Избори 2008 - последен ден пред изборниот молк

Статус
Затворена за нови мислења.

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Од причина што:

- неконтролирано (во смисла без никаков ред, за се и сешто, а не во смисол на друга контрола) се отвараат теми кои се однесуваат на претстојните предвремени парламентарни избори,
- a во сите теми се бега од темата и се претвораат во едни исти партиски препукувања и со тоа се губи квалитетот на дискусиите...

...од денес за се што е поврзано со предизборните и изборните случувања и настани се постира и дискутира во оваа тема.

Слободно постирајте ги и коментирајте ги случувањата, бранете ги или напаѓајте ги политичките опции, но правете го тоа аргументирано. Апелирам да дискутирате без навреди и без офтопици, затоа што ќе има банови од тема и од форумов.

Бујрум, избори 2008!
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.199
Поени од реакции
34.433
Значи, за да не е бришат постови, на темава се бараат:
ДИСКУСИИ, а не партиски ПОСТОВИ СОСТАВЕНИ ОД ЕДНА РЕЧЕНИЦА како: "вмро закон" или "рада закон".
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Постови составени од просто-проширени реченици (подмет и прирок) исто така нема да се толерираат. Напнете ги малку мозочните вијуги. И спамирање, со 10 постови во минута.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
А тебе бе аноиномус што ти текна да се заангажираш?
Мама тато работат во администрација?
хм?
Не бе Никола не работат во администрација но ме иритираат такви кои отвараат по сто јузери во минута мислејќи дека ако цело време го трубат едно те исто дека сите ние ќе гласаме за нив. Значи според истите тие нема демократија има едноумие. Мразам кога некој ми збори за нешто шо нема појма. И мислам дека имам право да си ги изразам моите ставови во врска со многу прашања, а ако некому му сметаат моите мислења слободно нека ме игнорира.
Благодарам
 
N

n/a

Гостин
Една кратка анализа од мене:
СДСМ се канцер на македонското општество.Таму членуваат луѓето кои што ја изведоа најголемата кражба во Р.Македонија а имено:
- `законската` приватизација на државниот имот на стартот на 90-тите.
-Тоа се е оние силни политичари кои што ја прифатија и ни ја наметнаа привремената референца од која што уште не може да се отарасиме.
-Тоа се истите тие кои што ги криеја акционерските книги од акционерите па на пиши-бриши после тоа станаа големостопанственици.Или ги принудуваа вработените да им ги продадат на директорите своите акции-неретко и за продукти и по апсолутно дампинг цени.
-тоа се луѓето кој го смислија ТАТ.
-тоа се луѓето кои што во време на кризата во 2001-ва мислеа на власт и ги тужеа своите на судот во Хаг.
-тоа се истите тие кои што денеска се спремни да го `спазарат` името и да не остават такви безлични како пример за прв безличен народ во светот.
Башка од се ова,се и пример за дрски и инфантилно самобендисани `политичари.Неспособни пред се.
Никогаш нема да гласам за нив.
ВМРО
Вмровците се другата криминална група од серијалот Баритонови.
Имаат интересни идеи кои што никогаш и никако не можат да ги завршат. Лажат за вработувања и за позитивна бизнис клима во Македонија,а на дело уствари ама баш (ај да не кажам ништо) него сосем минорни и безполезни се промените.
Реално има сто нови вработувања во Македонија во рамките на овие две години,и тоа во Свидмилк и во Џонсон контрол.
Се друго...е во сферата на имагинацијата.
Или во рамките на државната администрација.

Позитивна бизнис клима ќе има кога реално ќе ги намалат давачките кон државата до максимални 35% од бруто платата,кога ќе го девалвираат денарот до 1еу=85ден и ќе го отворат пазарот.Тогаш...и странскиот капитал (кој што иначе како цело е од минорна важност-ќе објаснам подоле зошто) ќе почне реално да влегува во државава.Сега на сега-за нив е скапо да имаат реални вработувања во државава,баш заради давачките,а не се научени како 70% од луѓето во државава да пријавуваат плата на 10.000 ден и да работат на црно.Прагот на кредитирање на населението во Македонија е исто така мал во споредба со останатите држави во регионов,и посебно жално е што заостануваме во инвестициските програми,т.е зимаме во глобал потрошувачки кредити,а тоа пред се е резултат на пријавувањето на ниски доходи на населението(со цел избегнување на катастрофално високите дажбини кон државата)-а тие пак се такви затоа што со тие пари се рани цел булук непотребна државна администрација и сите партиски штабови кои што ко печурки никнуваат на секој ќош.
Кога во новонастанатите услови на светските берзи ќе се откажат од барем пола од висината на акцизите за деривати на нафтата,пошто цените се скокнати за 4 пати а распределбата на колачот акциза-бензин е останат ист.Сакам да кажам дека државата зима мин. 4 пати повеќе пари од народот на сметка на акцизи од пред 3-4 год.
Се у сему...позитивна нула е `бизнис климата` во Македонија.
Грујо и компанија играат на варијанта сакам правам-незнам како у.п.м.
И јас и другарите да се собереме можеби ќе сакаме да правиме авион.И ќе си се собереме ние,ќе си го коваме...за година две ќе искочи нешто што личи на авион.Ама тешко дека ќе лета.
Јок...Мохе...дури ни јас самиот не би се качил на пробен лет на нашиот `авион`.
Е така и Грујо и другарчиња со државата.
И они сакаат...ама незнаат како.

За кој да гласаме?
Па јас ќе гласам контра сдсм за ВМРО.
Знам дека е погрешно...
знам дека на наредните ќе треба да гласам контра ВМРО...
али се се надевам дека до тогаш ќе има и некои трети...
реално силни и различни од веќе посочените два табора на Баритонови.
Нека ни е со среќа. :toe::tapp:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
За жал, јас немам луксуз да гласам за некого, а контра друг.

А штета за мракот кој не чека бе зоглед кој и да дојде на власт. 4 години заборав за МК, освен ако навистина не им припука филм на странците, та насила не интегрираат, се разбира после официјализирањето на срамниот потпис ставен на договорот за негација на идентитетот и името.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Бучковски: Ако опозицијата загуби, Македонија треба да се подготви за федерализација

Господине Бучковски:

1. 150.000 Албанци од Косово со македонски пасош.
Јас денеска кога слушам изјави од Албанци пола од нив се обраќаат на лош србски.
Проблемите знаете географски каде се ?
Тетово, каде се населија тие од Косово.
Гостивар и Дебар каде нема многу дојденци има вистински соживот.
2. Во Струга зошто не ве сакаат ?
Сте биле денеска во Струга ?
Струга е истиот модел како Тетово, Гостивар, Дебар, Скопје.
Скопје имаше 17% Албанци и за да го направите двојазично приклучивте села во радиус од 60км.
3. Кој коалицираше со убиците на Македонците ?
Алија Ахмети ќе ми се заканува мене со федерализација ?
Па тој и вие бевте главните менаџери на кризата 2001.
Вие авионите и хелихоптерите во Раштак ги пуштавте без боева муниција, а наши резервисти беа во заседа во една од најголемите битки на Балканот со мухаџедините.
4. Мендух Тачи може да го нерекувате како сакате, но тој не УБИЛ Македонец.

5. точка ја посветувам само за Вас.
Зарем имате образ уште со политика да се бавите Бучковски?
Па вие сте примерот како не треба да се работи во политиката, па вие и сличните на вас го рушат рејтингот на СДСМ кој очигледно нема капацитет да понуди нешто ново.
Па вие ја онадувавте вашата секретарка и и направивте дете, а со децата од вашата прва жена снимавте политички спотови.
Кој кредибилитет го имате за да вие ни кажувате како треба.
Како и е на вашата жена која за да може да се бавите со политика, го одржуваше домот, децата, ги превзема сите обврски врз себе?
Како и вративте ?
Така и на Македонскиот народ ќе му вратите.
Додека му искажувате љубов, на страна се онадувате со Алија Ахмети.

Македонија денеска е на избори и како што 1990 година не се случи ништо апокалитично(СДСМ и тогаш не плашеше со војни) така и 2008 ќе се избира помеѓу 2 концепта.
Концепт со идеја и концепт без идеја.

Предлагам ВМРО-ДПМНЕ да ве стави на платен список вас и таквите како вас зошто колку и да фрла пари на кампањи вие сте најдобрата кампања за нив.

Ми се гади од вас и вашиот начин на обраќање према мојот народ Македонски. Никој не смее повеќе така да му се обраќа на овој народ.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Зборот Федерализација од бивш премирер на Р.Македонија не смее и неможе да биде третирана како изборие.

Разбирам дека модерирањето носи и грешки, оваа ви е една од тие грешки.
 
N

n/a

Гостин
Зборот Федерализација од бивш премирер на Р.Македонија не смее и неможе да биде третирана како изборие.

Разбирам дека модерирањето носи и грешки, оваа ви е една од тие грешки.
Народот во Македонија....
онака булукосан и поделен на овци од два табора...
избира такви овци како Бучковски,Костов,Ѓеорѓиевски...
за премиери.

Онаква дебилна листа на пратеници каква што понудиле и едните и другите може да помине само во Македонија.(зборам за сегашниве избори)
Нема теоретски шанси...ма јок бе Мохе...како :nenene:
таква листа да помине и за општински одбор на советници во нормална држава.
А тоа е...многу жално.
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Целата работа е жална. Луѓето кои ќе ја водат државава се некомпетентни за тоа. Треба да се најдат кадарни луѓе за оваа земја.

Мислам дека СДСМ го претераа овој пат. Во НАТО за 6 месеци?

Сигурно, ама ќе се викаме СДСМакедонија или бетер.

А ВМРО?

Тие којзнае шо ќе направат.

Ај да видиме што ќе се случува во следните неколку месеци.
 
Член од
13 мај 2008
Мислења
96
Поени од реакции
2
pcjodamaster јас мислам дека не си во право за тоа што го зборуваш!

сдс претерува од пред 10 години, но дури сега на сите им стана јасно што ветуваат и што после тоа исполнуваат.

А за ВМРО не си во право!

ВМРО во рок од 1на година ги исполна повекето ветувања што ги даде.Воведе реформи во секое поле од општеството, реформи кои мислам дека сите ги имаме осетено како народ на Република Македонија.
И покрај се, Никола Груевски ја исполна желбата на опозицијата, и го распушти собранието, повторно одлуката ја врати на нас, граганите!
Мислам дека треба да размислиш за кого вреди да гласаш!
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Има ли офицјална страна за кандидати и тоа колку избирачи има во секоја изборна единица?
 
Член од
13 мај 2008
Мислења
96
Поени од реакции
2
мислам дека е уште рано за страната...ако случајно најдам ке ти пишам
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
Би сакал да се издикутира тука дел од обраќањето на Радмила Шекеринска на митинг во Нерези мислам беше каде собра сили или беше да речам испровоцирана да даде одговор како коалицијата ``сонце`` ке ја внеси македонија во нато и еу.

(парафразирам) `` еве како ,додека јас ( рада) одев во брисел и се вракјав назад со добие кандидатски статус без промена на име, груевски отиде во букурешт во рака со сменето име а не доби покана за нато``

колку што јас знам , а можеби и не знам , затоа сакам да се продискутира , кандидатскиот статус е под референце фиром, значи ниту добила македонија кандидатски стаус под уставно име ниту рада го заштитила уставното име.
во врска со самитот во букурешт би сакал конкретно да чујам ваши мислења што тоа македонија не направи во однос на исполнување на обврските кои доведуваат до покана за членство???? зошто коалицијата ``сонце`` бега од референдум по тоа прашање???
 

CurvaSud_Milan

rossoner4life
Член од
21 март 2008
Мислења
622
Поени од реакции
4
Има ли офицјална страна за кандидати и тоа колку избирачи има во секоја изборна единица?
Еве ти, тука имаш све. И резултати од претходни избори, и вкупен број на гласачи по изборни единици и листи со кандидатите. Поздрав

http://a1.com.mk/izbori2008/edinica.asp?id=16
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom