За тие што планирате да летате, мој совет, некое време пред да летате не гледајте никакви емисии или не читајте ништо во врска со авионски несреќи. Јас така кога летав од Мајами до Чикаго, вечерта пред тоа случајно ја отворив темата на кајгана за авионски несреќи, и другата ден кога летав нон-стоп на тоа мислев. Џабе ти е што сакаш прави, паметот ти лета во тоа.
Уште една интересна случка за мене, кога летав од Рим до Чикаго, и баш тука пред Чикаго над езерото Мичиген почна да дрма ептен јако, и си викам "мме цел океан прелетав, баш сега ли најде.
". Исто и некако побезбедно ми изгледа летањето над океан отколку на некои кратки релации. Нема турбуленции нема ништо, како кога возиш кола на некој прав автопат. Само што е препремногу досадно, три филма во авион изгледав, и сеуште во воздух упм. Иначе кога ќе ми дојдат такви мисли дека ќе паѓа авионот, само гледам пред мене и зад мене уште 200-300 луѓе, и си викам не сум само јас.. Од пишаното не се бега.
И пред да летате погледнете ја само
странава и видете колку авиони летаат во моментов. Ваљда нема да бидете толкави баксузи баш вашиот да се погоди.