По завршувањето на ТВ Дуелот меѓу претседателските кандидати , моите импресии ОД ЕМИСИЈАТА се следниве:
Група на солидни политичари , добро резонираат и не се залетуваат: Мируше Хоџа , Ѓорѓи Иванов и Агрон Буџаку
Група на деструктивни политичари кои се обидуваат да провоцираат и ги наместат останатите кандидати: Фрчковски и Бошковски (значи најлош кандидат дефинитивно)
“Вртивера“ совесен политичар : Нано Ружин (кој се извади со последната порака ...иначе слаб беше по другите теми)
Разочаран сум од: Имер Селмани ,повеќе очекував од него - но ја заеба работата кога почна да ја критикува владата неаргументирано и надвор од контекст на прашањата.
Позитивно изненаден од: Агрон Буџаку - ГО ЗАКОПА фрчковски на неколкупати ,го напика вкјош со своите реплики на кои самобендисаниот арогантен “интелектуалец“ (гревота е вака да го викаме ама ај..) немаше одговор! Секоја му чест !
Иванов - мошне стабилен и смирен политичар се гледа дека има самоконтрола и дека несака да возвраќа на ниски удари.Достоинствено се презентираше! Меѓутоа ми изгледа како не-толку харизматичен лидер кој ќе успее да стекне многу “љубов„ на меѓународната сцена !
Фрчко - се обиде трипати да го намести Иванов , ама не успеа...слаб многу слаб..
Можеби може да опали со своите “мафтарања“ со рацете ама тоа ќе биде кај многу мал процент од населението , сепак неговото минато му е лоша препорака!
****************************************************
овие се моите импресии од дуелов кој заврши пред 15-тина минути , атмосферата се одвиваше како што предвидев....па мојот генерален заклучок е дека МАКЕДОНИЈА НЕМА АСОЛЕН ПРЕТЕНДЕНТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА , т.е. според моите критериуми нема доволно харизматичен лидер за оваа позиција ....така да изборот на 22 ќе ми биде многу тежок...дали да го правам ливчето неважечко или да му дадам глас + на некој од овие кандидати!