дел од текст од вечер 6.8.2007 со наслов ``љубе го спаси бучко од притвор``
На 1 август Комисија за имунитет на Собранието заседава. Партениците на СДСМ прават инциденти, ја уриваат седницата потоа забележувајќи дека таа се одвивала во ненормална атмосфера и дека всушност и немала завршница и одлука. А одлуката со шест гласа за од девет присутни е дека имунитетот на пратеникот Бучковски му се одзема.
Утредента, на 2 август Бучковски го организира партискиот активист
Тони Чинго, од Охрид, да обезбеди соработка со Драган Гоџо, асистент
на на адвокатот на Љубе Бошковски во корист на Бучковски. Чинго
утредента носи и два автобуси со протестанти пред судот, а Гоџо дава изјава дека без сведочењето на Бучковски, Љубе нема шанси. Гоџо знае дека со откривањето на идентитетот - сведок и истражната постапка, Владо Бучковски најверојатно нема веќе да може да сведочи за Бошковски но му помага во јавниот циркус на Бучковски.
Мотивите засега се тајна.
На трети август во 9 часот Бучковски се појавува пред истражната судијка. Според неговата лична, јавна изјава тој веднаш се откажал од пратеничкиот имунитет. За што тогаш протестираа пратениците на СДСМ пред судот?! Веќе тука се насанкани како мали деца затоа што го штитеа имунитетот на Бучковски од кој тој сам се откажал!
По осум часа распит истражната судика Јованова бара еден час за да се донесе и напише одлуката. Пратениците на СДСМ пред собранието до Бучковски и неговиот бранител дознаваат дека ќе има мерка куќен притвор! Задоволни се.
Но, нема таква мерка. Судијката Јовановска го ослободува Бучковски од веќе изречена мерка притвор, како првоосомничен а во притвор остануваат второосомничениот Стамболиски и четврто осомничениот директор на МЗТ.
Како дојде до оваков расплет, до серија политички скандали на СДСМ кој досега бил имун на тоа, до пресврт во судскиот став и до судскиот преседан првоосомничен да се брани од слобода, а останатите да лежат во притвор!
Сосема основано е дека е направен пазар помеѓу тројката: Љубе Бошковски, судијката Катица Јовановска, која беше во неговиот кабинет кога Бошковски беше министер за внатреши работи, и Владо Бучковски кој нуди дил, и ветува дека ќе даде изјава во Хаг каква што му треба на Бошковски ако Љубе лично, и преку семејството издејствува судијката Јовановска, неговата поранешна колешка, да го повлече притворот!
Во последните пет-шест дена постојат десетина телефонски разговори на релација помеѓу Љубе Бошковски, Владо Бучковски, судијката Катица Јовановска и сопругата на Бошковски на оваа тема