Рамен данок од 10% плус економски зони. Колку треба да биде според тебе? Свати дека нема кадар, нема пазар, и дека заштедата на помали плати ќе ти ја изедат додатни транспортни трошоци за да стигнеш до таму каде што има пазар.
Нула посто за дел општини.Озбилно.
Немало кадар, па поради ова се селат во Скопје, дека немало кадар
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
За транспортни трошоци секогаш ќе имаш.Дали ќе патуваш од Крушево за Скопје или од Крушево за Прилеп во набавување стока, разликата е само во километри.И нормално никој паметен не би одел од Крушево за Скопје ако е возможно набавка во Прилеп, на пример.
Концетрирањето на огромен процент дејности во Скопје не е без заситување на тамошниот пазар, со тек на време дел фирми ќе пропаднат и ќе е нешто до негде изедначено.Ама овие префрлени од други места во Скопје нема да се вратат назад, освен ако не добијат поволности.
Кажи ми кога тоа Битола бил главен град, освен во главите на биточани? Јас знам само за СОЛУН и СКОПЈЕ. Скопје во 1919 бил скоро 52 000 а битола во 1961 59 000. Ако се иде по прирастот тогаш СК бил 59 000 некаде 1921 или 40 години пред битола да го стигне (The fire of Skopje started on 26 October 1689, lasted for two days, burning much of the city; only some stone-built structures, such as the fortress and some churches and mosques, were relatively undamaged. The fire had disastrous effect on the city: its population declined from around 60,000 to around 10,000, and it lost its regional importance as a trading centre.). Прочитај малку за Скопје пред да биде запалено од Пиколини колкаво било. Не 40, 280 години сме биле пред вас. Така да не скокај џабе.
Не бил главен град, зошто тогаш не била Македонија официјално држава, ама втор најголем културен, трговски, образовен и економски центар после Солун - да.Исто како шо Скопје станал главен град дури во 1944.
bitolamuseum.org напиша:
Железничката станица „Битола“ е железничка станица во Република Македонија. Станицата се наоѓа на трасата на кракот D од паневропскиот коридор 10. Железничката станица во Битола е градена кон крајот на XIX век како дел од линијата Битола-Солун, која требало да ги поврзе овие два најголеми градови во европскиот дел на османлиската империја.
Кога сме веќе кај прираст и загуби на огромна популација поради катастрофи,
Битола во 1912 имала 65.000 жители.
После Првата Светска Војна во 1919 избројани се 23.000 жители.Заедно со (Стар) Дојран (тогаш имал скоро 30.000 жители), претрпеле најголеми бомбардирања и загуби на население, се наоѓале на тнр. Солунски Фронт.
1913
Скопје 43.000
Битола 65.000* (1912)
Солун 150.000
1919
Скопје 51.000
Битола 23.000
Скопје станал центар поради близината со тогашниот центар на окупаторите.
staroskopje.com.mk напиша:
По повеќевековното стагнирање, во 19 век Скопје повторно се возобновува и развива.
staroskopje.com.mk напиша:
Кон средината на 19 век градот повторно станува главен трговски центар на Повардарјето.
Во развојот на градот посебна улога одиграла железничката линија Солун-Скопје-Косовска Митровица, изградена во 1873 год., а особено линијата Белград-Скопје-Солун од 1888 год. Тогаш Скопје станува железнички крстопат и добива непосредна врска со Белград и преку него со Средна и Западна Европа.
Во 19-от век Скопје станува важен сообраќаен центар и во него цвета занаетчиството. На 25 октомври1912 година по 520-годишно владеење Османлиите го напуштаат Скопје, а веќе наредниот ден влегува Моравската дивизија на српската војска со што градот потпаѓа под српска власт.
Иако градот Скопје не бил секогаш главен трговски центар, тој со својата географска поставеност долго време бил главна точка каде што се судирале патиштата кои воделе низ средиштето на Балканскиот Полуостров. Така на пример, низ Скопје минувале главните комуникациски линии од Белград до Солун.
Првите години 81-94 ти е почеток на помасовна емиграција на едуцирани македонци (скопјани) во странство, пред тоа емиграцијата ни беа воглавно селани кој одеа во земји каде што се бараа белци. Затоа во Австралија кога некој битолски села прават „бал“ имаат и по 500-600 души а во родното село во МКД останале 5 фамилии. Могила ти е добар пример. Друга причина е преселбата на војните лица од Скопје. Сепак командата беше во Скопје и цели населби (стар аеродром, делови на центар, нов аеродром) беа преселни во ниш и други места низ екс ју. 1994 - 2002 втор голем бран на скопска емиграција во странство, тие што дојдоа во 80тите си ги повлекоа роднините.
Доволно ми е да го прочитам ова, па гледам какво мислење имаш за другите сонародници.Ако ги гледаш како такви.Иселувања во странство имало отсекогаш, секаде и различни категории луѓе.
Дали сериозно мислиш дека имаме потреба од таква школа? Не за друго еден симулатор кошта милјони а за колку пилоти имаме потреба? 5 секоја деценија?
Зошто да не?Ама со вакво размислување немаме ни национална авиокомпанија, не па школа.Во линкот прочита или не дека опрема е набавена?Работела некако таа иста школа и до пред 10-12 години, не се секирај.И не е само пилоти од Македонија, гледај пошироко.
Пилотската школа на ЈАТ во Вршац обучила огромен број пилоти од цел свет.На крај, сигурно не набавиле опрема без потреба.
Охридска банка е сега дел од СЖ значи не е веќе охридска. Си се продавате па после кукате и нормално кога инвеститорот ќе го донесе најдоброто решение за него тогаш криви се Скопје и Скопјани. Што сме ние криви што некој се нафатирал со продажба на банка која има капитал колку селска задруга на запад за цифра од која боли глава? Исто и со пелистерка и со млекарата. Барајте си ја вината кај вашите „газди“ пред да не обвинувате нас.
Ја продал газдата (со клаузула седиштето да го задржат, веројатно ако сменат име ќе е правно нешто поинаку).Ако не вредела немало некоја си јака банка од Франција да купувала.
А дали е најдобро решение префрлањето на седиштето тек ќе видиме.Секако во моментов постојат 13 филијали во Скопје, а носат помал профит од 6-те во Охрид.ОК, не се 6 веќе 3 затворија.60% од капиталот им е од централата, не е лош тој локалпатриотизам.Логично, како инаку би била трета банка (сега е четврта после КБ,СТБ и ТБ) уште пред купувањето со филијали само во Охрид(5), Ресен, Струга, Битола, Кочани, Штип и Скопје(3)?Не ја земале без проценка Французите.Ако целата комуникација низ сите сектори е електронска, потребата за префрлање е нула.
Пелистерка е само седиштето префрлено во Скопје (сите приходи се прикажани таму), производството и целата вредност е во Битола, продажбата насекаде.А ИМБ ја купи некој англиски инвестициски фонд, заедно со Имлек Белград и Млекара Суботица.