Pa kako ne se, mozit Sitel malku da eporealen ama ovie drugine se pupupu
Апсолутно се согласуваме со стопроцентно мнозинство дека Сител е најреален :back:
Медиумите на висина на својата должност при известување за изборната кампања
Медиумите во досегашниот тек на кампањата како никогаш досега се придржуваат на правилата при известување за изборната кампања. Ова е заклучокот на Советот за радиодифузија што денеска го произнесе претседателот на ова тело, Зоран Стефаноски.
Тој додаде дека Советот е генерално задоволен од медиумите кои се на висина на својата должност, со одредени исклучоци каде, како што рече, постојат банални грешки за кои Советот за радиодифузија се надева ќе бидат поправени до крајот на изборната кампања.
Во таа насока
беа посочени телевизија “Сител“ против која советот донел одлука да покрене прекршочна постапка поради неизбалансирано покривање на претседателските кандидати и на кандидатите за локалните избори, како и за субјективниот пристап во известувањето за редовните активности на Владата. Против телевизија “Наша ТВ“ пак Советот ќе покрене прекршочна постапка поради непочитување на правилата за емитување платено политичко рекламирање.
Од Советот укажување за неизбалансирано покривање на изборната кампања и до телевизиите “Телма“, “Алфа“, првиот сервис на Македонското радио, радио програмата на албански јазик на Каналот на етничките заедници, МТВ 1 и МТВ 2 – програма на албански јазик.
Телевизиите “Алсат М“ и “Канал 5“ релативно избалансирано ја покриваат изборната кампања во овој период.
“За учество на малолетници во платено политичко рекламирање на кандидатот за градоначалник Фијат Цаноски, Советот донесе одлука да упати укажување до А1 телевизија. Поради емитување на спотот за кандидатот за претседaтел од СДСМ, Љубомир Фрчковски, нарачан од ВМРО-ДПМНЕ, што содржи вулгарен говор, Советот укажал на сите радиодифузери дека спотови со ваква содржина може да се емитуваат во периодот од 21 до 05 часот, согалсно Правилникот за заштита на малолетната публика од програми што можат штетно да влијаат врз нејзиниот развој“, напомена Стефaноски.
Автор на веста
: Нетпрес
Објавена на 16.03.2009 13:11:14
линк