Во ред е сето тоа „како некои поединци искористуваат не знам што“... но кои се тие поединци?
Кое е тоа знаење на илуминатите?
Јас тоа сакам некој од форумџиите да ми објасни кое е тоа нивно знаење? Науката? Некоја „чудна“ духовна пракса? Што?
Зарем ќе постоеја тие илуминати и тајни Редови ако нивното знаење беше јавно? И што ќе беше ако секој имаше пристап до тоа знаење? Јас мислам дека со премногу заморување само се греби лушпата од тоа што тие се и што тие знаат.
Мислам дека недоброто разбирање на нивните закони и знаења од страна на надуени човечиња кои нормално, немаат храброст да бидат дел од тие тајни друштва, а умираат од желба да знаат и да умеат, и нормално сакаат само да искористуваат, доведуваат до вакви осудувања дека токму некакви си илуминати се криви..
Не се криви тие, профаните кои си го буричкаат носот кај што не треба и кај што не им стига духот се криви. Чекорот се пушта колку ти е чергата нели...
Си треба малку храброст и доблест... не е многу тоа