Инвестициски БУМ во Македонија

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Знаев дека ќе се фатиш за тие 2 (и со букви две) гринфилд инвестиции, ама мора да признаеш дека се премалку за 10 години.
Ама тоа ти е, хејтер ко мене никако да се задоволи со големите успеси на раководствата ни во последните 15-20 години.
Хејтер ко тебе никако да се задоволи со "успесите", али затоа пак слеп фанбој ко него ненормално се ложи на гласините за милионите вработувања и Италијанско-Јапонско-Штрански инвестиции. Рамнотежа, ЈБГ :icon_lol:
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Прес конференции




Прилеп е најсиромашниот град во државата, со најголема стапка на невработеност


Прес конференција, СДСМ
Звонко Јованоски, секретар на Општинска организација СДСМ Прилеп
Прилеп, 23.03.2012 година
Почитувани медиуми, почитувани граѓани
Ако светските економски аналитичари ја отценуваат Р.Македонија како најмизерна земја за живење, тогаш слободно може да се каже дека Прилеп е економски најмизерниот град во државата.
Најголемото ветување на градоначалникот Ристески, она за што прилепчани 2 пати му ја дадоа дадоа довербата, е ветувањето: дека Прилеп ќе доживее економски бум, и ќе се приближи до европските стандарди на живот.
Градоначалниче Ристески, твоето најголемо ветување, е всушност твојата најголема лага !
После 7 седум години со Марјан Ристески на чело на О.Прилеп, ситацијата е следна :
-Прилеп е најсиромашниот град во државата, со најголема стапка на невработеност.
-Два од трите најголеми загубари се во Прилеп, “Тут – Ком” и “Еурокомпозит”, наместо поволно решавање на статусот на истите , ќе следува нов бран на стечајци и невработени .
- Индустриските зони никаде ги нема, случајните странски инвеститори ги бркате, поради немање на основна инфраструктура.
- Процесот за гасификација на Прилеп го сопревте, а од тоа бенефит ќе имаа и фирмите и граѓаните. Оваа година тој проект не го ни споменувате како развојна компонента во прилепската економија. Погледнете само што се случува во Струмица и Куманово, а државата нема инвестирано ниту денар за таа намена.
-Тендерот за Чебрен и Галиште не сте способни ниту да го распишите , а камо ли да го реализирате.
-Единствениот странски инвеститор кој чукна на вашата врата “Кромберт и Шуберт”, вие експресно го избркавте во Битола, а истиот тој инвеститор изјавува дека со таква политика уште долги години во Прилеп нема да стапне странски инвеститор.
- Транспортниот центар во градот и нова автобуска. Уште една лага во која што неможете да вклопите ниту еден инвеститор, кој сериозно би го сватил ова како проект за инвестиција.
-Гордо изјавувате дека во Прилеп ќе биде единствената соларна централа. Но за жал вашата неспособна администрација и бирократија ја успори и оваа единствена доброприфатена инвестиција.
Градоначалниче Ристески, факт е дека капиталните инвестиции, за подобрување на економскиот и животен стандард на прилепчани, за вас се мисловна именка.
Најголемите инвестиции, се парковите , клупите , нишалките и фонтаните за кои повеќе немате средства ниту да ги одржувате.
Прилепчани живеат помизерно и посиромашно од кога и да било.

Ви благодарам


петок, 23 март 2012

Извор:
http://www.sdsm.org.mk/default.aspx?mId=55&agId=7&articleId=6102
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Хејтер ко тебе никако да се задоволи со "успесите", али затоа пак слеп фанбој ко него ненормално се ложи на гласините за милионите вработувања и Италијанско-Јапонско-Штрански инвестиции. Рамнотежа, ЈБГ :icon_lol:
Али затоа си ти тука на сите памет да ни дадеш,фала што ме просветли...мислам дека сфаќам зошто реагираш вака на моите постови,јебига мислев ќе дебатираме за инвестиции али политика очигледно ти е појака страна...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Прес конференции




Прилеп е најсиромашниот град во државата, со најголема стапка на невработеност


Прес конференција, СДСМ
Звонко Јованоски, секретар на Општинска организација СДСМ Прилеп
Прилеп, 23.03.2012 година
Почитувани медиуми, почитувани граѓани
Ако светските економски аналитичари ја отценуваат Р.Македонија како најмизерна земја за живење, тогаш слободно може да се каже дека Прилеп е економски најмизерниот град во државата.
Најголемото ветување на градоначалникот Ристески, она за што прилепчани 2 пати му ја дадоа дадоа довербата, е ветувањето: дека Прилеп ќе доживее економски бум, и ќе се приближи до европските стандарди на живот.
Градоначалниче Ристески, твоето најголемо ветување, е всушност твојата најголема лага !
После 7 седум години со Марјан Ристески на чело на О.Прилеп, ситацијата е следна :
-Прилеп е најсиромашниот град во државата, со најголема стапка на невработеност.
-Два од трите најголеми загубари се во Прилеп, “Тут – Ком” и “Еурокомпозит”, наместо поволно решавање на статусот на истите , ќе следува нов бран на стечајци и невработени .
- Индустриските зони никаде ги нема, случајните странски инвеститори ги бркате, поради немање на основна инфраструктура.
- Процесот за гасификација на Прилеп го сопревте, а од тоа бенефит ќе имаа и фирмите и граѓаните. Оваа година тој проект не го ни споменувате како развојна компонента во прилепската економија. Погледнете само што се случува во Струмица и Куманово, а државата нема инвестирано ниту денар за таа намена.
-Тендерот за Чебрен и Галиште не сте способни ниту да го распишите , а камо ли да го реализирате.
-Единствениот странски инвеститор кој чукна на вашата врата “Кромберт и Шуберт”, вие експресно го избркавте во Битола, а истиот тој инвеститор изјавува дека со таква политика уште долги години во Прилеп нема да стапне странски инвеститор.
- Транспортниот центар во градот и нова автобуска. Уште една лага во која што неможете да вклопите ниту еден инвеститор, кој сериозно би го сватил ова како проект за инвестиција.
-Гордо изјавувате дека во Прилеп ќе биде единствената соларна централа. Но за жал вашата неспособна администрација и бирократија ја успори и оваа единствена доброприфатена инвестиција.
Градоначалниче Ристески, факт е дека капиталните инвестиции, за подобрување на економскиот и животен стандард на прилепчани, за вас се мисловна именка.
Најголемите инвестиции, се парковите , клупите , нишалките и фонтаните за кои повеќе немате средства ниту да ги одржувате.
Прилепчани живеат помизерно и посиромашно од кога и да било.

Ви благодарам


петок, 23 март 2012

Извор:
http://www.sdsm.org.mk/default.aspx?mId=55&agId=7&articleId=6102
Ова како магарето ко му рекло на зајакот дека имал големи уши :(
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
за „БУМ-от“ во Македонија незнам- допрва ќе видиме - но соседството навистина прави инвестициски “експлозии“
за Бугарија да не зборувам, ама еве Србија како нам поблиска земја и која не е во ЕУ - сериозно напредува
пр.само за Суботица- Swarovski гради фабрика таму, потоа ја имаат италијанската Calcedonia која ќе вработи 1000 луѓе, http://www.subotica.com/vesti/kalcedonija-zaposljava-1000-suboticana-id8890.html
потоа германскиот Kontitek Fluid
http://www.subotica.com/vesti/izgradnja-fabrike-kontitek-fluid-u-subotici-uz-drzavne-subvencije-id9132.html
исто така и Фиделинка- повторно проработе под закрила на словенците, отворена им е фабрика "Norma grupe",еден од лидерите во произвоство и дистрибуција на авто делови,
потоа словенечката "Studio Moderna" отвори и во Суботица свој кол центар и вработи 200 луѓе
,за Јагодина - сега пред кој ден италијанската Andrea konfecioni (Confezioni) започна со изградба на фабрика за авто церади со инвестиции од 9 млн евра

ајт со здравје сеа:cenzura:
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Али затоа си ти тука на сите памет да ни дадеш,фала што ме просветли...мислам дека сфаќам зошто реагираш вака на моите постови,јебига мислев ќе дебатираме за инвестиции али политика очигледно ти е појака страна...
И јас мислев дека ке дебатираме за инвестиции, а не за рекла-казала чаршиски муабети. А и поима немам каде виде политика.
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
И јас мислев дека ке дебатираме за инвестиции, а не за рекла-казала чаршиски муабети. А и поима немам каде виде политика.
Интервју со премиер = рекла казала чаршиски муабети ???
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Интервју со премиер = рекла казала чаршиски муабети ???
Тие се пак бетер, 10 години се се инвестира и никако да се изинвестира, али да не одиме офтопик.
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Тие се пак бетер, 10 години се се инвестира и никако да се изинвестира, али да не одиме офтопик.
Епа ни рекла-казала нечини ни од официјални лица ,ке ни замре темава...нема везе ај да не забегуваме
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
НА ПОВИДОК ДВЕ ГОЛЕМИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ДОЈРАНСКИОТ КРАЈ

Австриска и египетска компанија отвораат фабрики во Дојран
Австриската компанија Студент, со која веќе осум месеци се преговара е заинтересирана за подигање насади со маслинки и производство на цедено маслиново масло, а втората компанија е од Каиро и е заинтересирана за одгледување на калинки
Австриска и египетска компанија се заинтересирани да инвестираат во Дојран. Земјоделието е областа во која и двете компании имаат намера да вложат. Се работи за австриската компанија Студент со кои преговорите се водат околу осум месеци се заинтересирани за подигање насади со маслинки и производство на цедено маслиново масло.
"Луѓето се заинтересирани за едно 500 хектари. Сето тоа ќе оди преку надлежното министерство и преку владата, а воедно ќе финансираат и во фабрика за пакување на самото маслиново масло, вели Глигор Чабулев, градоначалник на општина Дојран
Вторите заинтересирани инвеститори се од Каиро. Покажале интерес за одгледување на калинки и отворање на фабрика за производство на природен калинков сок.
"Сакаат во Дојран уште 500 хектари за посадување на калинков насад, па во иднина би се изградила и фабрика за сокови од калинка кој е баран на пазарот бидејќи калинката не успева секаде, така што верувам дека Дојран со вакви два инвеститора кои ги имаме ќе се препороди, додаде Чабулев.
Според најавите на градоначалникот на Дојран за околу еден месец се очекува да започнат и конкретни преговори со заинтересираните инвеститори. Тогаш тие треба да понудат и конкретни програми по што се надева и на брза реализација на најавените инвестиции со кои треба да бидат отворени околу 500 работни места.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0ABE26EDE79D73498AAC8497906F35C3
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Белгиски автобуси за Америка од Скопје

27

ЈАН 2012
11:38

Белгиската фабрика за производство на автобуси во близина Скопје гради нова производствена линија.„Ван Хол“ кај нас ќе произведува автобуси за американскиот пазар.
Одлуката на фабриката да гради погони во Скопје била објавена во вторникот од страна на извршниот директор Филип ван Хол, јавува Дестандард.
„Во Македонија наидовме на поволни услови. Таму има сè што ни е потребно за да ја покриеме нарачката од 300 автобуси за САД. Оваа инвестиција ќе ни помогне да се зацврстиме на американскиот пазар и дополнително да се шириме“, ја пренесува неговата изјава белгискиот портал.
Ван Хол е белгиски произведувач на автобуси и индустриски возила. Целото нивно производство се пласира во Европа и САД. Компанијата има 4.000 вработени во своите две фабрики во Белгија.
http://www.time.mk/read/NONE/6e8208e4e5/index.html

Патем еве им ја и интеренет страната, прават доста интересни продукти од автобуси до тролебуси , трамваи и комбинации на овие два.Она што е посебо интересно се двозглобните автобуси и тролебуси.

http://www.vanhool.be/
Ван Хоол основаше фирма во Македонија

Белгиската компанија Ван Хоол НБ која најави инвестиција во фабрика за производство на автобуси во индустриската зона Бунарџик 2, основаше фирма во Македонија. Според информациите од Централниот регистар, компанијата вчера е основана со целосен назив Друштво за производство, трговија и услуги Ван Хоол Македонија, со основачки капитал од 5 милиони евра. На основањето на фирмата се уплатени 1 милион евра. Сопственик на фирмата во Македонија е Имморц НБ од Белгија, а основна дејност на компанијата ќе биде производство на моторни возила. Управители на друштвото во Македонија се Филип Ван Хоол и Јан Ван Хоол од Белгија.
Пред еден месец од белгиската компанија најавија дека во Македонија сакаат да изградат производствен погон за автобуси, во кој сакаат да произведат 300 автобуси наменети за американскиот пазар. Нашата земја, според нив им била атрактивна за отвoрање погон поради ниските трошоци на производство.
http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/82083/van_hool_osnovashe_firma_vo_makedonija.aspx
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Лукоил“ ја отвори 17. по ред бензинска пумпа во Македонија, на излезот од Куманово кон Скопје.
Ова е најголемата досега изградена бензинска станица на „Лукоил“ со вкупна површина од 6.000 метри квадратни, каде има и два големи супермаркети, паркинзи за тешки товарни возила и автобуси, туш кабини и голем ресторан.
Она што е невообичаено за оваа бензинска пумпа е тоа што се простира на две нивоа и излегува на автопатот Е-75, правец Куманово – Скопје, а второто, горно ниво излегува на локалниот пат Куманово – Романовце.
На новата бензинска ќе се точат сите видови горива под брендот „екто“, обичен дизел и течен нафтен гас.
http://www.mkd.mk/22420/makedonija/lukoil-pumpa-kumanovo-skopje-romanovce/
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Четврток, 29 Март 2012 09:09​

Сподели
96

Споделете ја веста со Вашите пријатели

Хипермаркет на францускиoт бренд Mr.Bricolage е отворен во новиот трговско-деловен центар на Скопски пазар а.д, лоциран на местото на стариот Кванташки пазар на улицата „Перо Наков“ во Скопје.


Продажниот салон, што беше официјално отворен синоќа, е на површина од 3.000 метри квадратни. Нуди широк асортиман, популарно наречени „направи сам“ производи за домаќинство, градежништво и хортикултура. Поставени се над 30 илјади артикли електрика и расвета, aлати и железарија, градежништво, декорација, бои и лакови, сè за бањата, керамички плочки, дрво, подови и подни облоги, сè за уредување на градината… Потрошувачите на едно место можат да добијат и услуги за испорака на купените стоки, консултации со професионален кадар, кроење иверки според димензиите и желбите на купувачот, поставување на купениот ламинат, сечење стакло, правење рамки за слики во димензии по желба на купувачот, мешање бои…
Покрај Mr.Bricolage, на површина од 1.560 метри квадратни во новиот трговско-деловен центар на Скопски пазар е присутен и најголемиот салон за техника во Македонија на познатиот домашен бренд за потрошувачка електроника и бела техника Нептун.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/65940-Francuskiot-brend-MrBricolage-go-otvori-svojot-market
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867

Кога ќе го пробаме во Скопје?



Петок, 30 Март 2012 12:41​

Сподели
46

Споделете ја веста со Вашите пријатели

Од магацинот на битолската пивара денес излегоа првите камиони со „Битолско“ и „Кенбах“ пиво. На тој начин свечено беше отворена пивара Битола.


Пиварницата е реконструирана по германски проект, со најнова технологија за производство за пиво. Токму затоа од оваа пивара единствено во Македонија ќе се произведува пиво по германска формула.
Двете пива на пазарот ќе се појават во стаклени амбалажи од 0.33 и 0.5 литри и ПЕТ амбалажи од 1.5 литар кои ќе се продаваат по промотивни цени со што ќе бидат конкурентни и достапни.
Фабриката има капацитети за производство на газирани сокови, кои се планира во следните денови да се појават по името „Пел“ во амбалажа од 1.5 литар.
Блажо Димитров, сопственик на битолската пивара истакна дека за почеток пивата ќе бидат пуштени во продажба само во Битола, а потоа низ цела Македонија и во соседните земји.
Засега во пиварата се вработени 80 лица, а во блиска иднина се планира вработување на уште 20 лица за производство.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/66116-Bitolsko-i-Kenbah-se-vratija-na-pazarot
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Две нови компании влегуваат во бизнисот со животно осигурување?!

Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето не откриваат кои осигурителни брендови ќе ја засилат конкуренцијата во животното осигурување во земјава, но потврдуваат дека сè поизвесен е влезот на две нови компании, познати групации од развиените европски земји
Животното осигурување остварува импресивни резултати, а потенцијалот за развој што го нуди Македонија планираат да го искористат уште две познати европски осигурителни групации, кои најавуваат влез во овој бизнис во земјава. Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето не откриваат кои осигурителни брендови ќе ја засилат конкуренцијата во сегментот на животното осигурување, но потврдуваат дека сè поизвесен е влезот на две нови компании.
„Странски осигурителни групации од земји од Европа најавија дека ќе го прошират бизнисот со животно осигурување во Македонија. Веќе имавме средби со потенцијалните инвеститори, кои потенцираа дека сакаат успешно да ја завршат приказната со освојување на регионот на Југоисточна Европа, а сепак на мапите им недостига Македонија. Економската криза во претходните години натера дел од нив да запрат со нови инвестиции, но сигналите сега се дека веќе годинава конкуренцијата во овој сегмент од пазарот на осигурување ќе се засили“, изјави Климе Попоски, директор на Агенцијата за супервизија на осигурувањето...
http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/82243/dve_novi_kompanii_vleguvaat_vo_biznisot_so_zhivotno_osiguruvanje_!.aspx

Зарем толку многу македонски граѓани се осигуруваат, па што толку е развиен овој бизнис? Како и да е ако влезат овие компании добро ќе биде за пазарот свеж капитал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom