и јас го мислам истото. Јас на пример сакам многу чудни имиња, барем за во Македонија се чудни. Не сакам кумовите да ми изберат некое име што мене нема да ми се допадне.Си рекла, мое дете е јас ќе си го крстам како што си сакам нема што вие да се мешате и да решавате.
Е парнерот да си го јади г**от така...на моите деца(секако ако ги имам еден ден)нема да ги крстам по родителите или бабите и дедовците...тоа ми е многу глупо...како први кој век сне ,уште тоа фали да го крстам детето трпана па да трпи после оно секакви заебанции или пак стојко...ма не иди у предвид...ке му дадам некое многу убаво и современо име кое ке го смислам заедно со партнерот кој ако нема да сака ке го убедамМногу од нас имаат име според родителите (или баба, дедо) на таткото или мајката.
Во минатото ова било сосема нормална појава, како знак на почит кон родителите и тоа претежно оние на таткото.
Денес таа традиција скоро и да исчезнува, но сепак понекаде е присутна сеуште.
Дали вие би му дале име на своето дете според нечии родители или роднини? И ако да, спред чии?
Или, што ако сте вие против ова, а вашиот партнер е за? Какво решение би било најпаметно во ситуацијата? Или обратно, вие сакате нечие име да живее преку името на вашето дете, а партнерот сака сосема ново име.
Po mene najvazno e imeto da bide Makedonsko a ne da zemame primeri od Juzno Americkite sranja i da si gi krstime decata Kasandra,Randu,Leti...Против. Да бе, сега истите имиња ќе ги вртиме во круг. Изведена некоја форма од тоа име, може, но пренесување на има, нема шанси, освен ако е некое убаво. Без навреда, ама една комшика се вика Шпоретка. Сега внуката нејзина да ја крстеа така на што ќе личеше тоа?
На крајот од краиштата, родителите се тие што одлучуваат како ќе се вика детето и не треба никој да се меша, ни свекор, свекрва, золва, јатрва, баџанак, стрина, дрн, дрн, дрн, дрн... Предлози да ми дадат, ок е, но да форсираат некое име, и да е убаво името ќе ми се одмили.