Извршители (легални рекетари).

Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
da im ibammater u gz na izvrsitelite hostapleri ni edni imam eden vo zgradava, lugee ne znaete sto pravi sekoj mesec samo menuva inventar vnatre, de masi stolici de nesto luksuzno
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Сега одат со платни налози кај нотар. Нотарот врши достава до должникот и ако тој не плати или пак не даде приговор во рок од 8 дена го дозволува и истиот е правосилен и извршен. Тогаш доверителот ја носи извршната исправа кај извршителот, а тој постапува по неа. Така да извршителите постапуваат само врз основа на извршна исправа,а не измислуваат ништо од ракав. Во врска со застареноста - Нотарот нема обврска да проверува дали побарувањето е застарено, доколку должникот поднесе приговор тогаш нотарот го праќа предметот во Суд и судот ќе одлучи дали некој предмет е застарен или не.
Во врска со сметката - ако е така тогаш никој нема да може да си наплати побарување. Приватноста е заштитена во секој случај. Должникот имал шанси да плати претходно а не го сторил тоа. Значи затоа се вика присилно извршување( блокирање сметка, попис на ствари и сл)
Син ми има 20 години,полнолетен е и сам одговара за своите постапки пред законот.Ако должи пари,а живее во мојот дом на извршителот не му дава за право да наплаќа негови долгови од моја лична сопственост.На нотарот законска обврска му е и тој да го прочита решението пред да го потпише и завери,а ако решението не го прочита а завери тогаш нотарот одговара кривично
Инаку имав случај со напалата од извршител.Се работеше за сеста ми и зет ми кои живеат во куќа,каде што целиот инвентар и куќата се во моја сопственост.Дошол извршителот и без да побара документи за сопственост човекот си извршил наплата со тоа што му се нашло пред очи:Плазма телевизор,преносен компјутер,статичен компјутер,камера и DVD.Арно ама кога му отидов во канцеларија со сите документи за сопственост и му се заканив,од многу силен и гласен одеднаш онеме,само зедма еден налог го пополни и заедно отидовме во банка да ми ја плати штетата бидејќи некои од одземените работи ги продал,а некои ги поделил на роднини и пријатели.
 
A

Advokatisce

Гостин

Значи нотарот не чита решение, тој го составува врз основа на доставени фактури. Нотарот не е судија и нема моќ да одлучува. Едноставно му доставуваат предлог за извршува, нотарот го дозволува и праќа примерок на должникот. Ако должникот во рок од 8 дена не го плати долгот или не поднесе приговор тогаш предлогот станува правосилен и извршен. Доколку живеете во иста куќа извршителот може да врши попис на ствари, а ако има доказ тие ствари не се негова сопственост тогаш неможе да ги попише.
Тоа со заканите баш и не ти пали, а работите не може да ги подели на роднини и пријатели зато што тие ствари се продаваат на јавна лицитација
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Значи нотарот не чита решение, тој го составува врз основа на доставени фактури. Нотарот не е судија и нема моќ да одлучува. Едноставно му доставуваат предлог за извршува, нотарот го дозволува и праќа примерок на должникот. Ако должникот во рок од 8 дена не го плати долгот или не поднесе приговор тогаш предлогот станува правосилен и извршен. Доколку живеете во иста куќа извршителот може да врши попис на ствари, а ако има доказ тие ствари не се негова сопственост тогаш неможе да ги попише.
Тоа со заканите баш и не ти пали, а работите не може да ги подели на роднини и пријатели зато што тие ствари се продаваат на јавна лицитација
Нотарот мора да биде запознаен со целиот случај за тоа што го потопишува,а ако рокот е застарен во доставените фактури тогаш предметот треба да го врати назад за да се поништи налогот.
Што има врска што живее во моја ќуќа и кои рабити се негови кога живее и се води на адерсата на куќа во моја сопственост.
Инаку е вработен и платата ја даваа дома,а јас купувам за него ама тоа е моја сопственост,а извршителот ако има дупе прво нека влезе кај мене дома па после нека докажува што е сопственост на синот
И да заканите имаа неверојатен ефект,бидејќи увиде дека згрешил,иначе следеше ќотек.Затоа и си пополни налогче да ми ја надомести направената штета и омаловажувањето и така среќни и задоволни заедно отидовме во банка да направима трансакција во моја корист
 
Мислам дека доста добро ти објаснив и искрено немам намера да ти го раскажам цел факултет и да ти го објаснувам и да го анализираме законот за извршување. Тоа што имав ти го кажав и немам намера понатака да ти објаснувам
Не проблем доброто заработување туку начинот на кое се прави тоа.
а кој е тој начин? Како што кажав извршителот постапува по извршна исправа. Порано кога извршителите беа во судот не беа такви така, а сега не чинат. Должникот имал шанса да си го плати долгот,а тоа не го сторил. Доверителот сака да си ги наплати побарување, а извршителот постапува согласно закон.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Мислам дека доста добро ти објаснив и искрено немам намера да ти го раскажам цел факултет и да ти го објаснувам и да го анализираме законот за извршување. Тоа што имав ти го кажав и немам намера понатака да ти објаснувам
Јас ти кажувам како одат работите во реалноста а не во читанка,затоа и поголем дел од побарувањата не можат да се наплатат.
Немам намера и понатака да ти реплицирам
 
каква ти е таа реалност. Извршителот постапува согласно закон. Така да тоа е тоа. Нема друга реалност или читанка
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
. Порано кога извршителите беа во судот не беа такви така, а сега не чинат. Должникот имал шанса да си го плати долгот,а тоа не го сторил. Доверителот сака да си ги наплати побарување, а извршителот постапува согласно закон.
Не ме заебавај татко ми има за наплата 10000 евра од поранешната фирма каде што има работено што за стаж што од плати. Е сега татко ми е должен околу 1000 евра сметки ако успееше да си ги наплати тие 10000 евра кои што извршителот не можел да наплати дрн мрн фрн тој ќе си ги исплатеше тие сметки каде што е должен.
Кога ќе си ги наплати татко ми своите побарувања тогаш ќе си плати каде што е должен, а ако дојде извршител да наплаќа има крваво да си ги заработи тие пари :icon_lol:.
МММММММММММммммммммммммм мир во мене мир од мене :icon_lol: .
 
значи треба да има од кај да наплати. Ако нема пари на сметка или ако е во стечај, нема имот и сл неможе да наплати
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Aдвокатишчето е во право.
И, порано, кога платните налози ги издаваше судот, сега нотарот, не навлегуваа во основаноста на долгот.
Тоа е, всушност, дозвола за извршување врз основ на веродостојна исправа, т.е. фактура на пр.
Кога нотарот го издава платниот налог, му го доставува на доверителот, но и на должникот, и тој платен налог има рок од 8 дена да биде обжален до Претседателот на судот каде нотарот има седиште. По истекот на тој рок, се разбира доколку нема приговори, платниот налог е правосилен и како правосилен оди кај извршител, по барање на доверителот.
Доколку има приговор, должникот и доверителот се упатуваат да поведат граѓански спор, и во овој случај нема извршување, доколку граѓанскиот спор заврши со пресуда во полза на должникот.

Практично би одело вака на пр.:
Ми доаѓа платен налог заверен од нотар, каде јас сум должник а на пр. ЕВН е доверител.
Од платниот налог гледам дека ЕВН приложил финансиска картица (веродостојна исправа) дека не сум платил струја во износ од 10000 денари по десет фактури кои се однесуваат за преиодот од 1-10 месец 2010 година.
Го примам платниот налог на ден 18.02.2012 година, и во законскиот рок поднесувам приговор, и по повод мојот приговор упатен сум на судски спор каде јас сум тужител, тужен е ЕВН, вредност на спорот е 10000 денари.
Докажувам пред судот дека по ЗОО периодичните побарување застаруваат една година од денот на доспевањето, а воедно барам и судот да му наложи на ЕВН да го брише мојот наводен долг од книговодствената евиденција.
Го добивам спорот, ЕВН може да се слика! Толку...

Ај сега и другата опција:

Ми доаѓа платен налог заверен од нотар, каде јас сум должник а на пр. ЕВН е доверител.
Од платниот налог гледам дека ЕВН приложил финансиска картица (веродостојна исправа) дека не сум платил струја во износ од 10000 денари по десет фактури кои се однесуваат за преиодот од 1-10 месец 2010 година.
Го примам платниот налог на ден 18.02.2012 година,и си велам ич кур не ме боли, шо ги ебам!
Помине рокот за приговор, ЕВН не е известена дека е поднесен приговор, а со самото тоа е поведен спор, и фино лепо, тие си одат кај извршител, му доставуваат правосилен и извршен наслов, т.е. платниот налог и јас можам да се сликам!
--- надополнето: 18 февруари 2012 во 22:37 ---
Нотарот мора да биде запознаен со целиот случај за тоа што го потопишува,а ако рокот е застарен во доставените фактури тогаш предметот треба да го врати назад за да се поништи налогот.
Што има врска што живее во моја ќуќа и кои рабити се негови кога живее и се води на адерсата на куќа во моја сопственост.
Инаку е вработен и платата ја даваа дома,а јас купувам за него ама тоа е моја сопственост,а извршителот ако има дупе прво нека влезе кај мене дома па после нека докажува што е сопственост на синот
И да заканите имаа неверојатен ефект,бидејќи увиде дека згрешил,иначе следеше ќотек.Затоа и си пополни налогче да ми ја надомести направената штета и омаловажувањето и така среќни и задоволни заедно отидовме во банка да направима трансакција во моја корист
За горниот дел од твојот пост напишав погоре, ама поинтересен ми е долниот дел :)

1. НИЕДЕН извршител нема да се замара да попишува и одзема предмети доколку може да наплати долг од канцеларија, т.е. преку забрана за исплата на 1/3 од плата. Таа забрана ја спроведува исплатителот на плата, т.е. фирмата каде работи должникот. Ако тоа не го може, тогаш ќе бара возила на име на должникот или недвижности. Предмети од дома... тоа слабо го работат, скоро никогаш. Но, не е невозможно.
2. Во претходен пост имаш напишано дека стварите ги продал, а дел подарил по пријатели или роднини, не е битно.
Таква изјава од твоја страна е нелогична и смешна бидејќи:
а. Сигурно ти како заинтересирано лице чии ствари се попишани би реагирал веднаш, бидејќи кога извршителот попишува предметите не ги продава веднаш, туку пак остава рок во кој може да се плати долгот. И, најчесто не ги зема веднаш, туку го чека рокот па и повеќе од тоа.
б. Ако си се заканувал, веднаш би добил кривична пријава за закани кон службено лице во вршење на службена должност.
в. Ниеден извршител не е толку глуп да изгуби лиценца поклонувајќи предмети. Има тука процедура пропишана со закон како се продаваат запленети предмети, а во која процедура во секој момент учествува и извршеникот (лицето-должник), сето тоа ме наведува да мислам, и во огромна мера да сум сигурен дека измислуваш приказни.
--- надополнето: 18 февруари 2012 во 22:41 ---
Не ме заебавај татко ми има за наплата 10000 евра од поранешната фирма каде што има работено што за стаж што од плати. Е сега татко ми е должен околу 1000 евра сметки ако успееше да си ги наплати тие 10000 евра кои што извршителот не можел да наплати дрн мрн фрн тој ќе си ги исплатеше тие сметки каде што е должен.
Кога ќе си ги наплати татко ми своите побарувања тогаш ќе си плати каде што е должен, а ако дојде извршител да наплаќа има крваво да си ги заработи тие пари :icon_lol:.
МММММММММММммммммммммммм мир во мене мир од мене :icon_lol: .
А дали татко ти има правосилна судска пресуда за тие побарувања?
Ако има, дали побарал од извршител да ги наплати? Дали можеби, ако е должникот во стечај, тие побарувања се пријавени како побарувања во стечајната постапка?
Е, ако дојде извршител, сигурно ќе праша дали должникот има побарувања и дали може да го докаже тоа? И, едноставно извршителот ќе земе дел од тие побарувања за наплата на долгот кој го има татко ти.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
А дали татко ти има правосилна судска пресуда за тие побарувања?
Ако има, дали побарал од извршител да ги наплати? Дали можеби, ако е должникот во стечај, тие побарувања се пријавени како побарувања во стечајната постапка?
Е, ако дојде извршител, сигурно ќе праша дали должникот има побарувања и дали може да го докаже тоа? И, едноставно извршителот ќе земе дел од тие побарувања за наплата на долгот кој го има татко ти.
Се има на документ, само стечајниот управник има уште некоја куќа за правење, фондот за пензиско не му ги признава придонесите иако при ликвидација има имот земено во вредност од тоа што се должи, фондот за здравствио исто така иако кога беше болен мораше приватно затоа што немаше сини картони и така натаму..
 
A

Advokatisce

Гостин
Струмикс браво за постот. Убаво објаснето и мило ми е што некој ја разбира ова проблематика.

А буцио значи татко ти нема правосилна и извршна исправа туку има одредени побарувања од фирма во стечај. Тоа се две различни постапки и не ги мешај.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom