот начин само што тука е разликата што државата потоа ќе ја субвенционира таа цена и ќе ја симне на некоја цена која е прифатлива за тие со помали приходи и со тоа ќе го одржи социјалниот мир/гласачи на избори.
Али проблемот е ОД КАДЕ ЌЕ ДОЈДАТ ТИЕ ПАРИ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ ? Нормално ќе дојдат преку нови даноци ,нови лиценци,инфлација.И сега ти место да плаќаш повисока цена на струја ќе плаќаш поголем данок.Е МНОГУ СИ ПОСТИГНАЛ.
Во случајот на Грција ќе земеш кредитит со кој ќе субвенционираш и на крај ќе пропаднеш.
Види ја само нивната државна компанија за струја.Купува од компании за по 100 евра а им продава по 41.Тоа е проблемот со државните компании секогаш се КОРУМПИРАНИ,НЕЕФИКАСНИ и НЕФЛЕКСИБИЛНИ.
Пазарната економија секогаш е многу поефикасна од централната ( државна ).Проблемот е што државата не си ги одржува своите уставни задолженија како Спроведување договори и закони па тоа се криви на пазарот.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ајде сега на вториот дел железницата.
Таа Гркинката самата вика дека државната железница дава преголеми плати,инвестира во глупости ( пруги кои водат нигде и локомотиви кој не можат да ги користат ) а потоа вика дека железницата треба да е државна и за се се криви директорите кој ја воделе неефикасно.
Па нормално дека ќе ја водат неефикасно,нема државна компанија која се води ефикасно.
Приватната железница го нема тој проблем зошто мора да работи ефикасно.Мора да се натпреварува со другите превозни средства ( коли,автобуси,авиони ) и со другите транспортни средства ( шлепери,бродови ) ако не е ефикасно ќе прекине да постои исто како што прекинаа да постојат кочиите со коњи.
Али не мислам дека е многу паметно 1000 граѓани целиот данок да им иде во праќање на еден воз до некој мал град каде има само 3 ца патници и во никој случај не е исплатливо да се возат со воз.
Исто како сега што МЖ плачеа да не им се даде дозволата на Чешката компанија за превоз дека ако им се дадеше МЖ ќе отидеше директно во банкрот зошто се НЕЕФИКАСНИ,КОРУМПИРАНИ и НЕФЛЕКСИБИЛНИ.
Приватна компанија не може да си ги дозволи тие работи дека истите водат кон БАНКРОТ и со тоа крај на компанијата.
Жими се сегашниве држави во Европа и сегашниов народ со ваков менталитет кога Тесла ги измисли наизменичната струја и осветлувањето ,а Форд автоматизираната трака за масовно производство на автомобили ќе се бунеа и ќе бараа субвенции за свеќарската и кочиската индустрија за да не се отпуштале работници.
Не се исплати - КАТАНЕЦ се друго е залудно трошење на нечии пари.
Целата државна сопственост треба да се распродаде освен националните паркови и водостопанствата ( али тие се веќе општински така да тој проблем е решен горе доле ).
.