Имате ли фобија од летање со авион?

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Имав таква "среќа", требаше да летам наредниот ден откако се сруши првиот конкорд, наводно најсигурниот авион во историјата. Сторијата за случката идеше на сите вести, а јас се пакував за Македонија. :) Но сепак мислам дека нема човек кој летал во aвион а да не му пројде мислата низ глава дека нешто може да тргне на лошо во секој момент.
 
H

HITCH

Гостин
Обожавам авиони! Сега на 21. март пак треба да патувам со авион и едвај чекам. :vozbud:
 

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Воопшто немам страв од летањето, малку е незгодно ако има турбуленции и кога се клати целиот авион или полетување/слетување кога ми се креваат цревата нагоре како во забавен парк. Оваа година летав на 11.09 од Нујорк баш на 10 години од терористичките напади па ме маваше некоја нервоза цел лет дека може нешто да се случи ама за среќа се беше во ред.
 
A

AnFem

Гостин
Имам летано само два пати и навистина уживав. Посебно првиот пат со бугарска канта која суво пенетрира во воздушен џеб чинам ги викаат. Турболенција. Fucking awesome! И плус седев до прозорец. А вистинската акција која дига адреналин не е летањето, туку ако некои доживеале, кога авионот врти, а ти се наоѓаш на страната која гледа надолу. Epic!
Teach me master! :cuc:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
15 октомври 2012
Мислења
193
Поени од реакции
49
До сега имам еднаш летано со авион ( за жал ) или среќа и умрев од страв :icon_lol: Не толку во моментот додека летав,него пред тоа,имав некоја огромна фобија,си викав ја ко што сум баксуз може да се сруши авионот :)

Ваши мислења ?? Имате ли такви проблеми
Ednas sum letal i nikogas poveke nemam fobija.tuku neim veruvam na avionite.preku 200greski ima ne kazuvat.Zatoa kako limenki pagaat?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Летав без проблем се додека не ги изгледав сите ( и репризите) емисии на национал географик за авионски несреќи и видов од какви се глупи ситници паѓаат авиони и гинат стотици. Златна кола, ко ќе се уклучи црвена ламбичка си паркираш покрај пат, седнуваш на мајка земја палиш цигара и чекаш да те одшлепаат.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Летав без проблем се додека не ги изгледав сите ( и репризите) емисии на национал географик за авионски несреќи и видов од какви се глупи ситници паѓаат авиони и гинат стотици. Златна кола, ко ќе се уклучи црвена ламбичка си паркираш покрај пат, седнуваш на мајка земја палиш цигара и чекаш да те одшлепаат.
:pos:

Убаво си беше на времето само МТВ, не даваа такви работи.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.631
Поени од реакции
35.159
Што ќе се мислам дали од 10,000 метри висина ќе ме собираат со некое метле и ќе ме стават со лажиче во кутија од еурокрем, подобро акај си 2 дена со кола или автобус или брод(барем ако се случи нешто ќе ме најдат :icon_mrgr:) по бели свет, отколку да гризам нокти во авион и да очекувам да се сруши секој момент.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.739
Поени од реакции
22.998
Со патнички немам а баш би сакал. Ајде ке биде и тоа.
Но со утва ( овие што фрлаат летки ) се имам прелетано , имам летано и со едрилица( двосед бланик). Среќа моја што еден мој близок роднина беше инструктор по летање на спортскиот аеродром во Битола, сега за жал е под пензија и ништо од тоа веќе долго време.
Инаку споредба само летањето со едрилица према авион е неспоредливо. Тишина, нема брчење на моторот, а кога ке фатиш воздушен столб и кога ке те крене у пичку матер високо а таму не далеку од тебе некој штрк или орел исто си се крева на термиката.
И ништо околу тебе само струење на воздухот, по некој воздушен џеб и кесата за повраѓање пошто ако си почетник и имаш нежен стомак таа ти е повеќе од потребна, нешто како прибор за лична хигиена:).
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Што ќе се мислам дали од 10,000 метри висина ќе ме собираат со некое метле и ќе ме стават со лажиче во кутија од еурокрем, подобро акај си 2 дена со кола или автобус или брод(барем ако се случи нешто ќе ме најдат :icon_mrgr:) по бели свет, отколку да гризам нокти во авион и да очекувам да се сруши секој момент.
Статистички повеќе шанси имаш да те чукне шлепер по автопат, отколку да загинеш во авионска несреќа.
 

mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
799
Поени од реакции
525
Прв пат на петок 13 лелелелеле страв у пичку матер башка стравот мадињата си ги голтнав ко полетуваше.....
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.631
Поени од реакции
35.159
Статистички повеќе шанси имаш да те чукне шлепер по автопат, отколку да загинеш во авионска несреќа.
Точно, статистички авионите се најсигурни, ама ај кажи и на пуста фобија :place:,
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.586
Поени од реакции
14.387
За тие што планирате да летате, мој совет, некое време пред да летате не гледајте никакви емисии или не читајте ништо во врска со авионски несреќи. Јас така кога летав од Мајами до Чикаго, вечерта пред тоа случајно ја отворив темата на кајгана за авионски несреќи, и другата ден кога летав нон-стоп на тоа мислев. Џабе ти е што сакаш прави, паметот ти лета во тоа. :)

Уште една интересна случка за мене, кога летав од Рим до Чикаго, и баш тука пред Чикаго над езерото Мичиген почна да дрма ептен јако, и си викам "мме цел океан прелетав, баш сега ли најде. :D". Исто и некако побезбедно ми изгледа летањето над океан отколку на некои кратки релации. Нема турбуленции нема ништо, како кога возиш кола на некој прав автопат. Само што е препремногу досадно, три филма во авион изгледав, и сеуште во воздух упм. Иначе кога ќе ми дојдат такви мисли дека ќе паѓа авионот, само гледам пред мене и зад мене уште 200-300 луѓе, и си викам не сум само јас.. Од пишаното не се бега. :D

И пред да летате погледнете ја само странава и видете колку авиони летаат во моментов. Ваљда нема да бидете толкави баксузи баш вашиот да се погоди. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom