Името на Господ

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Името на Господ е темава.Значи доказот ќе го видиме пост-мортем?
Ние луѓето не сме никаков фактор и сме мали и никакви,ама имаме право да се трудиме да бидеме повеќе од тоа.Тој кој не се интересира за сопственото потекло и името на неговиот создавач....тој е глупав.
Ах Разиел, Разиел. Кој е нашиот создавач? Господ Бог? Ако е тој според тебе(а знам дека е според тебе), многу очигледно ти вели дека нема име, и нема потреба да има име. Глупав е тој кој не се интересира за својот создавач? Нашиот создавач е нашиот татко. Мојот се вика Стојан. Јас ја завршив мојата мисија.
Глупав е оној кој сака да го прифати полесниот пат до целта. Глупав е бидејќи полесниот пат никогаш не е исправниот. Премногу е лесно да се задоволиш со Бог е нашиот создавач. Бог не е нашиот создавач во онаа форма која религијата ни ја опишува.
Но ако веќе сакате да се занимавате со барање на неговото име, отварајте книги, вадете докази како Nephthys и marcus, бидејќи за тоа е темава. А реченици како “нашиот создавач... кур се тресе... тој е глупав“ принеси ги на друга тема и повикај ме, ќе се рендаме до утре.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228

Абе Викторче...по која болна асоцијација ти дојде до заклучок дека јас сум верник и дека Бог го сметам за мој создавач?Nephthys како најверојатно верник,на темава сама си доаѓаше до интересниот заклучок дека настрана што никој ништо незнае за поимот Бог,никој незнае во што и во кого верува....туку и на никој не му е гајле.Несакав да ја прекине некојси таму во потрагата по ништото,затоа интервенирав.
А што се однесува до останатото...па и лесно е да се задоволам со Димац-човекот кој добро прави ќебапчиња.Твојата мисија не е готова.Мора да постои апсолутна вистина на која случајно ќе налетаме,акајќи по сокаци,барајќи го Господ(и неговото име нели?)
 
Член од
25 јули 2007
Мислења
100
Поени од реакции
1
Бог му рече на Израел дека Неговото име е ЈАХВЕ, што значи "Јас сум кој сум" или поточно 'Јас ќе сум оној што ќе биде' (Исх.3:13-15 евр. текст). Ова име беше после нешто проширено "и пак (т.е. во прилог) му рече Бог на Мојсеја: Вака кажи им на синовите Израилеви: ГОСПОД (Јахве) Бог на татковците наши, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов... тоа е името Мое вечно, и тоа е споменот за Мене од колено на колено" (Исх.3:15). Божјото полно име е значи "ГОСПОД Бог".
 
N

Nephthys

Гостин
срце ти бараш докази а доказот треба да го видиш со сопствени очи
ја незнам кој фактор ти се замислуваш
мислам дека не вредиш до толку да ти објаснувам и да пишам на форумов постови за тебе не си достојна/ен до толку
лугево не морат да ги читат нашиве постови
"If I were to try to read, much less answer, all the attacks made on me, this shop might as well be closed for any other business. I do the very best I know how - the very best I can; and I mean to keep doing so until the end. If the end brings me out all right, what's said against me won't amount to anything. If the end brings me out wrong, ten angels swearing I was right would make no difference."
ignore me:wink:
Nephthys како најверојатно верник,на темава сама си доаѓаше до интересниот заклучок дека настрана што никој ништо незнае за поимот Бог,никој незнае во што и во кого верува....туку и на никој не му е гајле.Несакав да ја прекине некојси таму во потрагата по ништото,затоа интервенирав.
Благодарам...
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Тоа е бесмислено да му го кажеш на некој кој ти вика да му ја докажеш самата вистинитост на Библијата.Не користи КРУЖНИ аргументи од типот,верувај во Исус како Бог бидејки библијата тоа го кажува а верувај во Библијата зашто луѓето кои ја напишале се надахнати од Светиот Дух,а Светито Дух пак ја потврдува Библијата и така до вечност.
Па за мене тоа е повеќе од доказ сето тоа што го наведе.

И други пишувачи на Библијата тврделе дека се инспирирани од страна на Светиот Дух па пак тврдат дека на пример Исус не е Бог ниту Божји син.
КОЈ? Дај пример.

Во почетниот стадиум на христијанството,постоеле безброј секти од кои секоја говорела дека е инспирирана од Светиот Дух,а тврделе сосема спротивни работи.Што е тоа што одлучува која верзија на вистината е исправна?Можеби примената на сила?На крајот не е ни важно бидејки поентата е јасна-гледано објективно во четирите свети книги е многу тешко да се верува дека е пренесено веродостојно се она што Исус го говорел и работел
Еден од нас звучи како папагал.Значи АПОСТОЛИТЕ БИЛЕ ПРИПРОСТИ ЛУЃЕ САМО НЕКОИ ОД НИВ БИЛЕ ПИСМЕНИ.Се што напишале е под дејство на светиот дух. Јас цитатите од Библијата ги користам за докази, а таму убаво стои како биднало.

Повторно користиш КРУЖНИ аргументи!Прво докажи ми дека е Исус Господ,па послем докажи ми дека е распнат на крстот за да не спаси од гревовите и во своја слава да воскресне.И прашање е повторно дали човечкиот грев бил толку голем за да мора Господ самиот себе да се распне!
Јас дадов цитат ако тоа не е доказ незнам што е по тебе.
Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот.
Тоа силен бог и вечен татко се однесува на Исус.
Матеј: и ќе им Го предадат на многубошците, за да Му се потсмеват, да Го бијат и да Го распнат, и на третиот ден ќе воскресне.”
Со Христа сум распнат на крстот; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене: а животот што сега го живеам во телото, го живеам преку верата во Божјиот Син, Кој ме возљуби и Се предаде Себеси за мене

Ти реков Бог ја сторил ова земја овие луѓе ,се што се движи и живее .. за своја слава.Потребата од се што направил Бог е да се признае дека тој е тоа што, е а ние да славиме.

Дали ти тоа богохулиш до тој степен што кажуваш дека Господ одел во тоалет?!?!
Јас богохулам!! Па Исус е Богочовекот. Имаш записи во библијата каде јаде, спие, огладнува, ожеднува, зошто не и тоалет.ТЕЛО

Еве што би го спречило.
Господ објавил кога го создал просторот и времето дека е Он жив и дека никогаш не умира.Дали е возможно Господ да се умртви самиот себе и никако да не постои?Гледано од страна на тоа дека Бог е свемоќен-може.Дали тоа ке се случи?Не,нема да се случи бидејки тоа е негација на Неговиот првобитен принцип кој важи за него без разлика дали светот постои или не.
Исто така Бог објавил за себе дека е ТРАНСЦЕДЕНТАЛЕН,дека е Совршен и изнад се створено,дека е изнад просторот и времето.Со самото тоа ако Бог се умртви ке се негира самиот себе!
Ајдеее.....внимание имаме филозоф на форумот.
Дали навистина мислиш дека можеш да го замислиш Бог во целата негова големина со својот мозок и од тука да влечеш заклучоци дека Бог би се негирал самиот себе си?!Бог е многу повеќе и многу помоќен од било која замисла ти и јас да ја дадеме. Не го знам добро цитатот но милсам дека на едно место во Библијата Господ вели дека сите мудрости на оваа земја за него се обична глупост.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Библијата е само добра книга од почетокот на оваа ера.
Господ е безимен.
Тој е имагинарна именка, не постои.
Господ не е замислен да има име.
Добра книга од почетокот на векот, во која постои безимен Господ,а сепак не пости и некако е замислен!!! Од друг?
Аман бе Викторгг...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
marcus напиша:
Добра книга од почетокот на векот, во која постои безимен Господ,а сепак не пости и некако е замислен!!! Од друг?
Аман бе Викторгг...
Ох леле...
Религијата, а со тоа и Господ, се заснова на силната верба на човекот. Верба во “Господ“.
Значи... Добра книга од почетокот на ерата(не е напишана за време на нападите 9/11). Тоа е библијата, само добра книга, ништо повеќе.
Безимен Господ - значи дека на “Господ“ нема потреба да му се даваат имиња бидејќи тоа не е неговата функција во срцата на луѓето. Тој е замислен за да им се најде на луѓето во тешки мигови. Поентата на неговото “постоење“ е вие да верувате во неговата сила и моќ за избавување од гревовивте и од тешките моменти во животот. Не служи за натпревар меѓу религиите чиј Бог е поголем или за препукување на форум кое е неговото име. Затоа е и безимен затоа е и замислен.
Верниците обично го земаат Господ како нешто материјално, како нешто што се става во џеб или околу врат. :nenene:
Raziel напиша:
А што се однесува до останатото...па и лесно е да се задоволам со Димац-човекот кој добро прави ќебапчиња.Твојата мисија не е готова.Мора да постои апсолутна вистина на која случајно ќе налетаме,акајќи по сокаци,барајќи го Господ(и неговото име нели?)
Димац :) е твојата апсолутна вистина.
А апсолутната вистина која сакаш да ја бараме ќе ја бараме заедно, нема проблем... ама Господ нема да го најдеме. Затоа што тој е во твоето срце, тој не треба да го бараш некаде, тој е тука.
Дали е твојот “создавач“ мене ми е сомнително, и велам не. Јас сакам некој опиплив доказ, ако е за верба и теоретизирање, тогаш повеќе верувам дека сме производ на вонземјани кои не довеле тука, што е исто така логично, а што од друга страна е многу слично и до теоријата на религијата. Направени од кал, извадени жени од телото на мажот... хирургија на ниво, мора да признаам дека потсетува на друг свет.
Име Господ НЕМА. Има само квази докази кои може да ги барате по сите книги на светот и кои воедно нема да бидат точни.
Raziel напиша:
Несакав да ја прекине некојси таму во потрагата по ништото,затоа интервенирав.
Секако, и јас порачав претходно, и сега пак... “Но ако веќе сакате да се занимавате со барање на неговото име, отварајте книги, вадете докази како Nephthys и marcus, бидејќи за тоа е темава.“ Само реков дека потрагата е залудна...
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Ох леле...
Безимен Господ - значи дека на “Господ“ нема потреба да му се даваат имиња бидејќи тоа не е неговата функција во срцата на луѓето. Тој е замислен за да им се најде на луѓето во тешки мигови. Поентата на неговото “постоење“ е вие да верувате во неговата сила и моќ за избавување од гревовивте и од тешките моменти во животот. Не служи за натпревар меѓу религиите чиј Бог е поголем или за препукување на форум кое е неговото име. Затоа е и безимен затоа е и замислен.
Добро бре Викторгг каде го прочита тоа дека Бог е безимен.
Знаеш ли колку стихови започнуваат во Билијата. каде вака им се обраќа Бог на луѓето
Господ над воинствата зборува вака.....
Во превод САБАОТ едно од имињата
Или Ел-Шадај- семоќмиот Бог..
Ги има илјада примери
Бог немал име..бил безимен..абе ајде
Луѓето ги користат имињата кои тој ги користел кога им се обраќал
 
N

Nephthys

Гостин
Па за мене тоа е повеќе од доказ сето тоа што го наведе.
Реков да не користиш КРУЖНИ АРГУМЕНТИ.
За тебе е ,а за мене не е доказ.Убеди ме во вистинитоста и непроменливоста на Библијата со логични докази значи убеди ме дека Библијата е вистина,а потоа давај ми цитати и докази извадени од неа!

КОЈ? Дај пример.
Евангелието по Марија Магдалена,Евангелието по Барнаба, Евангелие по Јуда,Евангелие од Томас итн итн.
Петар кој се смета за еден од најблсиките на Исус никогаш не тврдел дека Исус е Бог!

Еден од нас звучи како папагал.Значи АПОСТОЛИТЕ БИЛЕ ПРИПРОСТИ ЛУЃЕ САМО НЕКОИ ОД НИВ БИЛЕ ПИСМЕНИ.Се што напишале е под дејство на светиот дух.
Дали се Мaрко,Лука и Матеј апостоли?!И како е тоа возможно кога живееле 70 до 150 години послем Исус?
Јас цитатите од Библијата ги користам за докази, а таму убаво стои како биднало.
мора да ја докажеш вистинитоста на Библијата за послем да ја користиш како доказ!

Јас дадов цитат ако тоа не е доказ незнам што е по тебе.
Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот.
Тоа силен бог и вечен татко се однесува на Исус.
Матеј: и ќе им Го предадат на многубошците, за да Му се потсмеват, да Го бијат и да Го распнат, и на третиот ден ќе воскресне.”
Со Христа сум распнат на крстот; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене: а животот што сега го живеам во телото, го живеам преку верата во Божјиот Син, Кој ме возљуби и Се предаде Себеси за мене
За почеток дај ми точна референца каде што се наога овој цитат во Библијата.
Ти реков Бог ја сторил ова земја овие луѓе ,се што се движи и живее .. за своја слава.Потребата од се што направил Бог е да се признае дека тој е тоа што, е а ние да славиме.
Повторуваш парола!Муслиманите ке ти кажат:само еден е Бог а негов пратеник е Мухамед!И што ти кажале?Ништо!
Научи се да аргументираш кога дискутираш!

Јас богохулам!! Па Исус е Богочовекот. Имаш записи во библијата каде јаде, спие, огладнува, ожеднува, зошто не и тоалет.ТЕЛО
Размисли без да се повикуваш на Библијата ,кажи ми дали е нормално според тебе Бог да оди во тоалет и да има физиолошки потреби?
Ајдеее.....внимание имаме филозоф на форумот.
Дали навистина мислиш дека можеш да го замислиш Бог во целата негова големина со својот мозок и од тука да влечеш заклучоци дека Бог би се негирал самиот себе си?!Бог е многу повеќе и многу помоќен од било која замисла ти и јас да ја дадеме. Не го знам добро цитатот но милсам дека на едно место во Библијата Господ вели дека сите мудрости на оваа земја за него се обична глупост.
Не ми поставувај реторички прашања,туку прати ја смислата на аргументите!
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Добро бре Викторгг каде го прочита тоа дека Бог е безимен.
Знаеш ли колку стихови започнуваат во Билијата. каде вака им се обраќа Бог на луѓето
Господ над воинствата зборува вака.....
Во превод САБАОТ едно од имињата
Или Ел-Шадај- семоќмиот Бог..
Ги има илјада примери
Бог немал име..бил безимен..абе ајде
Луѓето ги користат имињата кои тој ги користел кога им се обраќал
Маркус... научи да мислиш со своја глава, прочитај нешто друго освен библијата и кажи ми колку години имаш. Толку имам јас да кажам.
Поздрав :helou:
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Реков да не користиш КРУЖНИ АРГУМЕНТИ.
За тебе е ,а за мене не е доказ.Убеди ме во вистинитоста и непроменливоста на Библијата со логични докази значи убеди ме дека Библијата е вистина,а потоа давај ми цитати и докази извадени од неа!

Добро имаш бибилографски тест со кој е утврдена автентичноста на оригиналите (изворниот ракопис) и постоечките копии и временто поминато од оригиналот до копијата. Мислам дека со истиот тест се утврдена автентичноста на делата и ракописите на Цезар, Аристотел, Платони го користат историчари од цел свет
Евангелието по Марија Магдалена,Евангелието по Барнаба, Евангелие по Јуда,Евангелие од Томас итн итн.
Петар кој се смета за еден од најблсиките на Исус никогаш не тврдел дека Исус е Бог!

Евангелие по Јуда..Кога го напишал додека висел на дрво!!!
"Туку растете во благодатта и во познавањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос" - Петар 3:18
Дали се Мaрко,Лука и Матеј апостоли?!И како е тоа возможно кога живееле 70 до 150 години послем Исус? мора да ја докажеш вистинитоста на Библијата за послем да ја користиш како доказ!

За почеток дај ми точна референца каде што се наога овој цитат во Библијата.

Исаија:9:6
Матеј 20:19
Галатјаните:2:20
Повторуваш парола!Муслиманите ке ти кажат:само еден е Бог а негов пратеник е Мухамед!И што ти кажале?Ништо!
Научи се да аргументираш кога дискутираш!

Mешаш баби и жаби. Едно е парола а друго е она што Бог го рекол
Размисли без да се повикуваш на Библијата ,кажи ми дали е нормално според тебе Бог да оди во тоалет и да има физиолошки потреби?
Па за до го сватиш тоа и да го прифатиш ќе мора да се потрудиш повеќе, Татко во тело, Богочовек, Божији син...Бог...но сепак човек
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Се додека има деца на овој форум како Викторгг тешко оти ќе има разбирачка . Дете за да дискутираш на религија треба многу повеќе од Библија, кој патем тине си ја ни отворил, и не ми е јасно што бараш тука. Ако сакаш да ти се бројат постовите оди во Чек дис аут таму можеш да тропаш глупост.Ти ке ми кажеш дали размислувам со своја глава ..пишлиме
 
N

Nephthys

Гостин
Добро имаш бибилографски тест со кој е утврдена автентичноста на оригиналите (изворниот ракопис) и постоечките копии и временто поминато од оригиналот до копијата. Мислам дека со истиот тест се утврдена автентичноста на делата и ракописите на Цезар, Аристотел, Платони го користат историчари од цел свет

Да,но ти повторно не разбираш дека не е тоа прашањето.Не се сомневам дека тие еванѓелија навистина се составени од Лука,Марко,Матеј и Јован.Кога говорам за автентичност мислам на веродостојноста на нивните тврдења за Исус а не на тоа дали они ги напишале евангелијата или некој друг.Значи,јас кажувам дека нивните тврдења дека е Исус божји син се лажни!!!

Евангелие по Јуда..Кога го напишал додека висел на дрво!!!
"Туку растете во благодатта и во познавањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос" - Петар 3:18
А кој ти кажал дека висел на дрво?Секако истите оние евангелија на кои ти се повикуваш а во кои јас се сомневам.Повторно кружни аргументи..Разбери веќе еднаш,треба да ме убедиш дека Библијата е вистина а потоа нема да имаш потреба да ме убедуваш во било што што е кажано таму.

Исаија:9:6
Матеј 20:19
Галатјаните:2:20
Ако размислиш подобро ке видиш дека со ова ништо не си докажал.Ниту си ми докажал дека Библијата е Божји збор во целост сочуван и неизменет.А не ми докажа ни дека Исус е навистина Божји син бидејќи Бог и евреите ги нарекувал Божји деца и Исус рекол дека доаѓа од Татко си но и дека параклетос (утешителот)исто така ке излезе од таткото.Според тоа сите сме значи БУКВАЛНО Божји деца?Биди сериозен...

Mешаш баби и жаби. Едно е парола а друго е она што Бог го рекол
Ти очигледно не разбираш.Докажи дека Бог така рекол!!!На пример други кажуваат дека Бог рекол дека е Исус само пророк.Како да знаеме што е вистина?По тоа што неколку "свети оци"седнале и се договориле дека едни книги се лчажни а други не?

Па за до го сватиш тоа и да го прифатиш ќе мора да се потрудиш повеќе, Татко во тело, Богочовек, Божији син...Бог...но сепак човек
За да сватам ке мора да се потрудиш повеќе да ми објасниш:wink:
За сега ти иде страшно лошо.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Се додека има деца на овој форум како Викторгг тешко оти ќе има разбирачка . Дете за да дискутираш на религија треба многу повеќе од Библија, кој патем тине си ја ни отворил, и не ми е јасно што бараш тука. Ако сакаш да ти се бројат постовите оди во Чек дис аут таму можеш да тропаш глупост.Ти ке ми кажеш дали размислувам со своја глава ..пишлиме
Абе, ти да беше способен да сфатиш што ти зборам немаше да се палиш како млад мајмун тука.
А уште ако ја имаше таа дарба да можеш да активираш една вијуга у таа твоја лејка која не служи за ништо друго освен мавање заушки, ќе сфатеше дека “форум“ е место за демократско разменување на мислења и најчесто во него учествуваат луѓе со свои ставови.
Но, ти си речиси интелигентен колку Џорџ W. Буш па успеваш со својата глупост да се убедиш себе дека тоа што го пишуваш е исправно. Легни си пред да се повредиш, можеби Господ ќе дојде да ти каже некое од божјите заповеди напишани во Библијата која ти ја прочита 7 ипол пати. Ех уште можеше да ја сфатиш.... :tapp:
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Абе мочко еден, ти да беше способен да сфатиш што ти зборам немаше да се палиш како млад мајмун тука.
А уште ако ја имаше таа дарба да можеш да активираш една вијуга у таа твоја лејка која не служи за ништо друго освен мавање заушки, ќе сфатеше дека “форум“ е место за демократско разменување на мислења и најчесто во него учествуваат луѓе со свои ставови.
Но, ти си речиси интелигентен колку Џорџ W. Буш па успеваш со својата глупост да се убедиш себе дека тоа што го пишуваш е исправно. Легни си пред да се повредиш, можеби Господ ќе дојде да ти каже некое од божјите заповеди напишани во Библијата која ти ја прочита 7 ипол пати. Ех уште можеше да ја сфатиш.... :tapp:
Ебате серкото глуп ебате...
Па подобро ми е да мислам дека сум настал од Бог него ли од мајмун како тебе
 
Kajgana Shop

На врв Bottom