Аха, европската комисиja во наредниот извештаj да не става никаква критика, та да станат работите и за да не се мени сликата на jaвноста.Пренагласувањето на некои слабости од страна на еврокомесарот Штефан Филе е планирана тактика како притисок за прашањето за името, но таа нема да даде резултат, а двете земји ќе бидат уште подалеку од решение, вели премиерот Никола Груевски во интервју за државната новинска агенција МИА.
- Ова се должи на новата тактика на одредени поединци или дел од меѓународната заедница во однос на притисокот на Македонија за решение за името. Тие веруваат дека ако јас и Владата прифатиме некоја од грчките варијанти за решение за името, тогаш се решава проблемот со името, поточно дека нашата поддршка ќе значи успешен референдум.
Тоа е голема грешка и како резултат на тоа грешно верување нивната тактика е да вршат притисок врз владата и врз мене како премиер, во правец дека не доволно правиме за реформите и со пренагласување на слабостите, да бидеме во непријатна ситуација. Тоа би требало да е наше девалвирање пред јавноста, на кое очекувањето е ние, како политичари, денеска нашата влада, но утре и секоја друга, да одговориме со прифаќање решение по секоја цена, за да не олабават од ваквиот вид критики.
Оваа тактика ни беше најавувана индиректно, а некогаш и директно, и не е важно кој ја смислил, дали поединци во Брисел, или подалеку, сепак, резултатите ги гледаме, таа се спроведува. Иако лично мислам дека тоа е тактика која ќе даде обратен ефект, со оглед дека веќе се спроведува, немам избор, освен да се справувам со неа.
По една година или две кога ќе се соочиме со фијаското од тактиката, двете земји ќе бидат многу подалеку од решение, отколку што се сега. Ова прашање не се решава со сила, особено не на ваков начин, кога целиот притисок се става на едната страна, а на другиот скоро и да нема притисок. Нашиот народ вели: „не можат по атот, па по самарот“ - вели Груевски.
Според премиерот, „ваков вид пренагласено истакнување на слабостите“ терба да се очекуваат од многу страни во динина.
- Разни меѓународни НВО, здруженија, институции, политичари, експерти ќе добијат поддршка и од некои медиуми веројатно. Методите се веќе познати и никој нема да се изненадува или како што вика Балашевиќ во една негова стара песна: „Принципот е ист, се останато се нијанси“. Целта е јасна: притисок за решение на спорот по секоја цена - изјави Груевски за МИА.
Нема да одоговорам на твоево мислење од едноставен разлог што очигледно за тебе зборовите „конструктивен дијалог“ не значат ништо. Понатамошното мое местење на пенали, за ти да ми учукуваш „јаки“ патриотски тези, на кои ќе ти стискаат „ми се допаѓа“ нема да го правам.
И сега логиката е од корен да ги градиме тие темели? Тоа е погрешен приод од секој можен аспект.Нонсенс. Како ќе го градиш кога нема поставено ни асални темели ? Темелите се градат во матичната држава, посебно во услови кога поголемиот дел од населението учело наметната нарачана историја токму со цел да се закопа што подлабоко тој идентитет кој ти планираш да го градиш во односите со другите држави и култури. Нема логика нели ?
Да не збориме па какво мислење имаат тие држави за тој наш идентитет кој ти мислиш да го градиш со нив.
Одма погрешен заклучок вадиш кој ти ја прави целата дискусија погрешна... Како тоа политиката што се води е крива а не тој што директно го негира идентитетот ?
Наводниот твој доказ со бројот на спомнати "Македонци" или "Македoнски" во извештаите e невалиден поради проста причина што е за очекување притисокот кој ЕУ го вршела отсекогаш да се зголемува и интензивира со интензивирањето на "одбраната" на македонскиот идентитет. Акција и Реакција ... нели ? Според тебе нашата акција е фалш, да беше фалш, немаше да има никакви реакции и провокации од ЕУ, повторно логична последица. Ако знаеш дека некој си копа сам гроб и игра како му свириш (т.е. ако одбраната на нашиот идентитет е "фалш") нема никаква причина да го буткаш до ѕид со некакви провокации, барања и навреди. Нели ?
ЕУ го прави спротивното, што значи дека нешто не и иде по план. И што прави кога нешто не и иде по план ? Покажување сила (Bullying). Што самото ти покажува со каков незрел, неетички па и недемократски фактор си имаш работа.
1. Двојниот политика е наметната од условот кој ни е зададен. МОРА да се преговара ако сакаш да го посетиш нивното клубче и да добиеш за возврат тазе штампани евра како награда каква монументална работа си извршил, сечење од корен на еден цел народ. Не ти оставаат друга опција. Од друга страна прекинување на преговорите е валидна опција и зависи од тоа какви предуслови се создадени за такво нешто.
Незнам како очекуваш да играме фер, без двојна политика, во една НЕФЕР ситуација, каква што се наоѓаме? Или ти мислиш дека барањето за промена на идентитет е фер ?
И ја би бил арогантен ако некој ми седи дома, ми наредува и ми дофрла " Еј ти!", без да го спомне моето име.
"Дебати" кои ја напаѓаат ЕУ ? Без разлика што мислиш под "Дебати", си видел ли што се дешава со таа ЕУ, во ЕУ, си ги видел ли нападите кои се случуваат деноноќно во самата таа ЕУ, во нивниот парламент, од нивни пратеници ? Што треба да има, лажење дека леб и млеко тече во ЕУ, кога очигледно не е така ?
Напаѓање на некого преку "дебати" е само одлична причина за нападнатиот да го демантира сето тоа и да излезе како nice guy. Тоа ЕУ не може да го направи бидејки има милион работи за кои е критикувана и заслужува да биде критикувана во ЕУ и надвор од ЕУ.
Каква врска има учеството во анти ЕУ и Нато активности на одредени членови, не се клонови сите, не се машини, нормално дека има дел што се против, ПРОБЛЕМ би било ако не би имало такви, ти текнува ?
Случајна појава на нво организации нема да ти коментирам, пошо ни ја немам и ни ти немаш никаков доказ за тоа.
Евроскептицизмот е последица на зголемениот евроскептицизам во самата ЕУ.
Пожелни новинари ? Млатење празна слама. Би можело да се погледне ситуацијата од другастрана, страна која не ти одговара, али пак би било само млатење празна слама.
Преименување на Аеродром и споменикот се само продолжување на градењето на тој идентитет кој планираш да го градиш и развиваш со соседите кои не го признаваат.
Погрешно време на изградба и именување ? Со оглед на тоа што споров трае и ќе трае долго, секое време би било погрешно време од твојата гледна точка. Ако погледнеш од друга страна и сфатиш дека тоа што бараат да го направиш нема никаква логика ниту каква било историски или правна подршка, ќе заклучиш дека не постои погрешно време на именување и изградба поради тоа што причинителот кој го наведуваш и кој ги прави овие акции погрешни е самиот погрешен.
2. Многу убаво ти е објаснето погоре. Втор цитат.
Да беше црно бел светов ти ќе беше во право, али пошо не е....
3. Логиката ти е фалична. Исто ко и 2.
4. Како тоа спомениците тебе те обезличиле. Дај стави ги сите карти на маса и кажи си што тоа ти мислиш дека си, и кажи си ги твоите историски докази за својот идентитет, па едни споменици на Македонски историски личности би те обезличиле ?
Како тоа илјадници насмеани луѓе на плотштад тебе те обезличиле ?
Иначе не е се перфектно, нормално, ДА, има премногу споменици на едно место. Од естетски причини не ми се свиѓа. Али како што те сфатив тебе, од сосема други побуди не ти се свиѓаат споменици на заслужни Македонци ?
Се сложувам дека надворешната политика треба да е далеку подобра, веројатно од сосема поинакви причини од твоите али ок.
Како медиумите не обезличуваат ?
5. Не курва. Наивен. Поради тоа што мислиш дека само со некоја додавка на името може да се постигне било каков напредок во тие преговори.
Иако и тоа е незамисливо, нефер и самото барање за такво нешто е надвор од здравиот разум.
Абе стисни му лајк на комуњаров над тебе и бркај работа во еуропејскија сојуз... или уште подобро дај му на овој нон теизам татарско државјанство и носи го... и за вас подобро плус 1 Блгарин, а и за нас подобро без него.Абе читам ви тука и се чудам, дали навистина верувате,дека критиките во извештаja са притисок?
Не знам един ден кога европската комисиja ке отвори постапка за тужба што ке мислите - воjна?
Ако ЕУ сакаше да врши притисок можеше спокоjно да ви сопре предпристапните фондови.
Што подобар притисок от от това да ви вратат визите?
И двајцата се ментално болни очигледно.Абе стисни му лајк на комуњаров над тебе и бркај работа во еуропејскија сојуз... или уште подобро дај му на овој нон теизам татарско државјанство и носи го... и за вас подобро плус 1 Блгарин, а и за нас подобро без него.
Извештајот од Брисел полн со грешки
![]()
Анализата на годинашниов извештај покажува дека прецизноста на Европската комисија е на стаклени нозе бидејќи од Македонија бара да донесе прописи кои постојат со години или пак да го усогласи своето право со европското онаму каде што тоа е веќе завршено
Бриселскиот извештај за напредокот на Македонија кој беше објавен во минатата недела е полн со грешки, а Европската комисија на сметка на нашата земја ставила забелешки дури и онаму каде што лесно може да се докаже дека не постојат. Ваков е заклучокот ако се направи анализа на 80-те страници што ги подготви Брисел за напредокот на Македонија. Еден од примерите со кои ова лесно се докажува може да се прочита во делот за заштита на интелектуалните права, каде што Брисел бара да се донесе документ кој постои веќе три години. Kомисијата ни пишува дека треба да се донесе Национална стратегија и акциски план за интелектуалната сопственост. Но ваков документ е донесен и се однесува на периодот 2009-2012 година. Во самиот документ, пак, може да се прочита дека подготовката на стратегијата е краткорочен приоритет за Македонија и услов од Партнерството за пристапување. Во стратегијата јасно пишува дека при подготовката на документот се имале предвид обврските што нашата држава ги презема со Спогодбата за стабилизација и асоцијација и оценките дадени во извештајот за напредокот на земјата.
Реформите ни ги бараат по вторпат
Прецизноста на Европската комисија е на стаклени нозе и во делот каде што се критикува полициската единица „Алфа“. Така, во делот за граѓанските и политичките права, како пример за однесувањето на „алфите“ се става и убиството на момче на собир по изборите (се мисли на убиството на Мартин Нешковски). „Продолжуваат наводите за деградирачко однесување од страна на посебната мобилна полициска единица ’Алфа’, која сега дејствува само во Скопје. Член на оваа единица е обвинет за убиство на млад човек за време на постизборниот собир во центарот на Скопје на 6 јуни. Ова ги зголеми повиците да се распушти единицата ’Алфа’“, стои во Извештајот. Игор Спасев, обвинетиот за убиството на Нешкоски е од специјалната полициска единица „Тигар“, а не од „Алфа“. Понатаму, грешки може да се прочитаат и во делот за економските и социјалните права, каде што се зборува за антидискриминаторската политика. Kомисијата забележува дека „универзитетските и учебниците за средно училиште ја третираат хомосексуалноста како болест“, иако во Македонија е познат само еден ваков случај: учебникот по педагогија за трета година. Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи треба да се заинтересира за какви учебници пишува Брисел, како и зошто никаде на страниците од извештајот не е наведено дека Министерството за образование и наука најави измени на спорниот учебник по барање од Kомисијата за антидискриминација.
Да донесеме документ што постои шест години!
Бриселската администрација во годинашниот извештај бара да го усогласиме законодавството со европското, дури и онаму каде што тоа веќе е сторено.
Така, во заклучокот на делот за јавните набавки стои дека законодавството за концесии и други јавни приватни партнерства допрва треба да се усогласи со законодавството на ЕУ. Но во предлог-законот за концесии и јавно-приватно партнерство, кој веќе е во собраниска процедура, може да се прочита дека причините за донесување нов закон се токму во насока на целосна усогласеност со барањата од Европската комисија. Брисел замижал и пред фактот дека законот е подготвен согласно укажувањата на консултантите на СИГМА, кои направиле детаљна анализа на постојниот закон и дале насоки и сугестии за подготовка на нов текст.
Во деветтото поглавје, во делот за финансиските услуги, пишува дека нема финансиска независност на Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување и покрај одделувањето на буџетот на оваа институција од оној на Министерството за финансии. Сепак, ова тело има своја посебна сметка уште од 2010 година, што значи дека е финансиски независно. Бриселските административци забележале дека не постојат и други документи, иако само со едно пребарување на интернет се покажува дека тоа не е точно. Во делот на социјалната политика и вработувањето стои дека „недостатокот координација меѓу релевантните органи с` уште го попречува финализирањето на стратегијата за понатамошен развој на безбедноста на здравјето при работа. Стратегијата за безбедност на здравјето при работа, заедно со акцискиот план за 2011-2012 година, се донесени уште во мај годинава. Слична грешка е направена и со заклучокот на Брисел дека не е потпишана Kонвенцијата на Советот на Европа за заштита на лица во однос на автоматска обработка на личните податоци, која е ратификувана во 2005 година!
Ивана КОСТОВСКА
Да, критиките во еден дел се и притисок.Абе читам ви тука и се чудам, дали навистина верувате,дека критиките во извештаja са притисок?
Не знам един ден кога европската комисиja ке отвори постапка за тужба што ке мислите - воjна?
Ако ЕУ сакаше да врши притисок можеше спокоjно да ви сопре предпристапните фондови.
Што подобар притисок от от това да ви вратат визите? Можам да се обзаложам, дека со ваков потек, ЕК може и да срине владата, но не го прави.Това не j е целта.