Имате ли фобија од летање со авион?

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Фобија од летање јас секогаш ќе имам.Ама онака нормална фобија.Сум летал со авион на 2-годишна возраст и последно минатото лето летав 4 пати во 10 дена.Пред летовите ова лето имав ептен страв од летање,ама поосле првиот лет минатото лето(на кој пред и на полетување ептен врнеше) стравот помина и сега само да летам сакам.Дефинитивно највозбудливи делови од летањето се полетувањето и слетувањето(лично мене многу возбудливо ми е полетувањето)
Погледот од горе е неверојатен.
Еве ви една слика од Охридското езеро.Во долниот дел на сликата е Корча,Албанија.

Член од
2 август 2011
Мислења
139
Поени од реакции
44
nikogas ne sum letala ni so hilihopter ni so avion pa ke kazam deka sakam da probam za da znam dali imam fobija od letanje ili ne a mnogu bi sakala da probam.:)
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.821
Поени од реакции
11.446
Јас мислам дека како Македонци немаме фобија од ништо, бестрашни сме покрај толку говнарии и кошмари кои секојдневно ги поминуваме. Така да ова со авиониве е пи*кин дим.
 
Член од
2 август 2011
Мислења
139
Поени од реакции
44
ma nemoj ako ti mislis taka taka neka ti bide kolku e da e crno morame da gledame pozitivno za da se odi napred inaku ke pagame dole.ednostavno kazano mora da se zivee.:pos:
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
38
Поени од реакции
17
Имам летано повеќе пати и нема ништо страшно зависи колку е долг летот може и досадно да биде и ме нервира секогаш коа ќе почне да се спушта ми се затнуваат ушите и го мразам тоа чувство.. неостварена желба (засега) да скокнам од авион со падобран ама ќе биде и тоа во иднина :vozbud:
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Мислам дека првото летање со авион и акумулираниот страв беше една од причините за некое време после тоа да се развијат еден куп негативни психолошки моменти. Се качив на авион, затоа што морав на тој начин да патувам. Сам. УПМ, многу гадно. Откако го преживеав полетувањето, цело време се трудев да не случајно погледнам преку прозорецот, а сепак погледнав (положбата на зајдисонцето беше многу чудна и несоодветна со таа на авионот а тоа беше причина за паничен страв) и едвај продолжив да дишам..:sick: Пробав да си го одвлечам вниманието јадејќи кикиритки и читајќи една брошура на сите јазици на кои беше преведен текстот.(y)
Не би сакал да бидам приморан уште еднаш да се качам на авион. Најверојатно е возможно да се победи таа фобија, но постепено. Фактот дека статистички тоа е најбезбедниот и најсигурен начин здрав и жив да пропатуваш определено растојание помага само малку, дури се вклучи одвратниот ирационален страв...
Од моето прво и последно патување со авион редовно преку неколку седмици си сонувам авиони како се уриваат околу мене..:tapp:
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Ма какво јадење,јас пред летање ни јадам ни пијам.Страв ми е дан исповратам во авионот.:icon_mrgr:
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Првиот пат ич не се плашев, напротив ми беше многу интересно. Имам летано минимум 15 пати ама најзаебано беше од Петровец минатиот месец со czech airlines. Летот е во 4:20 сабајле, и се будам во 2:30 сабајле да се спремам кога гледам надвор дува ветер ама многу силен беше. Интересно беше полетувањето, лево десно цело време, ама после се стабилизира добро беше
 
K

kalimer0

Гостин
Не сум имал прилика да летам а и не гледам некој страв кој што би ме спречил. Тоа дека ќе се урне авионот може и на глава да ми се урне додека одам пеш па сега што треба да не излегувам од дома? Или да шетам со чадор :D
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Имам летано 50+ пати, и секогаш ми е како првпат.
И плус ги иам гледано сите сезони од Air Crash Investigation.. :cautious::D
Сеа за 10 дена - летам пак :tapp: јбг морам...
Кејф за летање неам ич ама ич никаков... Единствено добро гледам во тоа што за 2-3-4-5 сати сум таму кај што треба да сум...
И нормално, што и да се деси... не се секирајте... горе никој не останал! :pos:
 
A

AnFem

Гостин
Мислам дека првото летање со авион и акумулираниот страв беше една од причините за некое време после тоа да се развијат еден куп негативни психолошки моменти. Се качив на авион, затоа што морав на тој начин да патувам. Сам. УПМ, многу гадно. Откако го преживеав полетувањето, цело време се трудев да не случајно погледнам преку прозорецот, а сепак погледнав (положбата на зајдисонцето беше многу чудна и несоодветна со таа на авионот а тоа беше причина за паничен страв) и едвај продолжив да дишам..:sick: Пробав да си го одвлечам вниманието јадејќи кикиритки и читајќи една брошура на сите јазици на кои беше преведен текстот.(y)
Не би сакал да бидам приморан уште еднаш да се качам на авион. Најверојатно е возможно да се победи таа фобија, но постепено. Фактот дека статистички тоа е најбезбедниот и најсигурен начин здрав и жив да пропатуваш определено растојание помага само малку, дури се вклучи одвратниот ирационален страв...
Од моето прво и последно патување со авион редовно преку неколку седмици си сонувам авиони како се уриваат околу мене..:tapp:
Ми се сврте паметот кога го прочитав ова. Не сум била едниствена...
Јас имам огромна фобија од височини. Си имав ветено дека нема да стапнам во авион. А морав да патувам и ќе морам и понатаму, поевтино е и побрзо. Не ми помогнаа ни двете таблетки за смирување. Ама сепак јуначки гледав надоле! Е добро, при полетување ми се слоши (ради психа) и бев бледа наредните два и нешто часа додека патував. Кога требаше да слетаме, не знаев што ме чека (триста филмови ми направија за полетувањето и слетувањето), а сопатникот ми заспа, па од паника почнав да плачам :) Али многу фин филинг ми направи слетувањето, цело време гледав надоле и со душа чекав да слетаме. Кога ја допрев земјата, сакав да легнам и да ја бацувам! Се надевам само дека нема да налетам на турбуленции :vozbud:

Имам летано 50+ пати, и секогаш ми е како првпат.
И плус ги иам гледано сите сезони од Air Crash Investigation.. :cautious::D
Сеа за 10 дена - летам пак :tapp: јбг морам...
Кејф за летање неам ич ама ич никаков... Единствено добро гледам во тоа што за 2-3-4-5 сати сум таму кај што треба да сум...
И нормално, што и да се деси... не се секирајте... горе никој не останал! :pos:
Почит! Знаеш ама фино ме утеши? :icon_mrgr:
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Почит! Знаеш ама фино ме утеши? :icon_mrgr:
Летањето е полно со изненадувања.. Кога мислиш дека знаеш како е, опппа безвоздушен простор.. абе шо.. птица од 50+ тона понира као да лови некој зајак... си викаш, дали ова чудо ќе успее да се крени пак..:D
Иам гледано кај шо се молат, кај што плачат... Еден еднаш викаше "ЛЕЛЕ СПРИЈА ЛЕЛЕ СПРИЈА"... до ден денес не знам што му беше на чоекот.. од кутра мака изгледа..
Не знам по кој пат летав....а мислам дека релација цирих - копенхаген беше, абе снег, дожд, мега турбуленции.. желудников трикратно салто да ми прајт... Глас не пуштав... Земав воздух и го држев... И тој до мене шо седеше, изгледа ги виде на мене сите бои на виножитото, и ми вика.. уживај си братче не се секирај горе никој не останал.. Смешно стварно.. јас се убив од смеење.. ама од ко слетавме :D:D
Така ми остана тоа, и секогаш му го велам на некој што има страв..

А стравот од летање се надминува само со многу летање. Тоа е најбрз начин да се совлада таа фобија.
 
Јасно, ама еве ти викаш не ти поминало...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom