Инвестициски БУМ во Македонија

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Го прават истото како со ЕСМ ,лопови ни едни.

Не треба да се приватизира се заедно туку секој објект да се продава посебно на аукција.И да се либерализира пазарот да може кој сака да продава струја.

Вака само пак ќе си се договорат со некоја мала компанија како ЕВН да им дадат монопол а они ќе лапнат неколку десетици милиони во џепови.

Секако и ќе го продолжат процесот со кој се издаваат лиценци за произведување на струја и со тоа само новиот сопстевеник на ЕЛЕМ и двајцата бизнис партнери на владата кои во моментов ја имаат лиценцата ќе може да продаваат во Македонија.

Минатата година тие двајца со лиценца заедно собраа околу 100 милиони профит.Елем продаваше по 2 денари во странство за да купуваат дилериве по 6 од странство ( ако цената во Македонија е 4 ) потоа ЕЛЕМ ќе бара од регулаторна да се дигаат цени и дилерите ќе се напунат со пари а со тоа и Владата.

Во една година покривањето со домашна струја ни падна на нешто околу 60% а оваа зима гарант уште повеќе ќе падне.

Преваранти и лопови маме ем е**м

Ова не е капитализам,ова не е пазарна економија ова е најобична мешавина помеѓу социјализам и олигархија и ништо повеќе.

.
Уште не е либерализиран пазарот на ЕЕ? Неможе да се градат приватни електрани?:confused:
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
иако е од ‘‘Циганиве‘‘ овој документарец преведен на СХ.... многу што кажува за приватизацијата на инфраструктурата во некои држави. За приватизациите на Елекро-стопанствата од 21 минута и 30-та секунда.... http://www.youtube.com/watch?v=2GhW6riyThU Они до гуша у говна со долгови, се заинатиле ништо да не продаваат од државниот капитал те од инфраструктурата! Комуњари најголеми станаа сега! А кога ги земаа кредитите и кога ги бркава нашите во граѓанската војна од таму како ги псуева: ‘‘Гамоти манасу Славо-македонас - КОМУНИСТА!!!‘‘ а така? Ние или вие Комуниста!?
Ние кои сепак сме близу гуша, ама не толку колку нив у должнички говна.... требе не само да се спротиставиме, туку ‘‘жилата куцавица‘‘ да му ја извајме на оној што ќе се обиде да ја продава водата а богами и останатите 2/3 - делови од Електростопанството! Незнам уште што требе да се приватизира, за да реагира овој народ!? Којзнае дали ќе се помрднеме по кубурата..... или и натаму ќе ја чуваме да се најде за *недај Боже*???
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Уште не е либерализиран пазарот на ЕЕ? Неможе да се градат приватни електрани?:confused:
ти требаат 300 дозволи и глупости.За најобичен ветерен парк по повеќе од година дена се чека.Ако сакаш хидроцентрала треба да се изначекаш и изнаиспоткупиш ( студии,па државно земјиште,па локална самоуправа ) .

И да го направиш сето тоа пак ти требаат посебни лиценци за да продаваш на пазарот.За сега само ЕЛЕМ и 2 ца други ги имаат тие лиценци.За Чебрене и Галиште владата имаше нереални барања ( како намерно да сакаа да проападне ).

Зошто мислиш дека никој во Македонија не инвестира во електрани .Имаме една од најскапите струи во регионот, само 17% поефтина од Германија а скоро никакви инвестиции.Не е реално тоа.Лиценците за мали -хидроцентрали беа давани на какви било шарлатани кои најверојатно никогаш немаа ни намера да градат..Од 100 лиценци за изградба дадени мислам дека само 4 се почнати од кој една изградена и пуштена во употреба другите 3 седат само почнати.

Али зошто да има домашно производство кога можат 2цата со лиценци да увезат по повисоки цени.Така 2цата ќе се напунат со пари ( секако % иде за политичката елите ) ,државата ќе дигне цена на струја ќе се подсобере и од екстра даноци и ете нови државни вработувања /нови гласачи,

.
--- надополнето: 4 септември 2012 во 15:08 ---

Све треба да се приватизира освен националните паркови државава метар квадратен не треба да поседува зошто е само трошење на земја за џабе.

Проблемот е дека се се прави на лош начин исто како во 90тите за да се украде.

Се треба да биде ставено на распродажба/аукција и да иде едно по едно а не се заедно.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Бум предизвикан од страна на моменталната влада

пепел направија
 
Погледни го документарецот што го посочив..... или кажи ми каде тоа е добро направено!? Можеби негдека е навистина добро направена таа приватизација!?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Погледни го документарецот што го посочив..... или кажи ми каде тоа е добро направено!? Можеби негдека е навистина добро направена таа приватизација!?
Сега го гледав посебно делот за електрика и мислам каква глупост.Прво да се стават пазарна економија и Калифорнија во иста реченица е смешка.Калифорнија уште малку ќе биде социјалистичка колку државите од Варшавскиот пакт што беа а исто и толку банкротирана.Секој месец по еден град им банкротира.

Ај сега за електраните:

Пази вика дека има 5 големи компании за производство на струја и за сите се знае дека го прекршувале законот и ги прекршувале договорите со дистрибутерите ( кои ете се исто приватни компании ) а и потрошувачите ( и има докази посебно телефонски разговори ) али освен Енрон кој знам дека го изедоа сите други не се ни чепнати ниту осудени за нивните криминални дејства.

Тоа е чисто штитење на државата на големите компании и нема никаква поврзаност со пазарен систем.Државата не си ја работи својата законска работа а тоа е да спроведува официјални договори а после за истото се криви дерегулацијата.

Друга работа вика дека сега пак се регулирал пазарот што значи дека ќе има фиксни/субвенционирани цени на струја.Али производството е пак во рацете на истите 5 преварантски компании.

Тие 5 компании пак ќе си ја дигаат цената на истиот начин само што тука е разликата што државата потоа ќе ја субвенционира таа цена и ќе ја симне на некоја цена која е прифатлива за тие со помали приходи и со тоа ќе го одржи социјалниот мир/гласачи на избори.

Али проблемот е ОД КАДЕ ЌЕ ДОЈДАТ ТИЕ ПАРИ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ ? Нормално ќе дојдат преку нови даноци ,нови лиценци,инфлација.И сега ти место да плаќаш повисока цена на струја ќе плаќаш поголем данок.Е МНОГУ СИ ПОСТИГНАЛ.

Во случајот на Грција ќе земеш кредитит со кој ќе субвенционираш и на крај ќе пропаднеш.

Види ја само нивната државна компанија за струја.Купува од компании за по 100 евра а им продава по 41.Тоа е проблемот со државните компании секогаш се КОРУМПИРАНИ,НЕЕФИКАСНИ и НЕФЛЕКСИБИЛНИ.

Пазарната економија секогаш е многу поефикасна од централната ( државна ).Проблемот е што државата не си ги одржува своите уставни задолженија како Спроведување договори и закони па тоа се криви на пазарот.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ајде сега на вториот дел железницата.

Таа Гркинката самата вика дека државната железница дава преголеми плати,инвестира во глупости ( пруги кои водат нигде и локомотиви кој не можат да ги користат ) а потоа вика дека железницата треба да е државна и за се се криви директорите кој ја воделе неефикасно.

Па нормално дека ќе ја водат неефикасно,нема државна компанија која се води ефикасно.

Приватната железница го нема тој проблем зошто мора да работи ефикасно.Мора да се натпреварува со другите превозни средства ( коли,автобуси,авиони ) и со другите транспортни средства ( шлепери,бродови ) ако не е ефикасно ќе прекине да постои исто како што прекинаа да постојат кочиите со коњи.

Али не мислам дека е многу паметно 1000 граѓани целиот данок да им иде во праќање на еден воз до некој мал град каде има само 3 ца патници и во никој случај не е исплатливо да се возат со воз.

Исто како сега што МЖ плачеа да не им се даде дозволата на Чешката компанија за превоз дека ако им се дадеше МЖ ќе отидеше директно во банкрот зошто се НЕЕФИКАСНИ,КОРУМПИРАНИ и НЕФЛЕКСИБИЛНИ.

Приватна компанија не може да си ги дозволи тие работи дека истите водат кон БАНКРОТ и со тоа крај на компанијата.

Жими се сегашниве држави во Европа и сегашниов народ со ваков менталитет кога Тесла ги измисли наизменичната струја и осветлувањето ,а Форд автоматизираната трака за масовно производство на автомобили ќе се бунеа и ќе бараа субвенции за свеќарската и кочиската индустрија за да не се отпуштале работници.

Не се исплати - КАТАНЕЦ се друго е залудно трошење на нечии пари.

Целата државна сопственост треба да се распродаде освен националните паркови и водостопанствата ( али тие се веќе општински така да тој проблем е решен горе доле ).

.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Член од
28 март 2006
Мислења
17.772
Поени од реакции
12.235
Како се прави инвестиција со електриката, барем планот им е добар.

Албанската влада досега издала 332 концесии за изградба на хидроелектрични централи.

Производните капацитети изнесуваат 1.450 мегавати, додека вредноста на нивните инвестиции достигнува над две милијарди евра.
Последните седум концесии владата ги издаде деновиве. Станува збор концерија на хидроцентралите „Ќар“ и „Калтањ“ во горнот дел на реката Осум, ХЕЦ „Бабјен“ „Ложан 2“ и „Касолет“ кај Селце во средината на течението на реката Девол, ХЕЦ„Гури и куќ“ кај браната на реката Осум, ХЕЦ „Дриза“ на реката Бистрица, ХЕЦ„Потам“ на браната на реката Павлес и ХЕЦ „Денас“ на реката Черемице.
Вупниот износ на ивестиции достигнува вредност од околу шест милијарди лека, а ќе бидат вработени околу 1.500 лица од различни професии.
Овие активности на владата, како што оценува премиерот Сали Бериша се во правец на ветеното: Албанија да се претвори во мала енергетска суперсила.
 
Единствено нешто, или ајде една од многу малкуте работи на кои што им завидувам на Албанците. Неодамна прочитав дека повеќето се приватни проекти, при што издаваат на пазарот удели, акции... Најитно треба ова да го воведеме. Не да е планот добар, туку одличен! Единствен производ со кој не треба да трошиш за маркетинг и со кој неможеш (барем долгорочно) да направиш хипер-продукција.... Хипотетички, ми се чини државава и да произведе дупло повеќе отколку што троши, не би било проблем да ја продаде на пазарот.... Е сега прашање е колкав е нашиот хидро-потенцијал!?
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
:pos:вреден 30 милиони евра. На езерското крајбрежје во Отешево Португалците ќе изградат хотелски комплекс од највисока категорија со 40 апартмани, базени, сауни и спортско рекреативни терени, а на планината Галичица поставување на скилифтови и механизација за чистење и одржување на скијачките патеки и други содржини.:pos:

http://forum.kajgana.com/threads/Португалци-инвестираат-во-новиот-лик-на-Отешево.3824/
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
КЕМЕТ, ТЕКНОХОЗЕ И ПРОТЕК ОФИЦИЈАЛНО ПОЧНУВААТ СО РАБОТА ВО ОКТОМВРИ

Американски Кемет електроникс, италијанскиот производител на гумени профили Текнохозе и руската фармацевтска фабрика Прoтек, кои изградија фабрики во технолошко-индустриската зона Бунаџик, во октомври официјално започнуваат со производство во Македонија. Како што дознава „Капитал“, две од трите фабрики веќе имаат започнато со пробно производство, додека официјалниот старт и сечењето лента за сите три фабрики е закажан за октомври.
Според информациите на „Капитал“, Кемет електроникс ги има инсталирано сите машини и целосната опрема во погонот, каде што од пред неколку месеци започна со пробно производство. Текнохозе, исто така, ги има поставено производните ленти и чека материјали за да почне со производство, додека Протек сега започнува со инсталирање на машините во првиот од трите погони кои планира да ги изгради во зоната во Бунарџик. Кемет веќе има вработено луѓе, а дел од работниците, како што пишуваше „Капитал“, веќе се пратени на обуки во Италија. Се очекува Текнохозе и Протек до крајот на месецот да објават огласи за вработување. Инвестицијата на индиската Мадерсон груп, којашто постави камен-темелник во Бунарџик пред една година, е малку пролонгирана. Иако најавите беа дека ќе почне со производство годинава, сè уште нема започнато со изградба на погонот, но ги има сите градежни дозволи и одобренија.
Во исто време, интензивно се гради вториот производствен погон на Џонсон Мети, а при крај е и изградбата на фабриката на црногорски НИН Фибер за производство на синтетички влакна. Вкупната инвестиција на Кемет електроникс изнесува 12 милиони евра, на Текнохозе 10 милиони евра, а на Протек изградбата на трите погони е проценета на пет милиони евра.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/87695/kemet,_teknohoze_i_protek_oficijalno_pochnuvaat_so_rabota_vo_oktomvri.aspx
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
ИНВЕСТИТОРИ ОД ОМАН ЌЕ ОТВОРААТ РУДНИК ВО МАКЕДОНИЈА?!

Омански инвеститори веќе ги „скенираат“ рудните потенцијали кај Прилеп и Осогово, дознава „Капитал“. Оман Балкан мајнинг е новата фирма која инвеститорите од оваа арапска земја неодамна ја регистрираа во Скопје. Се работи за фирма за вадење руди и обоени метали со основачки капитал од 30.000 евра.
Според податоците на Централниот регистар, управители се геологот Хабибур Рахман Фароокиу и електротехничарот Мохамад Шујаудин Кхан.
Според неофицијалните информации, оманските инвеститори неколку месеци веќе се интересирале за рудните резерви на Македонија. Јавно достапните информации покажуваат дека Фароки моментално работи како геолог во Мускат оуверсис интернешнал (Muscat Overseas International Co LLC), компанија којашто се занимава со земјоделство, рударство, нафта...
„Капитал“ дознава и дека оманските инвеститори се заинтересирани за уште две локации во земјава.

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/87750/investitori_od_oman_kje_otvoraat_rudnik_vo_makedonija_!.aspx
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
zatoa sto novinarite se nesposobni ili nesmeaat da informiraat Бруто-домашен производ, тримесечни податоци

петок, 14 септември 2012

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за второто тримесечје од 2012 година изнесува - 0.9%.

Во второто тримесечје од 2012 е забележан најголем пад во секторите (В+Г+Д) - Рударство и вадење на камен,
Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода од 6.9%; Ѓ - Градежништво од 5.1%
и секторот З - Сообраќај, складирање и врски од 3.0%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во однос на истиот период од 2011 година, номинално порасна за 2.2%, а нејзиното учество во
структурата на бруто-домашниот производ изнесува 79.2%.

За истиот период, извозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 4.2%, а увозот на
стоки и на услуги номинално порасна за 4.5%.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
zaria toa sto novinarite se nesposobni ili nesmeaat da informiraat Бруто-домашен производ, тримесечни податоци

петок, 14 септември 2012

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за второто тримесечје од 2012 година изнесува - 0.9%.

Во второто тримесечје од 2012 е забележан најголем пад во секторите (В+Г+Д) - Рударство и вадење на камен,
Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода од 6.9%; Ѓ - Градежништво од 5.1%
и секторот З - Сообраќај, складирање и врски од 3.0%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во однос на истиот период од 2011 година, номинално порасна за 2.2%, а нејзиното учество во
структурата на бруто-домашниот производ изнесува 79.2%.

За истиот период, извозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 4.2%, а увозот на
стоки и на услуги номинално порасна за 4.5%.
а извор да стаеше немаше лошо да е
 
Kajgana Shop

На врв Bottom