Инвестициски БУМ во Македонија

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.166
Поени од реакции
18.212
20.000 вработувања во млекарницата?Да не мислеле на 20.000 вработени крави? :pos:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.881
Поени од реакции
1.092
Скопје сити мол ќе донесе повеќе брендови

Зара во Скопје ќе биде најголема во регионот. На два ката на површина од близу 2200 метри кавдратни, светскиот бренд конечно ќе стане достапен и во земјава.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/skopje-siti-mol-ke-donese-poveke-brendovi

„Зара“ и Синеплекс преку Сити мол во Скопје

Зара, Керфур, Масимо Дути, кино операторот Синеплекс. Познатите брендови конечно доаѓаат во земјава. Најголемиот трговски центар на Балканот, „Скопје сити мол“ се отвора во септември. Инвеститорите на денешната прес конференција ги претставија закупците. Групацијата Индитекс освен Зара и Масимо Дути ги носи Пул едн Беар, Бершка и Страдивариус. Хипер маркетот Керфур ќе зафаќа површина од 4.650 метри квадратни. Со 2.190 метри квадратни, Зара ќе биде најголемата продавница на Балканот.

„Може да се уверите дека Скопје сити мол привлече некои од светските најбарани бренд имиња кои меѓу другото за прв пат ќе се претстават на македонскиот пазар. Скопје Сити мол ќе се етаблира како центар со најдобра селекција на интернационални трговски, давајќи му една поинаква димензија на шопинг искуството. Ова е одличен показател за силата на центарот и јасна индикација за растот и развојот на Македонија во една динамична и зрела држава. Се отвора една нова современа ера и ги поместува границите во купувањето“ изјави Петер Џ. Варден, главен извршен директор на Балфин МК

Дека новиот центар ќе значи ново шопинг искуство, како и нови работни места потврдуваат и македонските власти.
„Задоволство ми е кога слушам дека Македонија ќе биде на мапата на светските брендови. Македонските пари ќе останат во Македонија. Ова инвестиција се вклопува во напорите на Владата, земјава да биде интересна туристичка дестинација, а вложувањата не беа откажани иако беа кризни времиња“ изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.

Австриската компанија Синеплекс која е третиот најголем закупец во Центарот ќе има девет кино сали опремени со современа дигитална технологија со риал 3Д ефект. Трговскиот центар се наоѓа во Карпош 4 и зафаќа површина од 90.000 квадратни метри, а се планираат 2.200 вработувања. Инвестицијата е вредна 90 милиони евра. Инвеститорите информираат дека слободни се 15 проценти од просторот, а тој ќе биде понуден на локални закупци.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=88819
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
„Дрeкслмајер“ ќе вработи 4.000 лица

Германската „Дрeкслмајер груп“ објави оглас за избор на врниот менаџерски тим во фабриката што ќе ја гради во Кавадарци каде планира да иневстира најмалку 20 милиони евра и да отвори 3.000 до 4.000 вработувања.
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Груевски: Новите фабрики ќе се градат во Тетово, Струга и Скопје
Две американски и една германска компанија донеле интерна одлука за изградба на фабрики за делови или кабли за автомобилска индустрија, кои треба да бидат стационирани во Тетово, Струга и Скопје, најави денеска премиерот Никола Груевски по пуштањето во употреба на реконструираната делница Раштак - Црешево, која е дел од патниот правец Раштак - Сингелиќ.
“Фабриките во Тетово, Струга и Скопје, сите заедно, ќе вработат околу 4.000 луѓе. Во фабриката во Тетово е најавено 2.000, во Струга околу 1.500 и до 500 лица во фабриката во близина на Скопје“, рече Груевски посочувајќи дека се работи за раздвижување на пазарот.

Македонија, како што истакна премиерот, се’ повеќе станува атрактивна за странските инвеститори затоа што условите за правење бизнис стануваат се подобри, но и затоа што државата има агресивен настап на странскиот пазар по однос на промовирање на тоа што го нудиме.

Груевски потсети дека веќе е објавен оглас за изградба на фабрика за изработка на кабли за автомобилската индустрија, која што ќе има 4.000 вработувања во период од неколку години во близина на кавадаречкиот регион.

“Покрај најавата на белгиската компанија што ќе гради фабрика за автобуси во Слободната економска зона во Скопје, како и најавата за 2.200 нови работни места во новиот трговски центар во Скопје што се гради во населбата Карпош, имаме најава од поголем број други компании како јапонско-италијанска групација, која е една од најголемите производители на автомобилски делови во светот од Јапонија, која заедно со италијанска компанија планираат фабрика за автомобилски делови во Македонија“, рече Груевски.

Тој додаде дека веќе постои и интерна одлука за изградба на фабрика за автомобилски делови во близина на Скопје од страна на британска компанија, која ќе инвестира околу 60 милиони евра, како и најавата за изградба на фабрика за хемиска индустрија во Струга за што наскоро треба да биде донесена интерна одлука.

“На полето на странски инвестиции има поголем број најави, но заради бизнис спецификата и нашето држење во тој дел не можеме да објавуваме имиња на компании. Но, можам да кажам дека практично имаме најава од поголем број компании кои веќе имаат интерни одлуки за инвестирање во Македонија, но се додека тие не објават, ние не би го правеле тоа“, нагласи премиерот, притоа потсетувајќи и на неговата изјава од ноември минатата година кога рече дека годинава се очекуваат најмалку 10 нови фабрики.

Според него, ние можеме да имаме и најниски даноци во светот и најповолни услови, но ако тоа не е добро промовирано нема да стигне до инвеститорите.

“Ние тоа го правиме преку меѓународните медиуми, преку континуираната кампања за можностите за инвестирање во Македонија, преку нашите промотори во 30-ина земји, преку нашите настапи на владини тимови во различни држави на т.н. роуд-шоуа кои всушност значат претставување на земјата пред странски инвеститори и редица други активности во кои се вклучени и амбасадите, амбасадорите и дипломатските претставништва и конзулите... Ако сето тоа не го правиме, мерките што се преземени и условите што ги има за правење бизнис нема да дојдат до ушите на оние кои што одлучуваат каде ќе ја градат својата наредна инвестиција“, рече Груевски.

Македонскиот премиер додаде дека Владата ќе продолжи со сите активности за промоција, но и во правец на натамошно градење за поволна бизнис-клима како за домашните, така и за странските инвеститори.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
ќе вработат
ќе вработат
ќе вработат
ќе вработат
ќе вработат
ќе вработат
ќе вработат
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Ќе хејтаат
Ќе хејтаат
Ќе хејтаат
Ќе хејтаат
Ќе хејтаат
Ќе хејтаат
Ќе хејтаат
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Ве лажат бе, не е бум, пуф е.

Ма додека не се остварат вработувањата се е ветер и магла. Ваквите "инвестиции" не се ни први ни последни.
--- надополнето: 24 март 2012 во 17:03 ---
Ќе хејтаат
Ќе хејтаат
Ќе хејтаат
Ќе хејтаат
Ќе хејтаат
Ќе хејтаат
Ќе хејтаат
ќе се ложат
Ќе се ложат
Ќе се ложат
Ќе се ложат
Ќе се ложат
Ќе се ложат
Ќе се ложат
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Ве лажат бе, не е бум, пуф е.

Ма додека не се остварат вработувањата се е ветер и магла. Ваквите "инвестиции" не се ни први ни последни.
--- надополнето: 24 март 2012 во 17:03 ---


ќе се ложат
Ќе се ложат
Ќе се ложат
Ќе се ложат
Ќе се ложат
Ќе се ложат
Ќе се ложат
Изглеа сум ја утнал темава,мислев дека е инвестициски бум,а тоа да ти била анализа на изјавите и политиката на некоја гарнитура.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.166
Поени од реакции
18.212
Нашите политичари се секогаш со план за планирање на некаков план.Во пракса резултатите се мизерни.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Изглеа сум ја утнал темава,мислев дека е инвестициски бум,а тоа да ти била анализа на изјавите и политиката на некоја гарнитура.
Најдобар наслов би било "На Станко му се сонеше инвестициски бум"
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.818
Поени од реакции
12.308
Сите вложувања напишани поназад започнуваат со "Ќе"...и нигде никако да завршат да кажат барем еднаш -во погонот тој и тој работаат 1000 лица со плати од 400-500 евра, редовни одмори, платени празници...сите салтанати кои се очекуваат во една земја кандидат за ЕУ :oops:
А тој трговски со странски марки Зара и не го гледам како ќар за нас. Зашто не го донесеа Лидл, Меркатор...упс, наместо Меркатор на понудата случајно победија грците...се во духот на слоганот на владата -купувајте македонски производи во македонски продавници.
Додека сме кај тие "инвестиции" зошто екипата не искористи со истите трошоци за турнеја да промовира, да отвори врата за наши брендови, да тргне работата за извоз, да ургира за поефтини даноци, раб. рака, поволности...или да се заложеше на турнејата наши фирми да инвестираат во други држави? Кога можат индијците кај нас, или турците и бугарите, зашто не можеме ние кај нив? Зошто ова не е дел од работата на промоторите? Зошто еднонасочно се врши оваа промоција/понуда (најниски даноци, ослободување од сите давачки, плус помош од владата, најефтина раб. сила во Европа...)? Дали воопшто имаат идеја како да се развива Македонија и дали воопшто нешто освен Џонсон и чат пат е реализирано од сето она промоторско ќе за сите овие години?
Патем, прееска на ТВ излезе информација дека словенците не му потпишуваат на Меркатор да почне со работа се додека Меркатор не потпише дека ќе продава доминантно словенечки производи...паметна држава, затоа и се далеку поефективни од нас.
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Колку вработени има во Џонсон контролс во бунарџик???Џонсон Мети???И тие беа исто така најавувани со ЌЕ...
и ај испаѓам потпарол нечив, а немам намера,едноставно ме нервираат негативни фаци...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
310
Поени од реакции
101
Oвие Канал 5 и Шитељ како ги кажуваат инвестицииве се плашам дека ќе немаме толку луѓе за вработување.:pos:


Ама на глуп народ што и да му кажуваш ќе заборави.
Италијанско-Јапонска компанија:ROFLMAO::pos:

Туку отидов јас да се спремам за работа.:pos: Само се мислам дали да одам во фабриката на мерцедес или во оваа италијанско-јапонска компанија.Што мислите каде е подобро???:cuc:
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Колку вработени има во Џонсон контролс во бунарџик???Џонсон Мети???И тие беа исто така најавувани со ЌЕ...
и ај испаѓам потпарол нечив, а немам намера,едноставно ме нервираат негативни фаци...
Знаев дека ќе се фатиш за тие 2 (и со букви две) гринфилд инвестиции, ама мора да признаеш дека се премалку за 10 години.
Ама тоа ти е, хејтер ко мене никако да се задоволи со големите успеси на раководствата ни во последните 15-20 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom