Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Фрчковски: Фуере е загрижен за неодржување на ТВ дуел

Претседателскиот кандидат од редовите на СДСМ Љубомир Фрчковски денеска оствари средба со евро претставникот Ерван Фуере, на која, како што рече, го запознал за ситуацијата во Македонија.

Фрчковски изјави дека средбата била информативна за запознавање на неговата програма за претстојните претседателски избори, и единствена порака од Фуере е одржување на фер и демократски избори, како и загриженоста за неорганизирањето на ТВ дуел.

Запрашан Фрчковски за вчерашната средба во Европскиот парламент и кои се пораките на евро дипломатите, тој со став дека пораките од дипломатите се јасни дека Македонија се наоѓа во само изолација.

“Пораките веќе се слични на сите евро дипломати и имаат ист став дека Македонија се наоѓа во само изолација. Македонија со неколку мерки мора да искочи од само изолацијата, а некој мора да ја сноси политичката одговорност за настанатата ситуација“, изјави Фрчковски.

Претседателскиот кандидат Фрчковски додаде дека името нема да биде главна тема на политичката кампања туку главна тема ќе биде сиромаштијата и внатрешното пропаѓање на Македонија од само изолацијата.

Извор netpress
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Фрчковски: Фуере е загрижен за неодржување на ТВ дуел

Претседателскиот кандидат од редовите на СДСМ Љубомир Фрчковски денеска оствари средба со евро претставникот Ерван Фуере, на која, како што рече, го запознал за ситуацијата во Македонија.

Фрчковски изјави дека средбата била информативна за запознавање на неговата програма за претстојните претседателски избори, и единствена порака од Фуере е одржување на фер и демократски избори, како и загриженоста за неорганизирањето на ТВ дуел.

Запрашан Фрчковски за вчерашната средба во Европскиот парламент и кои се пораките на евро дипломатите, тој со став дека пораките од дипломатите се јасни дека Македонија се наоѓа во само изолација.

“Пораките веќе се слични на сите евро дипломати и имаат ист став дека Македонија се наоѓа во само изолација. Македонија со неколку мерки мора да искочи од само изолацијата, а некој мора да ја сноси политичката одговорност за настанатата ситуација“, изјави Фрчковски.

Претседателскиот кандидат Фрчковски додаде дека името нема да биде главна тема на политичката кампања туку главна тема ќе биде сиромаштијата и внатрешното пропаѓање на Македонија од само изолацијата.

Извор netpress
:vozbud::vozbud::vozbud:
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
По очаен демант на ДПМНЕ не сум видел ни во времето на Љубчо :

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ изнесува невистини и манипулации

ВМРО-ДПМНЕ, денес изнесените обвинувања од страна на СДСМ ги оцени како целосно невистинити, шпекулации и манипулации.


“Во иднина, Социјадемократскиот сојуз не треба да се чуди кога поради ниското ниво на политичка култура, ароганцијата, вулгарностите, шпекулациите и грубите конструкции, никој не сака да зборува со нив“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Не знам зошто воопшто постои темава, кога се знае дека Ѓорѓи Иванов ќе победи!!! VMRO ALL THE WAY ! ! ! :eek:lee:


Туку едвај чекам да поминат изборите, и да почнат новите
апсења на разно разни партиски војничиња, полтрончиња, предавници и останати комунарчиња :vozbud::vozbud::vozbud:

Само овој пат нема да има никакви аболицирања/помилувања на СДС-овците. Овој пат ниту Б.Ц. ниту Фрле нема да може да ги спаси :nenene:

Толку од мене на оваа тема. :wink: Поздрав Македонци... :salut:
 
Член од
23 февруари 2009
Мислења
83
Поени од реакции
6
Хах.. Абе не се карајте луге.. Овде сме за муабет не се за тепање..:toe:

Според мое вака ке бидат изборите..

Ѓорѓи Иванов - 27%


Љубомир Фрчковски 18%


Имер Селмани - 17%

Љубе Бошковски - 25%

Нано Ружин 5%

Мируше Хоџа - 3%


Агрон Буџаку 5%
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Демант од Владата за изјавата на Ѓунер Исмаил

23 февруари,
Скопје
Во однос на наводите искажани од страна на Ѓунер Исмаил, шефот на изборниот штаб на претседателскиот кандидат, Фрчкоски, дека премиерот Груевски бил присутен на Аеродромот на дочекот на делегацијата на Хунзите, би сакале остро да ја демантираме оваа дезинформација и да упатиме апел до нив да не се служат со лаги и невистини.
Премиерот со горенаведената делегација оствари единствено куса средба во просториите на Владата. Најдлабоко ги замолуваме да престанат еднаш засекогаш да се служат со невистини, лаги и измислици.


СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ ИВАНОВ СО ЕВРОАМБАСАДОРОТ ФУЕРЕ


Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска имаше средба со евроамбасадорот Ерван Фуере.
- Имавме многу конструктивен разговор со амбасадорот Фуере. Зборувавме за сите претстојни активности, за кампањата... Беше укажано дека е потребно да покажеме позитивна идеја и оти треба овие активности со личниот пример да укажат на вредностите кон кои се стремиме, рече Иванов. Тој додаде дека Фуере се интересирал за неговата програма, за нејзиниот концепт и како за дваесет дена кампања ќе се организира посета на сите места во Македонија, како и за неговиот личен стил на претставување.


Одговорајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на неговиот противкандидат од СДСМ Љубомир Фрчковски, Иванов изјави оти тој е кандидат на владејачката партија, но оти никогаш не бил партиски член за да биде партиски послушник. - Треба да внимаваат што изјавуваат. Кога некој излегува во јавност треба да ја знае одговорноста за искажаниот збор. Доста се служевме со кафански муабети во македонската политика. Секој кој сака да биде сериозен кандидат мора да има одговорен однос кој јавноста и да знае дека сноси последици кон тоа што го искажал, рече тој.
Запрашан дали ќе има дуел, Иванов рече дека тој му одговорил на Фрчковски оти дуел ќе има кога тој јавно ќе се извини за сите лаги што ги кажал, за сето она што тој го правел а го обвинува него. - Тој веќе една деценија е опседнат со антиката, а ме обвинува мене за сите антички симболи. Таму каде што бил министер внесе и антички симболи и антика, дури и лично го пречека Хунзите во Македонија и им држеше здравица на нивната вечера и сега ме обвинува мене за тоа, рече Иванов.
Јавно кажувам, вели тој, дека Хунзите се проект на Фрчковски со Ралев, почнат пред многу години и тој помогна да се организира сето она поврзано со Хунзите. - Сега слушам обвинувања за мене дека јас сум бил во тоа. Прашајте го за неговиот удел во антиквизацијата на сите министерства каде што бил министер, во неговата опседнатост со антиката и за Хунзите. Треба да прекинат тие што него го кандидираат на прес-конференции да ја прикрива неговата активност за она што сега ме обвинува и Владата и мене, рече Иванов.


МИА
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Чекаме сега во секој момент да се јават фрчковистите со монтажни постови на темава за тоа како Фрчко ги донел Хунзите во Македонија, и на тој начин да добијан некој микрономски изборен поен и диплома на куртонизам :tv:
 
Член од
3 февруари 2009
Мислења
13
Поени од реакции
0
Неколку пати досега го доби одгоровот на ова прашање, не знам што ти е проблемот...
Очигледно е дека не сакате да признете ......
или да ви преведам НЕ Е ДОСТОЕН ЗА ТВ ДУЕЛ ......
Иванов ги следи чекорите од Гуевски и не се појавува на ТВ дуели.
Еден МекКејн кандидат за претседател на САД иако беше свесен дека ќе изгуби од Обама излезе на ТВ дуел. А ТВ дуелот е еден начин од демократското соочување на кандидатите во сите европски и светски, економско јаки држави. Па нели вие сакате Македонија да влези во ЕУ, ако е така следете ги трендовите и чекорите на ЕУ, т.е излезете на очи во очи со противникот и докажете со факти и докази дека сте подобри, дека не лажете итн. Ајде бре еднаш бидете мажи и соочете се со реалниот свет а не да живеете во виртуелен кој самите си го правите.
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
...
Иванов изјави оти тој е кандидат на владејачката партија, но оти никогаш не бил партиски член за да биде партиски послушник.
...
(за да не го цитирам цел текст, заради заштеда на простор)

Тука веројатно не ја смета трката за освојување на претседателското место на југословенската комунистичка младина, која на гласање ја изгубил од Бранко Азески.

Како ли само можел да учествува ако не бил партиски член.
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
(за да не го цитирам цел текст, заради заштеда на простор)

Тука веројатно не ја смета трката за освојување на претседателското место на југословенската комунистичка младина, која на гласање ја изгубил од Бранко Азески.

Како ли само можел да учествува ако не бил партиски член.


Се мисли на тоа дека не бил член на ВМРО-ДПМНЕ и како таков мисли дека заслужува епитет на непартиска личност ,а не дали некогаш бил член на некоја партија.:smir:
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
ИСМАИЛ: "ИВАНОВ БЕГА ОД ДЕМОКРАТСКИОТ СТАНДАРД - ТВ ДУЕЛ"

Претседателската кандидатура и воопшто желбата да се биде државник не може да се градат врз основа на персонални односи, реагираше денеска Ѓунер Исмаил, шеф на Изборниот штаб на претседателскиот кандидат на СДСМ, по изјавата на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов. Тој информира дека во СДСМ ги следат, како што рече, очајничките обиди на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат да го одбегнат ТВ-дуелот како основен демократски стандард во сите демократии и посочи дека не му е јасно за што Иванов денеска го обвини Фрчковски. - Во исчекување сме на нивниот конечен список на желби кои би им ги исполниле. Би им препуштиле да одберат време, место, новинар и медиум за ТВ-дуел... Колку што се сеќавам на скопскиот аеродром Хунзите ги дочека лично премиерот Груевски, изјави Ѓунер Исмаил. Според него, проектот за спречување на Македонија за влез во НАТО и во ЕУ очигледно има подалечна заднина која, како што нагласи, претседателскиот кандидат Иванов не ја знае или не го запознале.
 
Член од
23 февруари 2009
Мислења
83
Поени од реакции
6
А значи ако бегааа.. Се плашии.. Хахаха

Фрчко јак е за ТВ дуел.. пцуе ко ненормален..:pos2:

Бошковски И селмани треба во вториот круг да одат.. то ни е спасо од АРАМИТЕ!!
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
ФРЧКО БЕГА ОД ДУЕЛ??

Љубомир Данаилов Фрчкоски, претседателскиот кандидат на СДСМ и на НСДП, нема посебна желба да дебатира со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ
 

Svetovid

Триглав
Член од
26 февруари 2006
Мислења
868
Поени од реакции
44
ИСМАИЛ: "ИВАНОВ БЕГА ОД ДЕМОКРАТСКИОТ СТАНДАРД - ТВ ДУЕЛ"
Кој бега од дуел со она гремлинчено фрчле бе? Проблемот е шо фрчле се однесува како некое аздисано маалско дерле па само лае ли лае за се’ и секого. Е сае, кај мене у маало таквите говнијадни гремлинчиња јадеа ќутек ко мачки, оти нели, ако му просереш на појак, ќе го јадеш бе брат, тоа е закон у маало. А од фрле, тешко да се најде помалумажест! :toe: Но, ова нејако главато дерле чувствувајќи се безбедно од таа страна (оти нели, не го личи Професорот Иванов како врвен интелектуалец да тепа нејаки полумажиња), па си ги вади комплексите клетото за сите оние години шо кркал заушки у маало, само заради тоа како изгледа. Секој нормален човек да му се занесува некакво полумаже главато како фрчле ќе му ја влепи една и, КРАЈ НА “ДИСКУСИЈАТА“! Ја еве прифаќам да искочам на дуел со фрле, ама по “маалски правила“! Ако просере нешо ќе го јаде калапот:zlo: Ај па да видиме кој сега нема муда?!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom