Инвестиции во Скопје - немање стратегија(закон) за рамномерен регионален развој

Дали е потребна стратегија (Закон) за рамномерен регионален развој?

  • Да

    Гласови: 30 38,0%
  • Да, ама во пракса не би функционирал и би се злоупотребувал

    Гласови: 15 19,0%
  • Да, со ограничување на неприродното зголемување на бројот на жители во Скопје

    Гласови: 26 32,9%
  • Не

    Гласови: 11 13,9%

  • Вкупно гласачи
    79
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Во 2010та , инвестиции во основни средства (не знам што точно значи ова) , еве ги бројките :

Вкупно Македонија : 902 милиони евра

Скопје: 475 милиони евра ( 52.7%)

- општина Центар: 299 милиони евра (?)
- општина Карпош: 67 милиони евра
- општина Аеродром: 34.6 милиони евра
.
- општина Чаир: 5.4 милиони евра
- општина Сарај : 1.3 милиони евра

Арачиново: 0 денари (?)

Битола: 56.3 милиони евра

Гевгелија: 38,8

Гостивар: 5,2

Илинден: 32,3

Кавадарци: 35,3

Куманово: 18,6

Липково: 0,39

Пласница: 0 денари (?)

Прилеп: 12,2

Пробиштип: 63

Струга: 5,8

Струмица: 15

Тетово: 9,5

Центар Жупа: 0.016 (?)

Штип: 28,1
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.349
Во 2010та , инвестиции во основни средства
Испаѓа дека 45% од сите инвестиции добиле тие три општини (Аеродром, Карпош, Центар)...се инвестира, се даваат пари од градски и државен буџет за општини кои веќе се развиени, а оние кои треба да се развијат...ако збориме за Скопје, северниот дел плаче за развој и инвестиции. Ако збориме за Македонија гледам општини каде ни денар не е даден.
Вчера го прашаа градоначалникот Трајановски зошто се форсираат некои општини...па така треба, така сме одлучиле по параметри...кои побогу параметри...у ствари везе немаше што да одговори.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.178
Поени од реакции
18.251
Вчерашен Дневник...


Желбата на битолчани за аеродром е стара неколку децении. Таа неретко беше политички подгреана пред избори. Така, во 2002 година владата на Љубчо Георгиевски на заминување потроши 1,8 милион евра во изградба на контролна кула, спални, училници, хангари во Логоварди. Требаше да профункционира пилотска школа, се купија три авиони. Власта се смени, новата го прекина проектот и авионите отпатуваа за Скопје.

Ајде мал број патници би генерирал комерцијален аеродром, ама барем пилотската школа да останела во Логоварди, а не да ја пренасочеле во Стенковец.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Гласав НЕ али само затоа што нема опција "Не,зошто во пракса би бил злоупотребуван"

Тоа што е потребно е да се намали државната администрација,државниота апарат,намалат даноците и да се префрлат повеќе ингеренции на локалната власт.

Исто така потребен ни се потребни и политички реформи каде секој пратеник ќе има одредена група на луѓе кои ја преставува.Така пратеници што претставуваат региони од Југот и Истокот нема шанса да им дадат избирачите дома да гласаат за буџет каде сите пари идат во Скопје.Ако гласаат ЗА ќе можат слободно да си дадат отказ после одма.

Секој проект за развивање на други региони освен Скопје направен од Центалната власт ќе биде неуспешен.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.178
Поени од реакции
18.251
Секој проект за развивање на други региони освен Скопје направен од Центалната власт ќе биде неуспешен.
Зошто?


Ајде полека, полека сите постабилни фирми на едно место.Само да чекаме и ние луѓето кога ќе ни стигнат дома покани за принудна преселба во Скопје или ќе сме колатерална штета...

Затворивме две експозитури во интерес на клиентите :pos::tapp:
Јитка Пантучкова: „Охридска банка“ ја реорганизира филијалата во Охрид
Затворањето на експозитурите на „Охридска банка“ во Т.Ц. „Амам“ и „1-ви Мај“ во Охрид, е дел од реорганизацијата на системот на експозитури, што се прави во интерес на граѓаните и клиентите, вели во изјава за „OhridNews“ Јитка Пантучкова, претседател на Управниот одбор на „Охридска банка“. Таа посочува дека банката по влезот на „Сосиете Женерал“ постојано ја развива својата мрежа на експозитури во Македонија, како и дека
постои идеа за трансфер на седиштето на „Охридска банка“ во главниот град.


“Во изминатите пет години, од влезот на Сосиете Женерал во Македонија, мрежата на експозитури на Охридска банка се зголеми од 13 на 28 експозитури, односно Банката инвестираше во 15 нови експозитури во Македонија. Минатата недела свечено го одбележавме отворањето на новата експозитура во Гевгелија, а ги зајакнуваме позициите и во останатите 15 градови. Со ова ги потврдуваме нашите напори да го развиваме брендот на Охридска банка од локален во национален, што претставува еден од клучните принципи на Сосиете Женерал Групацијата.

Реорганизацијата на мрежата на експозитури е еден од стратешките приоритети на Охридска банка, вклучувајќи ги и експозитурите во Охрид. Минатата година Охридска банка ја пренесе и целосно ја релоцираше експозитурата 1 Мај во Дирекцијата во Охрид, а неодамна ја затворивме експозитурата Амам со цел да постигнеме интегрирана услуга за нашите клиенти во Охрид. Со ова ја реорганизираме филијала Охрид на тој начин што отсега индивидуалните и корпоративните корисници ќе ги опслужува преку три експозитури: главната експозитура во зградата во Дирекција, Медицински центар и Минимаркет. Притоа уверуваме дека и понатаму ќе продолжиме да обезбедуваме висок степен на услуга и квалитетен комерцијален пристап за нашите клиенти кој темели на нормативните стандарди на Сосиете Женерал.

Во своите активности и во резултатите Охридска банка се води од развојот на македонската економија во целост со поддршка на потребите на клиентите ширум земјата. Идејата за трансфер на седиштето на Банката од Охрид во главниот град преовлaдува од преземањето на Банката од страна на Сосиете Женерал.”-изјави Јитка Пантучкова, претседател на Управниот одбор на „Охридска банка“.

Како што веќе информиравме „Охридска банка“ неодамна го продаде деловниот простор во ТЦ „Амам“ за 700.000 евра, а на продажба е и деловниот простор на банката во поранешната стоковна куќа „1 Мај“, за кој е распишан втор оглас. Банката овој имот го проценува на 1,7 милиони евра.

OhridNews

27.09.2012 07:00

Прочитана е : 2340 пати

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
Ајде уште ова фалеше и Охридска банка скопска да биди. Колку само глупо би било Охридска Банка А.Д. Скопје :facepalm:, како сега ко ке прочитам Пелистерка А.Д. Скопје ми иди да си манам клоца.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.178
Поени од реакции
18.251
Ајде уште ова фалеше и Охридска банка скопска да биди. Колку само глупо би било Охридска Банка А.Д. Скопје :facepalm:, како сега ко ке прочитам Пелистерка А.Д. Скопје ми иди да си манам клоца.
Сосиете Женерал Македонија ќе е новото име.Ни О од Охридска Банка.Џабе скоро 60% од капиталот е од клиенти од матичниот град.Секако сите работи и наредби во модерна фирма се вршат по меил, тотално беспотребно.
Ама најјака ми беше таа изјава : Затвораме експозитури за да излезиме во пресрет на клиентите :pos:Зато во главната филијала да влезиш за најобична работа е како автобус на ЈСП во слободен ден за пензионери ...
До 2015 целосно ќе е префрлена, веќе дел од одделите се префрлени.Најјако е шо најголем дел се Охриѓани и таму.Избор - или оди во Скопје или ...

Пелистерка АД Скопје , полнето во Битола
Тиквеш АД Скопје, полнето во Кавадарци :tapp:
 

Wiche

шегобиец
Член од
22 декември 2009
Мислења
204
Поени од реакции
120
Претпоставувам од Куманово си.
1. Ок, се согласувам.
2. Нема шанси, хараната во фаст фудите и рестораните, кафаните е мнооогу поефтина, облеката, да речеме дека е иста, ама не е. Бидејки ако сакаш да влезеш во скопје во кафич на кеј или некоја дискотека и сл, треба да си добро облечен, значи малку посоленко така. Во спротивно само тие батките на врата ке те измерат и ти ке си останеш со стапо во рака, и ке мрзнеш надвор.
3.Е во Скопје пивото е 100-120 денари, минимум. Имам за 70 да, ама во некоја биртија маалска.
4. Ок, исто е.
5. Е тука е малку покомплицирано.
Доаѓаш ти на пример од куманово и сакаш да студираш на економски пример. И во куманово или во другите помали градови во средно школо полесно сте добивале повисоки оценки, сте имале и повисок просек на крај. И сега јас што сум завршил економско средно во скопје со муки и сум имал просек пример 3, ти со дупло помал труд си извадил просек пример 4.5. И при запишувањето на факултет главен фактор е просекот од средно, Што значи тебе од Куманово со помало знаење а поголем просек од мене, ке те примат во државна квота од 200 евра, а јас што сум се окозил од учење и сум добил 3ка, ке влезам на факултетот со приватна квота т.е кофинансирање од 800 евра или 1000 не знам сега колку е на економски или правен. Пример давам. Значи ти за 4 години ке платиш толку колку што јас треба да платам за една година.
Плус и ти имаш трошоци за превоз, ама и јас имам, јас живеам на 7км од факултетот морам некако да отидам до таму. Можам со автобус, со такси или со сопствена кола, а за сето тоа треба да се плати.
Исто како и ти и мене ми треба јадење, нема ваљда на шкрги да дишам.
И прочитај ми го првиот пост на оваа тема пред еден час што го пратив, за да видиш кој е мојот став на темата преселување од помалите градови во Скопје. Таму пишав и за вработувањето на скопјаните во скопје наспроти провинцијалците во скопје.
Така да мислам дека колку што ви е тешко на вас да живеете во малите места толку ни е тешко на нас да се тепаме за работни места и за студирање ради вас.
--- надополнето: Nov 24, 2011 5:14 PM ---

Ок, се сложувам со тебе, најмногу во болдираниот дел.
За првиот болд ќе ти кажам дека очигледно никогаш немаш јадено у куманово у ресторани за да спородуваш цени а за гардероба каква споредба правиш кажува се за тебе ако мислиш дека у куманово луѓето у опинци излагаат...

За другиот болд ќе ти кажам дека си очигледно глуп кога си толку учел а не си имал појима па си имал просек 3... имам школски кумановци што се сега магистри по универзитети во Париз-Сорбона и Цирих. На техничките факултети сите скоро влегуваа во државна квота само тие паметните како тебе идат на економски правни зашто тамо се бараат интелектуалци само;)

За теретиот болд а воедно и за темата ќе кажам дека владата треба да изготви стратегија и на инвеститорите да им се понудат информации со какво работоспособно население располага тоа подрачје зашто од логистички аспект што има Скопје што нема у Куманово гасовод,автопат,железница, аеродром, царински терминал ????

П.С. Ти ако си од Скопје незначи дека по дифолт треба да добиеш универзитетска диплома и некоја добра работа зашто има еден куп луѓе од Скопје кои работат во Куманово или низ Македонија што незначи дека треба да бидат протерани или стрелани само затоа што се поедуцирани, постручни???
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Скопјани најмногу заработуваат, пријавил проход од 2,5 милиони евра

17.10.2012
Скопјанец лани заработил 2,5 милиони евра, што е највисок регистриран приход во државава, соопшти денеска директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски. На листата на најбогати се уште четворица негови сограѓани кои заработиле по 1,6 милиони евра. Десетте највисоки годишни приходи се регистрирани во Скопје, а највисоки плати имаат вработените во фармацевската индустрија, банкарскиот и телекомуникацискиот сектор како и во инженерството и месната индустрија.
------
После се чудиме зошто цела Македонија сака да живее во Скопје.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Владата му подари нафта на Градот Скопје со пазарна вредност од над 2,3 милиони евра. Според одлуката на кабинетот на Премиерот, објавена во службен весник, задолжителните нафтени резерви ќе бидат олеснети за 2 милиони литри Еуродизел БС- за превоз на патници во јавниот превоз.
 
F

FARANG

Гостин
Создавани се такви услови уште од време на СХС и Југославија, Скопје бил на север поблиску до Белград железнички и патно поврзан.Изграден е после и аеородром во времето на Југославија. И нормално дека би гледал најповолни услови, нов аеродром, нови улици, обиколница за неговите тешки товарни возила итн.
Ама можни се даночни олеснувања за на пример еве инвестиција во Источна Македонија.

Види кој град бил исфорсиран по врзувањето со Југославија, а пред него Битола бил главен.И види дали процентите на прираст се нормални за една европска земја.


Интересно, зголемувањето на населението во Скопје е најмало од 1981-1994 и 1994-2002 ,во време кога Македонија се отцепи од Југославија (а во меѓувреме Југославија се мачеше со инфлации и кризи) и немаше успешна приватизација при што огромен дел од големите фабрики во Скопје (ФАС ,Годел, Алумина, Хемтекс, Скопска Млекарница, Цементарница Усје, Газела итн.) се затворија или паднаа во голема криза со минимален број работници.Со нивното консолидирање (тие шо не пропаднаа целосно) и доаѓање на новиот бран фирми (на бизнисмените кои капиталот од овие гореспомнати фирми го пренесоа во нивните) одново е вратен големиот процент на природен прираст.Во тој ист период пак од 1994-2002 битола скокнала за едно 30 %.
Скопје Битола
1913 43.331
1919 51.758 19,4 %
1926 69.269 33,8 %
1931 68.334 -1,3 %
1935 70.716 3,5 %
1948 102.600 45,1 %
1953 139.200 35,7 %
1961 197.300 41,7 % 59.001
1971 312.300 58,3 % 65.035
1981 408.100 30,7 % 78.507
1991 ------------------- 84.002
1994 448.200 9,8 % 74.464*
2002 506.926 9,8 % 102.195
2006 668.518 31,9 %
2011 > 850.000 <Процена> 110-120.000

Рамен данок од 10% плус економски зони. Колку треба да биде според тебе? Свати дека нема кадар, нема пазар, и дека заштедата на помали плати ќе ти ја изедат додатни транспортни трошоци за да стигнеш до таму каде што има пазар.

Кажи ми кога тоа Битола бил главен град, освен во главите на биточани? Јас знам само за СОЛУН и СКОПЈЕ. Скопје во 1919 бил скоро 52 000 а битола во 1961 59 000. Ако се иде по прирастот тогаш СК бил 59 000 некаде 1921 или 40 години пред битола да го стигне (The fire of Skopje started on 26 October 1689, lasted for two days, burning much of the city; only some stone-built structures, such as the fortress and some churches and mosques, were relatively undamaged. The fire had disastrous effect on the city: its population declined from around 60,000 to around 10,000, and it lost its regional importance as a trading centre.). Прочитај малку за Скопје пред да биде запалено од Пиколини колкаво било. Не 40, 280 години сме биле пред вас. Така да не скокај џабе.

Првите години 81-94 ти е почеток на помасовна емиграција на едуцирани македонци (скопјани) во странство, пред тоа емиграцијата ни беа воглавно селани кој одеа во земји каде што се бараа белци. Затоа во Австралија кога некој битолски села прават „бал“ имаат и по 500-600 души а во родното село во МКД останале 5 фамилии. Могила ти е добар пример. Друга причина е преселбата на војните лица од Скопје. Сепак командата беше во Скопје и цели населби (стар аеродром, делови на центар, нов аеродром) беа преселни во ниш и други места низ екс ју. 1994 - 2002 втор голем бран на скопска емиграција во странство, тие што дојдоа во 80тите си ги повлекоа роднините.
--- надополнето: 19 октомври 2012 во 07:05 ---
Малку грешиш Дармон, ГОЛЕМИТЕ ВИСТИНСКИ ИНВЕСТИТОРИ не чекаат да видат дали нешто ќе им оди или не... на оние кои веќе инвестирале. ТИЕ АНАЛИЗИРААТ И ЗНААТ како ќе оди. И знаат дека одговорот е: ЗА СЕГА НИКАКО..!!! Македонија е ептен мноогу мал пазар за било што, не е ни пазар...дали во кофа за вода може да се собере тоа што кај нас се нарекува пазар....Да не спомнувам што веќе немаме ни квалитетна, усогласена со барањата на времето работна сила..со доволно знаење и потѕребни вештини....освен за бла-бла муабети и маркетиншко претурање од шупливо во празно...:)
Затоа Македонија онаква каква е, е неинтересна за ниеден озбилен инвеститор.. За сеа само се продава политички рог за копито и некои далавеџии пробаат да уќарат нешто у мутно..., најчесто во некаков гешафт дослух со властите...и оние тогаш... и оние подоцна и оние пред овие...па и овие во некоја големка мера...
Треба да се бара чаре само во еден правец: да се проба со сопствениот ум , со локалната интелектуална и финансиска синергија да се помрдне малку напред...многу бавно, но сепак би било движење.Па после тоа има две алтернативи ...тој напредок и идеите ..ќе привлечат надворешен капитал и интерес..или пак ќе си остане истата алтернатива за перспектива. на младите..БЕГАЊЕ ШТО ПОДАЛЕКУ во бел свет....
Државата треба тој локалниот напор и развој на домицилни идеи за големиот светски пазар да го поддржува , а не да се мољака на странци кои имаат само еден интерес...да исцедат што повеќе од нас и тоа да го однесат некаде ДАЛЕЕКО преку морето...:)
И треба дефинитивно да ги уљуди банките, од лихвари да почнат да биднуваат партнери на бизнисот....и малиот и поголемиот...за сега ГОЛЕМ не ни имаме....

Ова плус дијаспората. Државата да се фокусира на обезбедување кредитни линии за стопанството и потпишување колку што може повеќе договори за слободна трговија.
--- надополнето: 19 октомври 2012 во 07:20 ---
Вчерашен Дневник...


Желбата на битолчани за аеродром е стара неколку децении. Таа неретко беше политички подгреана пред избори. Така, во 2002 година владата на Љубчо Георгиевски на заминување потроши 1,8 милион евра во изградба на контролна кула, спални, училници, хангари во Логоварди. Требаше да профункционира пилотска школа, се купија три авиони. Власта се смени, новата го прекина проектот и авионите отпатуваа за Скопје.

Ајде мал број патници би генерирал комерцијален аеродром, ама барем пилотската школа да останела во Логоварди, а не да ја пренасочеле во Стенковец.

Дали сериозно мислиш дека имаме потреба од таква школа? Не за друго еден симулатор кошта милјони а за колку пилоти имаме потреба? 5 секоја деценија?
--- надополнето: 19 октомври 2012 во 07:28 ---
Ајде уште ова фалеше и Охридска банка скопска да биди. Колку само глупо би било Охридска Банка А.Д. Скопје :facepalm:, како сега ко ке прочитам Пелистерка А.Д. Скопје ми иди да си манам клоца.
Охридска банка е сега дел од СЖ значи не е веќе охридска. Си се продавате па после кукате и нормално кога инвеститорот ќе го донесе најдоброто решение за него тогаш криви се Скопје и Скопјани. Што сме ние криви што некој се нафатирал со продажба на банка која има капитал колку селска задруга на запад за цифра од која боли глава? Исто и со пелистерка и со млекарата. Барајте си ја вината кај вашите „газди“ пред да не обвинувате нас.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.178
Поени од реакции
18.251
Рамен данок од 10% плус економски зони. Колку треба да биде според тебе? Свати дека нема кадар, нема пазар, и дека заштедата на помали плати ќе ти ја изедат додатни транспортни трошоци за да стигнеш до таму каде што има пазар.
Нула посто за дел општини.Озбилно.
Немало кадар, па поради ова се селат во Скопје, дека немало кадар :tapp:
За транспортни трошоци секогаш ќе имаш.Дали ќе патуваш од Крушево за Скопје или од Крушево за Прилеп во набавување стока, разликата е само во километри.И нормално никој паметен не би одел од Крушево за Скопје ако е возможно набавка во Прилеп, на пример.
Концетрирањето на огромен процент дејности во Скопје не е без заситување на тамошниот пазар, со тек на време дел фирми ќе пропаднат и ќе е нешто до негде изедначено.Ама овие префрлени од други места во Скопје нема да се вратат назад, освен ако не добијат поволности.

Кажи ми кога тоа Битола бил главен град, освен во главите на биточани? Јас знам само за СОЛУН и СКОПЈЕ. Скопје во 1919 бил скоро 52 000 а битола во 1961 59 000. Ако се иде по прирастот тогаш СК бил 59 000 некаде 1921 или 40 години пред битола да го стигне (The fire of Skopje started on 26 October 1689, lasted for two days, burning much of the city; only some stone-built structures, such as the fortress and some churches and mosques, were relatively undamaged. The fire had disastrous effect on the city: its population declined from around 60,000 to around 10,000, and it lost its regional importance as a trading centre.). Прочитај малку за Скопје пред да биде запалено од Пиколини колкаво било. Не 40, 280 години сме биле пред вас. Така да не скокај џабе.
Не бил главен град, зошто тогаш не била Македонија официјално држава, ама втор најголем културен, трговски, образовен и економски центар после Солун - да.Исто како шо Скопје станал главен град дури во 1944.
bitolamuseum.org напиша:
Железничката станица „Битола“ е железничка станица во Република Македонија. Станицата се наоѓа на трасата на кракот D од паневропскиот коридор 10. Железничката станица во Битола е градена кон крајот на XIX век како дел од линијата Битола-Солун, која требало да ги поврзе овие два најголеми градови во европскиот дел на османлиската империја.
Кога сме веќе кај прираст и загуби на огромна популација поради катастрофи, Битола во 1912 имала 65.000 жители.После Првата Светска Војна во 1919 избројани се 23.000 жители.Заедно со (Стар) Дојран (тогаш имал скоро 30.000 жители), претрпеле најголеми бомбардирања и загуби на население, се наоѓале на тнр. Солунски Фронт.
1913
Скопје 43.000
Битола 65.000* (1912)
Солун 150.000
1919
Скопје 51.000
Битола 23.000
Скопје станал центар поради близината со тогашниот центар на окупаторите.
staroskopje.com.mk напиша:
По повеќевековното стагнирање, во 19 век Скопје повторно се возобновува и развива.
staroskopje.com.mk напиша:
Кон средината на 19 век градот повторно станува главен трговски центар на Повардарјето.
Во развојот на градот посебна улога одиграла железничката линија Солун-Скопје-Косовска Митровица, изградена во 1873 год., а особено линијата Белград-Скопје-Солун од 1888 год. Тогаш Скопје станува железнички крстопат и добива непосредна врска со Белград и преку него со Средна и Западна Европа.
Во 19-от век Скопје станува важен сообраќаен центар и во него цвета занаетчиството. На 25 октомври1912 година по 520-годишно владеење Османлиите го напуштаат Скопје, а веќе наредниот ден влегува Моравската дивизија на српската војска со што градот потпаѓа под српска власт.
Иако градот Скопје не бил секогаш главен трговски центар, тој со својата географска поставеност долго време бил главна точка каде што се судирале патиштата кои воделе низ средиштето на Балканскиот Полуостров. Така на пример, низ Скопје минувале главните комуникациски линии од Белград до Солун.

Првите години 81-94 ти е почеток на помасовна емиграција на едуцирани македонци (скопјани) во странство, пред тоа емиграцијата ни беа воглавно селани кој одеа во земји каде што се бараа белци. Затоа во Австралија кога некој битолски села прават „бал“ имаат и по 500-600 души а во родното село во МКД останале 5 фамилии. Могила ти е добар пример. Друга причина е преселбата на војните лица од Скопје. Сепак командата беше во Скопје и цели населби (стар аеродром, делови на центар, нов аеродром) беа преселни во ниш и други места низ екс ју. 1994 - 2002 втор голем бран на скопска емиграција во странство, тие што дојдоа во 80тите си ги повлекоа роднините.
Доволно ми е да го прочитам ова, па гледам какво мислење имаш за другите сонародници.Ако ги гледаш како такви.Иселувања во странство имало отсекогаш, секаде и различни категории луѓе.


Дали сериозно мислиш дека имаме потреба од таква школа? Не за друго еден симулатор кошта милјони а за колку пилоти имаме потреба? 5 секоја деценија?
Зошто да не?Ама со вакво размислување немаме ни национална авиокомпанија, не па школа.Во линкот прочита или не дека опрема е набавена?Работела некако таа иста школа и до пред 10-12 години, не се секирај.И не е само пилоти од Македонија, гледај пошироко.Пилотската школа на ЈАТ во Вршац обучила огромен број пилоти од цел свет.На крај, сигурно не набавиле опрема без потреба.


Охридска банка е сега дел од СЖ значи не е веќе охридска. Си се продавате па после кукате и нормално кога инвеститорот ќе го донесе најдоброто решение за него тогаш криви се Скопје и Скопјани. Што сме ние криви што некој се нафатирал со продажба на банка која има капитал колку селска задруга на запад за цифра од која боли глава? Исто и со пелистерка и со млекарата. Барајте си ја вината кај вашите „газди“ пред да не обвинувате нас.
Ја продал газдата (со клаузула седиштето да го задржат, веројатно ако сменат име ќе е правно нешто поинаку).Ако не вредела немало некоја си јака банка од Франција да купувала.
А дали е најдобро решение префрлањето на седиштето тек ќе видиме.Секако во моментов постојат 13 филијали во Скопје, а носат помал профит од 6-те во Охрид.ОК, не се 6 веќе 3 затворија.60% од капиталот им е од централата, не е лош тој локалпатриотизам.Логично, како инаку би била трета банка (сега е четврта после КБ,СТБ и ТБ) уште пред купувањето со филијали само во Охрид(5), Ресен, Струга, Битола, Кочани, Штип и Скопје(3)?Не ја земале без проценка Французите.Ако целата комуникација низ сите сектори е електронска, потребата за префрлање е нула.
Пелистерка е само седиштето префрлено во Скопје (сите приходи се прикажани таму), производството и целата вредност е во Битола, продажбата насекаде.А ИМБ ја купи некој англиски инвестициски фонд, заедно со Имлек Белград и Млекара Суботица.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Не знам што се буните толку против Скопје кога Скопје и во поранешна Југославија а и денес да се обединат пак државите ќе биде трет град по големина само Загреб и Белград имаат повеќе жители од Скопје. И нормално е град со 700 000 жители со многу институции многу компании најобразован кадар што живее тука, да биде привлечно место за инвестирање. На 10 км од Скопје е коридорот 10. на помалку од 15км е аеродромот. Кон Скопје гравитира Косово и јужна Србија и и цела источна и централна Македонија. А тоа приказните за рамномерен економски развој се приказни за мали деца колку што в зградата кај што живееш или улицата на кој што живееш ќе имате сите рамномерен развој(приходи) толку и во државава ќе има рамномерен развој, не може да биде све рамномерно и пропорционално. Сте се фатиле сите за Скопје како слепци за стап, ај да идеме во велика Британија Лондон има 10 милиони жители а Бирмингем 1,5 мил жители и е втор најголем град во Британија. А во Лондон се сите најголеми компании и најголеми финансиски групации , највеќе технолошки компании итн, и за вас тоа е рамномерен развој . Лондон е економски и финансиски гигант за Бирмингем и за било кој друг град од Британија. Исто како и Скопје што е економски и финансиски гигант за било кој друг град од Македонија. А највеќе инвестиции во Скопје се приватни секој што тврди дека државата е најголем инвеститор во Скопје се заебал. Идете видете колку фабрики се направија во Скопје колку нови згради се изградија какви молови се изградија од приватни инвеститори . Инаку цел Скопје 2014 што се гради за рок од 4 години вреди колку Скопје сити молот. Чим во Скопје живее третина од населението во Македонија нормално е дека скопските општини и градот Скопје ќе имаат едно од најголемите општински буџети и дека тие средства ќе ги инвестираат во својата ооштина или во Градот Скопје тоа е тоа . Секој инвеститор има право да одлучи каде да инвестира и ако избере да инвестира во Скопје место во друг град не сме ние криви што не знаете да привлечете инвеститори и што немате кфалификувана работна сила.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom