N
Nephthys
Гостин
Дали човечкиот ум мора да биде толку примитивен да секој божји збор кој не може да го свати.го толкува во буквална смисла.Треба да ми дадеш доказ дека Библијата е напишана од Бога бидејки нејзиниот авторитет е сомнителен бидејки канонизацијата на Библијата е извршена неколку стотици години послем "распнувањето"на Исус.И сами знаеме дека десетици книги кои на друг начин ја толкуваат христијанската догма се отфрлени,па како да знаеме која верзија е вистинита!?„Ако Бог беше ваш Татко, ќе Ме љубевте Мене; зашто Јас од Бога излегов и дојдов"
И овде се тврди дека ке дојде друг човек кој ке "излезе од Таткото"..дали тоа значи дека е тоа негов "втор син",бидејки по аналогија на првиот цитат мора глаголот "излегува" да се толкува буквалкно како и во првата реченица."А кога ќе дојде Утешителот, Кого Јас ќе ви Го испратам од Таткото, Духот на Вистината, Кој излегува од Таткото, Тој ќе сведочи за Мене"
Утешител-paraklet-Свети дух
Најди ми цитат од стариот завет кој го потврдува светото тројство!
Бидејки ако е Светото Тројство таква есенцијална догма,нешто што најмногу ни говори за Бог,зашто ни Адам,Ное,Абрахам(Авраам) и Мојсеј на ниеден начин не ни го потврдиле Светотот Тројство.
Зашто Свети Петар или свети Барнаба ..ниеден од нив двајца не тврдат дека Светото Тројство е вистина.
Зашто ниедно од евангелијата на Марија Магдалена или на Филип не ни го потврдуваат Светото Тројство.
Ако е Исус Бог во тело на човек,а знаеме дека јадел храна и пиел вода и имал физолошки потреби,дали е во тој случај возможно да се тврди дека Бог оди во тоалет(прости ми Боже)..
Свети Павле кога дошол во Ерусалим многу години послем Исус бил каменуван од Исусовите следбеници бидејки тврдел дека е бог дел од тројството.
Не е важно што различни народи му препишуваат,важно е што Бог објавил за себе.И тоа е на некој начин смислата на објавата и на пратениците,да се добие објективна вистина за Бог!Зборот ми беше дека не може да се каже кое е вистинското име на Бога, затоа што различни народи му припишуваат различно име.
Не можеш,можеш да ставиш име кое само Бог го објавил преку своите пратеници.Јас можам да ставам било кое име, се додека алудирам на најсовршеното, најмудрото (и уште многу нај*) Битие.
Што сакаш да кажеш дека евреите,христијаните и муслиманите имаат три различни Бога..или мислиш на тоа дека имаат еден а го нарекуваат со различни имиња?Морам на крајот да споменам дека тука станува збор за еврејскиот, христијанскиот и муслиманскиот Бог.